За мрсули сум ја седнувала и во столче за хранење, врзана, нема кај да бега . Рачињата вкрстени и ги држам со една рака. За сируп не сум нашла практично решение, со сила.
Со поголемото прво се убедуваме, некогаш е согласен и дава сам да му се исчисти. Но тоа е мнооогу ретко. Најчесто бега, се бркаме и се борам како со крокодил. Седнувам врз него, фаќам раце, нозе... има пиштење, клоцање, врескање но на крај пак е по мое. Помалото уште не може толку да бега, но дава и таа отпор. Сируп исто им давам на сила ако не соработуваат. Ги седнувам во скут, ги фаќам да не претаат многу и со шприц пуштам покрај образ.
Не се сеќавам кога почна, ама на одмор знам дека носевме коцки оти редеше. Тогаш имаше 16 месеци. Сега има 20м и реди вакви или во висина една на друга или на земја во линија една до друга.
Сега се за тебе и маж ваквите. Ние ги изнаигравме. Едит: кога премина од обичните коцки што влегуваат една во друга на овие, пробуваше да ги притиска и многу се нервираше дека му паѓаат одма.
Овие ги фрла, не ги сака ич . Се мислев од овие што влегуваат една во друга да му земам, 17 месеци е. Какви да барам, видов гумени од Clementoni ?
Да му земеш, јас мислам дека ќе ги сака. Јас најобични, пластични му имав земено, со различни големини. Ми се чини тие дека поцврсти би требало да се постабилни и полесни за редење од силиконските Ама немаме такви и не знам, можеби грешна претстава имам.
Овие и ги дадоја подарок, искрено цена незнам и не е битно, но се изнаигра дете. 18м беше. Еве 1м главна играчка и се. Потоа и купив и јас најобични пластични помали околу 300ден беа и со нив игра поголем дел од времето
Нее зошто ти е? Пушти коси ветер да ги носи. Ние сме пуцвали ама уште тоа ми фали за нега, едвај јас се досредувам. Ако не се чешла земи од оние четки за лесно расчешлување, мене ми е предобра.