Еве истата ја имам дома, само се чуди што да направи и ако примети дека за нешто и се скарам или и забранам уште поголема желба има за беља правење. А кога и се карам, се смрштува ги собира веѓите и ми се кара со прстето и после тоа во лице ми се смее…
Бубче немаш никаква грешка,не се оптеретувај.Мојава пред некој ден наполни две години ,пиеше АД и некаде после првиот роденден почна сама да ми намалува со млекото,исто навечер ќе и направев едвај ќе голтне и ми го тргаше ,така видов и престанав да и давам. Ама битно јадачка е на се,нема нешто што не јаде,штом јаде млечни производи нема потреба од млеко. Сите деца се различни,ете големата до 2,5 пиеше ад по едно шише пред спиење ,ова неќеше и не инсистирав. Твое е да нудиш,може и период му е,ако видеш дека и натаму не сака,ќе јаде други млечни работи к.млеко,јогурт,сирење ,урда...
Реди ќерка ми, за некој ден 17 мес, на 16 ипол и ги купија, одма ги редеше. Ваљда играла со коцки во градинка претходно.
Јас тоа не го сфаќам ко “правење бељи”, туку ко истражување. Затоа обезбедување на терен дома за да нема нервози. За штекери го карам така строго и покрај тоа што се заштитени, и има научено ко ќе види си вика “не,не” и бега, друго сѐ тргам или не се нервирам ако растури. За сериозно да ја научиш мора секогаш да бидеш строга за одредена акција, за секогаш да ја добие истата негативна реакција и да научи. Значи не еднаш да паѓаш(те) од смеење, друг пат да ја караш, зошто така се бунат, туку секогаш исто. И да имате униформен став сите што ја чуваат. Ваљда, веќе месец дена после 23 ми заспива, јас преуморна пред него ќе заспијам, некогаш не ни памтам кога сме заспале. Сабајле станува со мене за на работа и затоа спие преку ден по 3 саати. Лудило распоред, и скок и регресија и заби, сѐ на куп. И за 17/18 да каже некој плс. Иначе ова со мммм и А! ко син ми да го слушам. Ова ммм така со дак фејс .
Еве мојата исто 13м само тата вика (сите му сме тата), да (ова е пресно од пред две недели), ам многу ретко зошто никогаш не е гладна , за чао тааа... Од животни само куче му е а-а, два пати остро ко демек лае, маче нежно ммм.. и толку. За да/не клима со главата соодветно, пример секогаш ја прашувам дали сака да јади или да спие и одговара. Нека не те загрижува. Поголемата со тој фонд од 5-6 зборови остана до 2 години и кога направи 2 наеднаш како преку ноќ сите можни зборови ги кажа. Битно е се повеќе да го разбира значењето на зборовите, а ќе ги изговори кога ќе биди спремна.
И моето стагнираше со зборење и сите бевме мама. Тато, баба, дедо сите беа мама. Посебно ако е во период на проодување и ја вежба таа вештина. Најчесто се насочуваат кон едно додека не го успвршат па продолжуваат на следно. Еве и помалото пред некое време кажуваше слогови, сега едвај да пушти звук. Ама окупирана е со движење, да оди по мебел, да стои сама, клекни стани и така во круг.
Можда беспотребно ми ја ставија бубачката во глава денес, затоа се стресирав. Инаку воопшто не сум се замарала, сосема во ред ми личи и покрај тоа што со одењево ми е спора , ама пак се осеќа кога нешто не штима, затоа сакав да се осигурам. Освен "да" на секое прашање, да/не со значење не ми кажува и ми отежнува тоа во секојдневие многу. Некако си викам подобро прво да прозбори не го да прооди бар основни работи да ми кажува за да се разбереме, ама она изгледа решила да смени сега.
@Mucika Доето долг период викаше само мама, де и баба. Прво почна некои овошја да ги кажува, па како да ги заборави, престана да ги користи тие зборови. Можда дека не ги вежбавме толку често. Мау и ав за маче и куче, некогаш и ги мешаше. На и дај, исто и нив ги мешаше. И ретко зборуваше, најчесто ако го прашаш. До скоро беше вака. Сега на 16 мес почна да разврзува повеќе муабет. На секое прашање одговара со да/не, не ги меша веќе дај и на, кажува колку год има, кажува и за волкот и кравата кои звуци ги прават, ги знае овошјата, кажува кога му се спие, јаде, кога сака да се бања, се труди да повторува по мене и си кажува по нешто на бебешки.
