Јас уште не верувам дека има деца што јадат се си мислам сите ко мојата (не)јадат, а родителиве лажат кога кажуваат колку им јаделе. Мојата јаде и користи прибор, па.. за вкупно 5 залчиња. После користи прибор за фрлање, гребење (по маса, не нас), мачкање, ама уште имам живци не знам од каде. Е нож не сум и дала , а има во тоа на твистшејк сетот и тоа за 12+ е, метален . Денеска и ставив по неколку парчиња од 5 различни овошја и прв пат приметив дека не сакаше ни да ги пипне . Порано бар го лижнуваше, ќе го размачка, ќе го фрли. Така малку се подисплашив, ама решив дека нон стоп ќе го има па нека ги гледа, еден ден ќе ги пипне ваљда.
Оффф ќе отворам една тема за да се жалиме секојдневно за нејадењево. Вчера и дадов факинг 7days и го излижа само за да не може никој да го јаде после неа. КОЈ НЕ САКА 7days бе
Истот се прашувам. Кое дете не сака чоколадо, дадов не сака и не. Не дека сакам да го јаде, ама ми е чуден што не сака чоколадо бе!
И јас да ви се придружам во тимот, мојот најголем хорор - нејадење и неспиење. После 16 месеци јадење сè и сешто и спиење по 10+ саати. Само што и' дадов киндер јајце (што секогаш радо го грицкаше), стави едно парче во уста, се згади, го извади од уста и го фрли на земја. Аптамилот што и беше ко нектар од боговите трет ден не пие! Се замислив сега со киндерот; да не имаше ковид деновиве (со тт), па да и' е пореметен вкусот (или скроз да нема)? Во понеделникот црп-то и' беше 9,1.
Значи умрев Мојава со пластичен нож ги "сече" пластичнине банани и моркови што се двојат. Ако не и се исече фрла со ножот по нас
Јас малце хард кор и давам со вилушка обична. Она си боде ама не дозволува да и покажеш да си ја погоди устата. Изгледа мисли дека ќе и ја земам па драми. Некогаш погодува некогаш не. Ако се изнервира фрла вилушка и продолжува со раце
@Tea SK ние го користиме металниот прибор од Twistshake. Вилушката не е толку остра, но сепак не го оставам да јаде без надзор.
Објасни и, боцни ја на рачето да види дека може да ја боли, нема шанси свесно да се повреди. Така и ќе почне да внимава, мафта зашто не гледа опасност.
Мама, мојот нема јадено со друга вилушка освен со метална. Никогаш се нема повредено. Си јаде со сласт. Бананите му ги сечкам на тенки кругчиња, некогаш третина банана одеднаш успева да ја набоде како на ражнич и едно по едно си ги ручка.
Јас го пробав ова со кафето. И го ставив прстето на филџан, и кажав џиш, осети дека е жешко. И знаеш шо праи сега, доаѓа до мене ко пијам кафе и бара да го допира да си праве џиш Јас ли нешо не сум у ред, детево ли е мазохист, не знам
Да се вклучам и јас И мојата јаде со метална вилушка и нема проблем. Од 14, 15м јаде со таква, инаку нема шанси да касне нешто. Киви, банана, компири,.. сите оброци ги јаде сама и со прибор. Во последно почнав да ја оставам пр и чоколино да јаде и нема проблем. Само месо јади со рака Без нож нормално
Се глупира, исти е и мојот За се што сум објаснила дека е топло/остро/високо доаѓа да ме заебава демек глеј сеа ќе се изгорам ама свесни се и се пазат. Само од невнимание може да направи беља. Затоа и пишувам да се објаснува, да се учат од мали да функционираат во возрасниот свет зашто нема мама секогаш да биде до нив. Ќе почнат во градинка, тетки, баби ќе ги причуваат, никој нема да ги пази како нас затоа добро е да се свесни колку толку. @Naatashka123 И јас од мал почнав да го учам зашто тргна во градинка на година, не знаев таму дали се упорни за јадење, па вака барем сам ќе си изеде, не мора да чека од нив. И манџи јадеше со лажица, на почеток ептен messy ама после се испраксира. Е сега последица е што на секој залак се брише и малку паничи ако е измачкан ама тоа е
Isto prai i mojata da proveri dali e dzish....ama zatoa na sekoj obrok duva prvo duri i na over i jogurt
Мојава е ѕвер ко на @LiquidLuna. За инат иде на рерна и се гази од смеење дека е џиж џиж и за инат ја пипка. Среќа со дупло стакло е па реално не може да се изгори. Не ме сфаќа сериозно за ништо.
Мене ми е страв од тоа шо детево од ништо не се плаши и многу добива на самодоверба за кратко време. Вчера прооде, денес не дава рака на улица, ќе се испотепа лом ќе се направи. Ќе се качи на креветот сама и гледа како да се фрли позади кревет. Имаме дома два аквариуми, со месеци значи стоиме пред нив "мама само ќе ги гледаме рибите, не се удара по аквариумот, ќе ги исплашиш рибите", абе мислам да земе некој чекан директ у аквариум ќе лупне. Нит риби ја интересираат нит бутур, гледа капакот од аквариумот како да го откачи. И знам дека разбира шо значи не, и дека не треба така и пак упорно го прави истото. Мм вика ќе се испотепа еднаш, ќе знае за друг пат. А зашо да мора да се испотепа, зашо да не ме сфати дека некои работи не може да ги прави она?
Еве ја истата. Се има испотепано 100 пути, памет не и доаѓа. Леташе од гарнитура на земја, салто направи, сериозно мислев дека се прекрши, нозете над глава и беа. Плачеше 10 мин, утредента пак се качува и трча по гарнитура. Во градинка на радијатор скокала. И викам дома не смееш така, ќе паднеш, она иде до парното, крева раце и вика опа, ајде, опа
Ајде да се надеваме дека некоја мајка со поголеми дечиња ќе ни каже дека ќе биде вака само период? Оти вака братче/сестриче може да сонува само