Каква вилушка да и купам за да јаде, а да не се повреди? Има два сета силиконски, лажичките се топ ама вилушките не вршат работа, не може да се боде убаво со нив. Искрено и јас не успевам да набодам, а не па она
Мајки давајте совет Син ми има 20 месеци и за ручек му дадов кајгана од јајце со тиквички и павлака. Откако изеде дел почна во млазови да повраќа Одмори малце па му дадов готова кашичка на Хип со месо. За вечера му направив корнфлекс со јогурт и повторно ги поврати. Вака е весел нема температура, се немаше искакано после тоа но мене ми е страв дали може да се работи за салмонела бидејќи јајцето беше домашно, ептен ми е страв
Мене на вирус ми личи. Не си требала месо да даваш, тешко е за желудничето. После повраќање се паузира барем саат време и после тоа се оди со течности. Пр. Елитролити или јогурт лажиче по лажиче да не е нагло зошто пак ќе поврати. Првиот ден не е страшно ако не јаде само течности да внесува,да не дехидрира. Ко ќе почне да јаде, по малку компир, ориз, банана и сл. Избегнувај јајца, месо, кравјо млеко периодов.
Фала ти многу на советот. Сега си легна, цицаше малце. Ако стане вечерва ќе му понудам вода а утре ќе го ставам на полесна исхрана. Ептен се исплашив да не е салмонела
Како мислиш ќе се повреди, во смисла да се боцне? Еднаш треба да и покажеш на што да внимава и нема свесно да се повреди. Најдобро е да си јаде со металниот прибор дома.
Мајки, кога правите инхалации ? Бебе има кашлица, не знам дали е паметно да му направам инхалации на своја рака само со физ. Раствор. Скоро имаше бронхит, ми е страв пак да не го повтори.
Како да ја одвикнам да не станува во 6 сабалје. Заспива едвај во 8.30 -9 и во 6 е будна… или да се помирам. Дали има и други деца тогаш што стануваат?
Probaj zaspivaj ja pokasno. Odlozi dremka malce pa i nokno zaspivanje. Mojata koa odi vi gradinka e super do 9.30 zaspana vo 7 stanuva. A e doma i se izmestuva se i pokasno stanuva ama i pokasno zaspiva
Од кога беше со тт деновиве, детево се смени. Ништо не јаде, ништо не пие. Навечер скоро и да не спие. Препишав на тт, нормално е, лошо се осеќа. Но повеќе од 24 часа нема тт, вчера преку ден беше супер, весела, расположена. Вчера заспа во 23 и се разбуди утрово во 3. Од тогаш уште е будна и се скина од плачење. Мислам дека е влезена во некоја состојба на екстремен умор, па не може да заспие. Не сака во раце, не сака во кревет. Тројца се трудиме да ја успиеме. Пробавме во сите соби. Плаче, рита, се тегне на сите страни. Дајте совет, идеја како да и' помогнам. Не е нормално ова веќе...
Еве сме. Стануваат во периодот 5:30-6:30. Заспиваат исто во периодот 8-9:30. Уште како бебиња беа ранобудни и така остана.
Не е салмонела. Салмонелата е безмилосна , крвава дијареа, многу повраќање, висока температура. Ова е вирус. Пробиотик и електролити, наусолвит капки, полесна храна и тоа е тоа.
Поубаво така, отколку да ти спие до 9-10 кога веќе треба да се физички и психички активни. Детето си има убав биоритам, не му го менувај. Моите и двајцата се такви, додуша и јас настојувам да стануваат и легнуваат рано, деца не треба да седат до доцна. Треба денот да го користат максимално.
Мене докторката ми рече слободно да правам инхалации со солен раствор без консултации. Вакви му земав, евтини и убави.
Во смисла се набоде со вилушката. Не ми е сигурна за со метална се уште, мафта со лажицата село време
Она ако тргне да се набодува со се нешто може да се повреди. На твистшејк од приборот за јадење виљувчето е со по заоблени врвчиња ако нешто ти менува. Јас од маркет имам и пластични некои обични начекано, ко за на излет прибор. Ама најчесто јаде со обична мала од нашиот прибор. Секако до нејзе си и ја пазиш. Не тргнала до сега да не убива со виљушката, а има испади, ама само кога си игра.
Е ама видиш не било на маса, на грешно место сте и ставиле прибор, се збунило детето. Јас еднаш задремав со нејзе во игрална дури си играше со пластично чеканче и чукаше топки од тогаш не ми текнува око да затворам она дур си игра.
Јас и земав пластични демек ќе сум ја учела да јаде со прибор, она у рака нит прибор нит храна фаќа. Ко врапче некое само отвара уста а со приборот си игра А за затварање очи, не дозволува тоа да се деси. Кога ја успивам ако ги затворам очите ми ги отвара со рачето