Тогаш од инат ќе сакаат да носат и чизми . Пробајте и вие ставете капа мама, ние преку лето само така успевавме.
Можи ако носиме ние и тој ќе сака и ќе гледа, нараквици ставив некако синко нема овие вадење, одеше како робот рацете раширени не знај шо да му прај, се изнервира и почна да ги вади, се надевам ко ќе е многу ладно ќе му студи па сам ќе бара.
Мајки помагајте,гледам се коментира за капи и ракавици со тоа немаме проблем,но ќерка ми стана опседната со едни тренерки со Бамби срна и една блуза,никако не прифаќа да и се облече друго,дури и за спиење е со истите,пробав навечер да ги сменам после 3 дена ми се будеше да види дека ги носи,ај за тренерки ќе најдам исти повеќе парови но блуза не,дали е само период ,ќе помине или да ја оставам да плаче па да се навикне да носи и друго.Ова наеднаш и текна еве веќе месец време е исто.Тоа кога имаш ќерка сакаш да ја дотеруваш,а не сака ни облека ниту пак нешто на глава,и кога некој од страна ќе те праша зошто не и ставаш стеги или шнолки 23 месеци е.
Мислам дека е период, моето е мало и нема уште вакви испади, ама имам блиски што минале низ ваква фаза. Ќе помине, пак ќе се дотерувате . А за шнолите, ни јас не сум сакала, еве и ден денес нејќам тракатанци и накит. Just saying Туку дајте идеја за поклон за Нова година/Божиќ, за година ипол дете што сака сѐ што вклучува движење и активност. За сортер, слагалици, коцки и такви ствари немаме нерви. Сака и книги ама па еден куп има. Моментално сум на два ума дали да земам трицикл или scoot and ride, што ум ќе ми дадете?
Мамс, предлог, совет за хидратантна крема за лице на едногодишно дете? До сега немам ништо ставано на лицето, освен Uriage baby cold крема кога излегувавме лани зимо. Сега и стануваат суви обравчињата и црвени
Јас користам Биодерма крема за лице, ама исто почнаа многу да и пукаат образите од ладно дури црвени и станаа, како изгребани и пријатно се изненадив од оваа крема, за еден ден се осети разлика. https://zegin.com.mk/mk/becutan-sensitive-sos-krem-za-chuvstvitelna-bebeshka-kozha-75-ml
Трицикл не, многу е статичен исто како количка. Колку шо се сеќавам и вие на иста мака бевте со седењето в количка ко нас. Трициклот го сака за да го турка, 5 пати дали има седено во него да се вози. Подобро scoot and ride.
Ние едно време количката ја туркавме, пред да ја пензионираме. Леле да не можеш да се прошеташ подалеку од пред зграда, што дете ќе беше . Вие најдовте чаре?
Немаме уште. Некогаш лино смоки знаат да пројдат колку 20тина минути, евентуално да му е време за дремка, тогаш не прави проблем за седење. Инаку туркаме празна количка. Ај барем зимава ни се наоѓа за јакните да ги оставиме на неа.
На Веледа е многу убава кремата за заштита од ладно и ветер. Скоро и на акција ја гледав во Зегин мислам
Мајки малава во фаза на проодување но и лази и кога е пред спиење неколку пати јс чука главата во ламинат. До 1 годинка воопшто немаше паднато а сега во рок од 10 дена 2 џумки на чело... Душава ме боли, дајте некој совет што да ја мачкам бидејќи навистина се плашам сепак глава е во прашање.
@Autumn Love а вакво нешто? Во лотус ми излезе сега, ако имате доволно место, мислам дека полн погодок е за активност дома.
Не , не е со атопична кожа, ама нежна, сува, бела, и скоро прозирна кожа има, па најдобро и одговараше Биодерма ама еве зимава не и помага. За Бекутанов имаше промоција во Зегин , на оваа нова колекција па земав и навистина добро се покажа. Имаат уште една крема со рибино масло за оштетена кожа, ама таа некако интензивно мориса.
И овде да прашам по активна е темава. Ги има овие приказни некој? Се мислам дали да ги нарачам или не, дали се соодветни за деца од 2 години?
Хаха јас од година не сум го седнала во количка , не сум ни пробала а знам дека нема ни да седи 5мин така да џабе ќе се малтретираме ама затоа и рацете ми паѓаат
Топ идеја, ама ова само у ходник можам да го ставам и таман сите да врвиме низ него . Фала за идејата мама, може на некоја друга мама ќе се најде .
Дајте ми некоја идеја што да спремам и што да и дадам за јадење на ќерка ми. Нема да бидеме 2 дена дома па незнам што би можела да и давам надвор купено или нешто да спремам од дома. Ќе шетаме по цел ден па нешто да земам или ако јадеме надвор што би можела, што им давате во ресторан на деца? 22 месеци е.
Јас уште правам кашички кога не сме дома, и тоа му блендирам, каде и да одиме не сака да јаде ако не е во хранилка. Еден го држи друг му дава набрзина. А за во ресторан му порачувам компирчиња и пилешки прсти, салатичка сака крставица домат.