Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    Памтам дека имаше такви екскурзии и моево во тој период. Будење во 1 седење до 4 и си функционираше нормално дента. Неколку дена му траеше, после се врати во нормала. Во 10 скок само еднаш така стана и тоа беше се народе. За преспивање цела ноќ се надевам ќе се случи кога ќе се одбиеме од цицање. :?:
     
    На Bubamaricka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    2.381

    Хаха ќе ти пишам вечер да се дружиме. Значи се буди со плачење ама плачење здраво, вриштење и не се смирува со ништо освен со шетање по соби и ќе се смири ќе цицне и почнува забавата. Со играчки игра, бара да му пуштам телевизор, не му пуштам па се лути па пак ќе цицне па као заспива и пак почнува да плаче и така во круг. Па со татко му ќе шета. Ќе цицне ќе заспие го префрлам во креветче и после минутка од почеток... :sweat::drunk:

    Сношти и го искарав му беше жал после ама па не де издржува.

    14 месеци ќе полни на 15ти сега. И во план ми е да го одбијам многу често се буди за цицање ама бар заспиваше одма деновиве се расонува.

    @Mom's_life и јас на тоа се надевам, само тешко и со одбивањето едвај некако стасавме до цицање само навечер, а и друго млеко не прифаќа плус алергичен на кравјо...
     
    На LazaLaza му/ѝ се допаѓа ова.
  3. something

    something Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.416
    Мојта е 16 м и уште и се случува на 2-3 недели да стане во сред ноќ, си седи 2 h бара да си игра оди во дневна и после заспива…незнам до кога ќе трае :^)
     
  4. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Mojata dur cicase se budese za cicka ama zalepena za mene spiese so cicka u usta. Aj se odbivme pocna da prespiva i sea zadnjive nekolku meseci znae da stane u sred nok i da ne spie po 2-3saati. 1god i 9 mes e i od bebe vakvi periodi imala od regresija ili zabi. Sega se zabi, prvo trojkite aj izlegoa pa sea 5kite use tie ostanaa i aman veke so zabive. No ovojpat ne sum sigurna dali se samo zabite ili i govorot. Nekako posle poveke veceri budenje pocnuva mnogy novi zborovi da kazuva. Sega odednas ko preku nok celi jasni recenici ima. Nesto sto porano bilo 1 zbor ama sme se razbirale sto saka sega go kazuva vo recenica. Moze i toa vozbuda da.i prai koj ja znae
     
    На mjay.yyy и Bubamaricka им се допаѓа ова.
  5. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    2.381
    Веројатно има врска развојот сега кога спомна синко проодува деновиве почна сам да се пушта па може тоа што викаш возбудата.
     
    На mjay.yyy и LazaLaza им се допаѓа ова.
  6. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    21.223
    Пол:
    Женски
    Има врска. Мојата пред да прооди се изремети цела, и сега од ко прооде почнува повеќе да збори, да шлапа де на нејзино и пак е изреметена.
     
    На Tiny Love, mjay.yyy, LazaLaza и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. SummerGirl12

    SummerGirl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2016
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Баш ваков мислам дека е и нашиот проблем.Си спиеше по цела ноќ некогаш еднас ке се разбудеше за цицање и толку,сега заспива во 9 или 9 и пол и по некој саат почнува да се превртува,седнува пак ке легни,па пак исто.Некогаш враце го земам па ќе заспие така ама штом го легнам по некое време пак почнува и тек кај 5 ке се заспие убаво и спие до кај 9.Иначе денски преспива од кај 12 или 13 ч еден час или час и пол и тоа е тоа.Незнам што е ова не ми е проблем што не спијам јас,туку зошто му се случува ова....Инче исто сме 14 месеци.Совет што може да биде....
     
    На Bubamaricka и LazaLaza им се допаѓа ова.
  8. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.460
    Допаѓања:
    8.564
    Пол:
    Женски
    Скроз исто во 10тиов скок, една вечер од 1 до 5 ипол беше будна и толку.
    @Bubamaricka ќерка ми заби кога вади ептен се пореметува спиењето, како незаспана длабоко е по цела ноќ. Инаку дур цицаше залепена беше и цицнуваше на секој саат ми се чини. Знам дека е клише муабет ама откако прекина да цица, цела ноќ спие, не се буди.
    Може заби да вади па да го мачат. Така ми личи чим вришти. Намачкај му гелче кога ќе се разбуди и дај цуцла ако фаќа, кај ќерка ми тоа помагало ако се заби.
     
    На Bubamaricka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dance27

    Dance27 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2018
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    3.138
    Пол:
    Женски
    Мајки ми треба помош.Малата ми има температура,дома имам сируп Ефералган но упатството ми е фрлено а на кутијата фармацевтот ми нема пишено по колку да давам.
    Како го дозирате по колку давате.?
    2години и 7месеци сме, 16,5кг
     
  10. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.594
    Пол:
    Женски
    Во ефералганот има дозерка, се полни сируп според килажата.
     
    На Tiny Love и Dance27 им се допаѓа ова.
  11. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.169
    Допаѓања:
    5.728
    Пол:
    Женски
    На дозерката имаш килажа.
     
  12. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.879
    Допаѓања:
    4.637
    Јас дојдов за спиењево да прашам вие дискусија веќе сте развиле. :D

    Скроз сум решена да ја одбијам зошто мислам дека ќе спие повеќе, можда грешам, ама бар ќе може маж ми да ја презаспие. :worried:
    Работата е што ад пробав да и дадам неколку пати и не сака. Дали кисело млеко/јогурт за доручек и вечера би ги задоволило потребите од калциум, протеини итн итн на 13м? Или па да воведувам кравјо? А и друг проблем е што од шише со цуцла не пие, едино од цевка да и дадам. Инаку цица само пред спиење и цела ноќ, преку ден ич, не ни бара.

