и мојата од петокот вечер е со температура тогаш ми качи 39.2, вчера ми качуваше 38.5, 38.6 , а нема никакви други симптоми
Син ми има 17 месеци, никогаш ништо не ставил во уста (освен раче). Ако му ставам јас во рака ми дава јас да јадам. Пробувано е секако, и раката во уста му ја имам носено - ја врти главата. Заедно јадеме сите на маса, ако му оставиш храна тој нас не рани. Едно време се нервирав и овде прашував, сега не. И повеќе знае за возраста, така да кога тогаш ќе пројаде сам.
Препорачајте ми некои играчки да му купам. Да не се колички, кујни, пегли, џогери, топки, коцки. Нешто едукативно можеби?
Ништо од ова сериозно да не те загрижува. Дечкото сега оди, на тоа е фокусиран. Ќе почне и да зборува, и на играчки да се радува. Ти само следи го и не гледај и не читај кое дете што прави и како прави. Секое дете си е посебна приказна. Ти продолжи да му зборуваш и многу, многу да му пееш песнички (особено на заспивање). Ќе се изненадиш по некое време кога ќе си ги слушнеш зборовите од неговото усте кажани.
И моја препорака е сложувалки. Мојава обожава сложувалки, нит коцки нит кујни сака. Имаме неколку и цел ден тоа работи. Ги сложува и ги растура и пак. И земав неколку дрвени, зашто хартиените ги става у уста и ги уништи..
Мамички тантруми почнаа ли вашиве бебиња да имаат? Моево кога се лути,кога нешто не му даваме,кога му викаме Не за нешто да не пипка, почнува да се лути,мава со рацете пример по фрижидерот, ја мава главата од него и се дере. Ептен некако нервозен е за многу работи, претходно не беше таков, се друго е супер, си комуницира со нас,извршува наредби или игри, се заигрува сам, се закачка со нас итн. Стана многу немирен, сегде се пика, се качува по комоди, тресе телевизори, ептен е џамбаз, не сум навикната да биде толку бесен и ми е жал цел ден само некој го кара и му вика Не,не. 12+++ сме
Како постигнувате дисциплина кај деца на оваа возраст? Не знам дали разбира детево кога му викаме да не фаќа нешто што е на маса, да не истура, да не се качува да стои на столче, да не ни става коцка во водата/кафето/сокот На пример ако сме му рекле нешто да НЕ фаќа, го зема предметот кој „не смее“ да го фаќа и вика: „(неговото име) НЕ“ ама уште си го држи и си се смее, упорно ни става ствари во пијалоците и колку и да не сакаш ќе избувнеш на повторувачко однесување за кои си му објаснил со убаво, полека едно мал милион пати да не го прави и што смее да прави наместо тоа. Ве молам просветлете ме дали правам нешто погрешно или едноставно возраста е таква да сакаат да тестираат граници во секоја смисла?
На 13 месеци каков ви е/беше распоредот за јадење, доручек, ручек, вечера, ужинки, на колку саати? Ептен малку јаде доручек и после комотно може уште 3-4 саати да издржи без јадење. Ако дадам ужинка, најчесто и правам смути во шмукалче (само така успевам овошје да протнам) после па ручек слабо јаде и така во круг. Ако не дадам ужинка ми е страв со толку малку храна да биде цел ден.
Мама синко е 14 месеци ќе ти кажам нашиот распоред мада, тој оди градинка не знам колку ќе ти помогне. Дома сабајле веќе не цица значи јаде доручек во градинка околу 9, во 10 и 30 има ужинка, во 12 им е ручек, па спијат, во 15 имаат пак ужинка, е сега кога ќе го земам дома му давам ужинка тоа е накај 17, вечера му давам во 19:30 и пред спиење цица во 20:45 од прилика. За време викенд тераме вака: 09 доручек 11 ужинка Кога ќе стане накај 14-15 ручек 17 ужинка 19:30 вечера Ама измеѓу грицка бисквити, смоки, некогаш и шмукалче и вода многу пие.
Значи отприлика на 2 часа јаде. Така некако и давам и јас, само што она јаде по 1 саат и се ми се изреметува, можам да кажам дека ужинката повеќе ја најадува него ли главен оброк. А покрај оброците и ужинките плус грицка? Не знам, вака ко ќе кажете стварно мислам невозможно е гледајќи ја мојава .
Од прилика да на 2 часа освен ручекот бидејки спие му е на подолг размак. Е сега периодичен е да не се лажеме, не дека секогаш се јаде што ќе му понудам. Вчера пример од доручекот 3 лажици изеде и толку беше, со сила не му давам. Ужинката попладнето не ја сакаше дека грицкаше смоки, (нови му се па интересно му е да ги грицка) па не сакаше ни да вечера. За празниците кога бевме дома плус и дека болен само на вода беше на шмукалче и јоголино, се друго одбиваше. Ако полни пелени не го думам и ако одбие да јаде. Јас друго имам мака. Сам со рака јаде само смоки и бисквити хахаах друго се му давам во раче мене ми дава да јадам. Банана му дадов на парчиња како смоките големина од прилика ја зема во рака и мене ми дава. Му покажувам дека се јаде му ја носам раката према устата ми ја врти главата. А со прибор нас не рани сака со вилушка да боцне и да ни даде а сам спрема устата не носи. И до џвакањето смоките и бисквитите без проблем, во јадење ако има парченце (сега пасирано давам, само месото го блендирам) одма се наткрева некогаш дури и ми повраќа.
обично околу 6-7 се буди за млеко- пие 180 мл 9- 9 ипол -доручкува 11:30-12 - ужинка 14-15- ручек 17 ужинка 19-19:30- вечера и пред спиење млеко, ама и во меѓувреме нешто шмата ова ни е дома, кога оди во градинка друг распоред
Ај утешете ме мајки. Од кога сме останале на распуст од 30.12 дете 4 дена не сакаше ништо да јаде, па одвај, сега еве пак не сака. Не дека не е гладно, едноставно нема трпение да јаде. Пробав сам да јаде, сам да се храни со парчиња, само кашкавал и леб така поминува. Со кашите се мачиме. Гмечено јаде инаку. Ме оболе. Секое јадеше ми е нервен слом. До роденденот си јадеше се, сеа не дека не му се допаѓа не сака да јаде. Виде ли тањир и лажица одма бега и врти глава за не. Во хранилка стана страшно не сака да седи. А млеко нема галје колку да му дадам ќе испие. Ама нели намаливме на млеко. Се надевам дека ќе смени оти оболев.