Мајки на мирни деца, како се справувате со туѓи агресивни деца? Пред некој ден на гости ми беше едно дете, бесно и агресивно, искористи момент, го бутна син ми со цела сила, удри на ламинат со задниот дел од главата, а за неколку мм ќе удреше во ќош. Не очекував дека така ќе направи, зошто син ми во моментот му нудеше играчка, он е таков, дели со сите. Претрнав кога почна да губи воздух. Мајката беше тука, не направи ништо посебно. Јас избегнувам со тоа дете контакт, ова не му е прв агресивен испад ни кон син ми, ни кон други деца. Се имам обидено на 1000 начини, со убав разговор, играчки што му се по мерак, внимание (многу е љубоморен инаку). Се е ок, додека не му дојде на видик син ми, тогаш се менува детето. Срам ми е да кажам дека ми требаше многу јака самоконтрола во моментов.
Избегнувам контакт со мајката. На детето ќе му објаснам со убаво, пошо нели туѓо е, погласно, за да чуе мајката и да превземе.
@Emotional123 Абе знајш некогаш и кога гледаш дека мајката не реагира не е лошо малку со повисок тон да кажеш, ако никој не реагира ни детето нема да разбере што е добро и лошо но најдобро е избегнување контакт со такви суштества. Нема потреба да се исплаши и повреди детето заради несмасност на друго дете
Не дека немам кренато тон ама не му е гајле. И јас и мм. Маж ми му има викнато неколку пати, зошто е негова фамилија тоа. Џабе е, кај него не функционира. Целосно да прекинам контакт за жал не можам.
Веројатно би го зела туѓото дете в раце или би седнала/клекнала на негова висина и ќе инсистирам да ме гледа во очи додека го карам со строг поглед и тон. И тоа ако нема ефект, ќе го учам моето дете да му враќа секој пат кога го удира. Ако тоа е неможно или и тоа нема ефект, а мора да се дружиме, кога ќе треба да идат ќе ги собирам сите играчки, да нема ниедна и на секоја проба да чепка по фиоки/други соби би ја замолувала мајката да го прибери. Дрско. Да му е досадно, да биде нервозно и да бара да си оди дома. Се изнервирав само што читам. И син ми е таков, мек и нежен, дели играчки, храна и е многу внимателен, па се соживеав со тебе. Мислам, не е криво туѓото дете, има потемперамраментни или поагресивни деца, криви се родителите мува шо не ги лази и мислат дека е океј тоа што го прават.
Мамс, tips&tricks како да ја фрлиме цуцлата? Само за заспивање ја користи и онака ако ја види некаде си ја става у уста. Не дека е зависна од цуцлата ама и ова малку цуцање сакам да го откачиме. Година има
Јас на син ми прекинав да му ја давам, ја кренав да не ја гледа и не ја бараше. Многу лесно се одвикна
А не мислев дека може да е така едноставно, затоа прашав тука А ако не заспива со цуцла, како заспива? Претходно со цуцла заспиваше?
Да, со цуцла заспиваше, сега се галиме, се гушкаме, бацуваме и заспива. Ич не очекував дека ќе поминеме вака лесно, се изненадив и јас.
Мојот беше 2г 2 м. И рАзбирашевеќе му кажував неколку дена дека цуцлТа е за бебиња и чичкото сака да ја земе затоа што е голем, и ја тргнавме исто само за спиење ја користеше, ако нема други асоцијации со спиење би ти препорачала да напрсвип орво тоа па потоа да ја тргнеш цуцлата, мојот сотетра пелена се галеше и цуцла во устата само првиот ден за дремка беше голем проблем после тоа реко ќе прашаше каде е цуцето, е малку потешко заспиваше ама не беше страшно и после 2 недели воопшто не прашуваше за цуцлата.
Досега се има случено и кај нас неколку пати да го туркаат и да го задеваат, не знам шо е многу деца се такви поагресивни, најчесто во игротеките ги начекувам, преполни со енергија, некогаш мајките реагираат некогаш не, како и да е и да реагира кај децава шо се поголеми од син ми дури за една година, ништо не се менува. На почеток кога се закачаа син ме се плашеше, не сакаше контакт со деца, сега сака да му се во близина и гледа дека не се сите деца такви. Вчера пример се погодија две такви во тандем да го задеваат. Го плашеа, сватија дека се плаши па уште повеќе, ме земаше со раче јас со него, викаја мајките џабе никој не ги слуша, морав јас да му велам и со него да одам за да не чуствува страв. Му земаја играчки а не ни играа со нив. Така да совет е ти да застаниш до детето и да го одбраниш. Мора детето да разбери дека има секакви деца и некако да се справи во ситуацијата. Моето дете не враќа мало е ама ќе го учам да врати ако некој го задева.
На 1 год и 4 месеци и ја тргнав. Само со цуцла заспиваше,за друго не ја користеше. Една вечер не и ја дадов. Ја побара и реков немам цуцла. Три вечери ќе ја побараше, викав немам цуцла, после тоа не. Толку беше. Заспива обично со плишани мечиња.
Ќе го учам и јас, што да правам. Мал е уште, а ова што е вака мил ме топи ама не сакам во животот невоспитани да го газат.
Фала ви женски. Она не разбира до толку за да и кажам нема цуцла или да бара цуцла со зборови па затоа се надевам дека ќе ја навикнам на друг начин да се успива.
Абе со нозе со раце ќе ти покажува, немој да мислиш дека не знае. Мојава во книгата за Биби и Боби ми покажуваше што бара. И велев не е тоа цуце тропалка е. Што порано тоа полесно само ти да решиш.
Мајки дали има некоја регресија во спиење на 13-14 месеци? Значи што ќе беше ова секоја вечер од 12 до 3 по полноќ не спие, се шизнав веќе. Или ако порано е влезен во 9ти скок... По апликацијата не е, ама ова со спиењево не знам. Денски спие еднаш само од 12 до 2 и толку. Активен е преку ден нон стоп нешто ровари не е неуморен па да не му се спие навечер. Многу малку сон е тоа за негова возраст. Чаре? И да уште цица навечер не сум го одбила уште.
Здраво здраво sister in pain Она спие сега а јас гуглам за срањево што и се дешава. Исто втора вечер од 12 до 3. И не нешто да игра туку лежи, блее, па се туфка нешто. Таман периодов не се будеше ни за цицање и мислев ќе се откачиме она вчера и денес ме исцица за сите пари тие саати кога е будна. Она е 13++. Не ми е скок. Исто спие еднаш од 12-2 ама сабајле се спотера во 6 па си презаспа.