И моето е тешко на зборување . Уствари освен тата и некое брмчење ништо друго не кажува . Дури ни Да и Не не кажува . Коа му мењам пелена знае да заурла Неееееее. Се врти на име ама не одговара на команди . На пример ако му речам : дај ја Славен топката на тато , он се прави како да не слуша , не ме тангира и си продолжува да трча . Команда извршува само ако му речеме ај да играме брканица . Е тогаш знае дека треба да трча и да се крие зад фотеља , и чека да го најдеме , па после он трча да не фати нас. На 10 м викаше и чао , и баба и Деде ...сега од кога прооде само татЕ и ништо друго . Не очекувам дека до 2год ќе прозбори Малку се плашам , запнав од мај да го носам во градинка , ама маж не дава. Рано му било на 15м да оди во градинка , а и според него ептен рано било да очекувам да збори на 12м. Не ми е толку за зборењето , појќе ми е што Не извршува команди. Еден куп играчки имаме ама он си игра само со капачиња од тегли , со даљински и со ѓердани од мама И друго ме загрижува . Му ставам на маса јадења прилагодени за него ( јаболче на ленти, крушка , смокичка, бисквитка...не се пружа сам да земе . А Ако му ја дадеш во раче одма почнува да ја јаде.
Sega dur prooduva ne cekaj da zbori. Prvo da usovrsi odenje posle govorot. Za komandite probaj prosti recenici so 2 zbora i prvo pokazi mu sto e toa sto sakas. Recenicava za komanda malce.dolga tie trgni so slaven daj. Za gradinka mojata.odi od 11 mes i ja sum prezadovolna red neviden. Koa ke se razboli edvaj cekame da.pocne da odi zaso se i se izremetiva. Za jadenjeto staj tanjir i za tebe i zimaj grizi dzvakaj dramaticno. Ako e raneto do sea nema preku nok da zeme si ceka da mu dades. Genwralno na ovaa vozrast imitirast taka da najdobro e da prais sto sakas on da prai i ke nauci trpenie samo
Бубче за ова мене ми успеа една или две недели по ред го седнував и он мене ме ранеше, па јас му го насочував рачето накај неговата уста. Ама да знаеш кога ќе почне така се да јаде, нема престанок. Што и да најде каде и да најде ќе пикне во уста. Инаку за зборење и моето еве скоро 14 месеци е, па само мама вика. Ам ам ам по цел ден накај кујна ако дојде. Знае како прави мачето, мјаука или прави таков звук, за кучето прави ау ау, лавот и мечката дека ржат и по цел ден ржи. Кога ќе земе колички бидејќи не знае брм брм, ржи додека ги вози Точно како што читам претходно и тата и баба од кога прооде ништо. Еве и сега кога ќе ки текне не знам од кога мама нема кажано
Здраво мајки Имам ситуација со малата 16 м е, кога ќе се разлути со ноктите гребе по нашите лица ( мене, татко и, бабите) кога не е нешто по нејзино плаче ептенн и ја зафрла главата наназад, дали некој има вакво искуство и како се справил, во моментот на нејзина “агресија” - гребење, кога и ги тргам рацете бетер замавнува…инаку знае многу зборови, кажува скоро се знае како се вика, презива, колку год има, имињата на сите блиски, многу животни и предмети кажува и по 2 збора свезани и делови од песнички, незнам дали е до некој инат или зошто вака прави, поздрав
До скоро го имав истиот проблем со ќерка ми,ме гребеше на лице и тоа само мене,пробував со убаво објаснување,но колку повеќе зборев таа повеќе пискаше и продолжуваше,сватив дека мора да сменам нешто,читав многу и пробав едноставно да не давам премногу значење на тоа што го прави,и велам кратко дека мама нејзе никогаш ја нема изгребано и дека боли,да не сe лути,се гушкаме и веднаш продолжувам со дистракција,ја заигрувам со нешто.Кај нас тоа имаше ефект,сега кога е лута мава на софа или чука на маса,скоро 2 години е.
Од која причина може дете рендом да крене температура? Кажувам рендом бидејќи нема знаци дека е болна. Синоќа на гости бевме, се вжешти и вцрвени, дома доаѓаме, мерам температурата покачена, околу полноќ 38,5°. Со чепче се спушти, еве уште и' е нормална. Само се прашувам што се деси.
Луди вируси има со месеци наназад. Најчесто само со температура од нигде никаде некој ден и поминува. Со лесно да ви е
Мајка и ние бевме така сега пред неколку дена, стигнуваше и до 39° тт, 3-4 дена траеше, ни носе ни кашлица ни па на гради имаше. Со лесно