    20-20:30 навечер најкасно е легната и точно 2 саати, дојде ли 22ч она е станата и никако не презаспива освен со цицка, не можам да функционирам нормално. Откако ќе легнеме веќе не знам, преку 5 пати сигурно се буди и пак цицка. Не сум собрала енергија да дежурам цела ноќ да видиме што ќе се случи ако не и дадам да цица, колку ќе плаче и дали ќе презаспие. Може и заби се, може и развој е, ама со месеци веќе трае и уморна сум. |-)

    Немам ум како да постапам.
     
  13. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.411
    Допаѓања:
    9.013
    Пол:
    Женски
    Mene pedijatarot mi rece casa jogurt vo denot e dovolno koga se odbivavme. Isto ne znaese od sise da.pie bas, ad ic ne probav ama lapase jogurt i oves i krem sir na lebce ili taka klot so lazicka go jadese. Podocna nauci da.pie od sise mleko i sea.pred spienje pie obicno kravjo. Ja odbiv na 15mes. Mislam nema poenta da se mucis sea.so ad ili daj i kravjo ili terajte na pocetok so mlecni proizvodi pa ke vidis kako ke odi
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.879
    Допаѓања:
    4.637
    Па да јогурт ќе испие сигурно 1 и 2 чаши ако и дадам. А од какво шише и даваш сега?

    А и уствари најважното, навечер како спие? :D
     
  15. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    2.381
    За цицањето знам и јас се надевам на тоа, инаку мачкам гел ама цуцлата ми ја турка со рака не сака тогаш не знам зошто. Сме пробале и мм да го презаспие плаче додека не се најде пак на града. Инаку во план ми е да го одбијам скроз само што замена млеко тешко ни оди. На кравјо алергија, од Аптамил исто се исфрли му дадов со бисквити, козјо не го прифаќа во никаква варијанта, ваљда тоа што јаде козјо кисело и сирење ќе биде доволно не знам што да речам. Со одбивањето како поминавте? Јас планирам наеднаш само психички да се спремам за вриштење на најјако :worried:

    @Mucika скроз исто. Денски не цица воопшто само навечер на секој час. Ни физички ни психички не се издржува. За шише со цуцла исто не пие од шише вода пие од цевка од твист шејк чашките млеко му дадов не сака ја турка чашата. Исто му понудив прв пат сок сега кога беше болен не пие, само вода. Во две исти чашки му ги ставив една до друга сокот го турна водата ја зеде со млекото исто. Ако успееш некако млеко да дадеш сподели.
     
    Последна измена: 6 јануари 2023
  16. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    4.763
    не знам дали е до тоа не можам да тврдам, ама јас откако ја одбив се наспавме и видовме живот иначе стануваше по 100 пати, откако тргнав на работа беше неиздржливо веќе, на 11 месеци ја одбив прбите две недели се будеше и давав ад или чај, сега се буди, не и давам веќе ништо ама тоа е еднаш или два пати и брзо презаспива или ич не се буди, а додека ја доев немаше ниедна ноќ преспиено ни она ни јас...

    него јас дојдов друго да прашам... како ги учите за миење заби???:?: некој совет? гледам дека почнува да разбира и да имитира скоро се па сакам да почнеме да се учиме
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.460
    Допаѓања:
    8.564
    Пол:
    Женски
    А оние без лактоза млека или глупости тресам сега, јавуваат алергија и тие, кравји се?!
    Одбивањето без проблем. Цицаше само навечер. Спиев 3 вечери во дневна, маж ја презаспиваше. Првата вечер без проблем ја презаспиваше, втората плачеше многу , третата мислам само еднаш се разбуди. После тоа преспивање цела ноќ.
    @Anaroz1 миев јас пред нејзе заби и почна да ме имитира. Пробуваше мене нејзината четка да ми ја бутне во уста, па мојата да си ја бутне она во уста и така :D. Сега веќе дава прво јас да и ги измијам, па после она си ја фаќа четката ги "дочеткува".
    @Mucika тешко АД дека ќе воведеш сега. Дај кравјо. Јас од 4 мес пробував АД да воведам, не успеав. Кравјо без проблем прифати. Спие кома од кога не цица :D
     
    На Mucika и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  18. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234
    Ја одбив ќерка ми од доење на година зашто почна да се буди по 100 пати навечер, после неколку дена почна да сврзува подолг сон ама одеднаш сака само во раце да спие. Што да правам? Не знам дали и е фаза или заби или што и да е ама може цела вечер да ја помине во раце спиејќи и само што ќе ја ставам во креветче почнува да плаче. Читам некои феминки биле задоволни од Фербер методот, ама мене ми е многу жал да ја оставам да плаче, плус она има годинка се плашам дека многу време ќе и треба за да се научи да презаспива сама, срцево нема да ми издржи толку плачење. Не знам, пишете ако имате некој совет, се осеќам очајно веќе
     
  19. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    2.381
    Има такви ама не е до лактозата туку на протеините е алергија така вика педијатаркава откако и кажав на што се пројави реакција, и може и ќе ја надмине, а мал е за тестирање. Фала за споделеното за одбивањето wish me luck за некој ден.
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BabyGirl10

    BabyGirl10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    Мајки скоро 18 месеци има и уште спие по 2 пати на ден, самата си бара, зима цуцлата и се мести за да ја успијам а се мачи за да заспие. Совет што да правам?
    И кога ви се одбија од пиење млеко пред спиење?
    Имајте среќни празници.