Мајки искуство со сирупот сумамед дали е добар за што се користи..Ни го дадоа вчера а не му проверија ниту крв ништо само др рече црвено грло и му го препиша сирупот
Прилично јак антибиотик е, не се дава редовно баш за црвено грло..нас за пневмонија ни го препишаа со напомена само 5 дена и еднаш дневно се дава. Без кс како знае докторот што може да му е на детето, се чудам искрено
Нас матичната често ни го даваше на лепи очи па затоа и ја откажавме отидовме кај др матичен. Антибиотик доста јак! Но на синко почна да не му делува од често користење.
Ќерка ми се жалела на болка во гениталии.Мм ја однел на др и направиле крвна слика како што кажа леукоцити 3+, а во урина немала бактерија.Др смета дека е инфекција на долните уринарни патишта и и дала наместо антибиотик , пробиотик по едно бонбонче на ден. Дали имате лечено уринарна инфекција со пробиотик?
Пробиотикот е повеќе за стомачни проблеми, не за уринарни. Иначе добра е брусницата, сушена има секаде, да ја јаде, и да пие чајче исто од брусница, повеќе течности и би требало да биде ок. Ако продолжи да се жали, нека ја носи на специјалист.
Здраво дали отидовте на лекар, и кај мене малата исто така еве скоро цела недела викав ај ќе помине но морам да ја носам на лекар страв ми е , што ви рекоа на лекар?
Здраво дали отидовте на лекар, и кај мене малата исто така еве скоро цела недела викав ај ќе помине но морам да ја носам на лекар страв ми е , што ви рекоа на лекар?
@momomo со пробиотик го решивме проблемот.. Јас ја носев и на ехо и на хирургија и специјалист ја гледаше немаше ништо.. Таа ниту какаше и дадоа прашок за какање и беше подобра и подолг период пробиотик
Ако има некој буден, да ми одговори. На гости сме со преспивање...малата ми крена тт, но во местово дежурна аптека нема. Колку можам да и дадам Далерон таблетка, ако некој знае? (3год. и 6 месеци- 15 кг)
Што можам да дадам за сува кашлица? 2 години е Вчера дури поврати од напон А мислМ му се слева од носето па го дави дополнително, но сеуште кашла суво.
За смирување на кашлицата. Така пишува и во упатството. Едит Spoiler Сирупот содржи слузни материи кои ја обложуваат слузокожата на дишните патишта, формирајќи тенок слој кој штити од надразнувања и ја смирува кашлицата. Сирупот е ефикасен за смирување на кашлицата и кај децата и кај возрасните. Сирупот од бел слез традиционално се употребува за смирување на кашлицата при состојби на дразба и воспаление на слузницата на устата, грлото и горните дишни патишта. Тој се препорачува и како дополнителна терапија за болести и на дишните патишта кои се манифестираат со сува, надразнувачка и непродуктивна кашлица.
Јас за сува кашлица варам сируп од кромид, ем ја разводнува истата ем ги вади шлајмовите. Пробај ништо не губиш. Една глава кромид добро измиена стави ја со лушпа, една лажица ленено семе ( ако немаш дома, не мора) вода колку да се залее. Кога течноста ќе биде на половина од тоа што имаш ставено на почетокот ќе го тргнеш од оган, ќе го испасираш добро кромидот да ја пушти сета течност и ќе го прецадиш. Ќе додадиш лажиче мед да биде вкусно, може и лимон.
Мајки дали е нормално детето на две години да се лигави?Да речам дека е константно сега незнам како има период кога е многу застапено има краток период кога е многу малку.Он имаше мака со забите осум одеднаш му излегуваа и се се тешев дека е од тоа.Двете горни четворки заглавија на пола не се скроз излезени и тоа е така неколку месеци.Има ли простор на грижа?Да се обратам кај матичниот или кај сосема др доктор ?
Нормално е, додека вади заби ќе трае тој процес. Мислам дека немаш причина за грижа. За четворките, како мислиш, заглавени се на пола, не се излезени или што? А петките?
Петки немаме ни во најава.Четворките горни кога ги споредувам со долните се половина излезени не се до крај незз дали е возможно така.А па немаме маки на пр неспиење навечер.Сега заприметувам рацете ги става во уста ама дали го боли или си се глупира незнам.