Чудни се новиве генерации, се раѓаат сакачи на здрава храна Конкретно моево не јаде ништо од инстант каши, благо и Монте. Једино може да пројде варена пченка, брокула или варен морков. Пченка > Монте У секој случај бољи од нас што лижевме степ лајт од рака и кока кола со шеќер ради газирано што ни даваа
Не е период, такви се. Еве во мај ќе прави 3 год, лудница е секој ден ама деца се, ќе пробуваат сешто и мора да ги пазиме. И подобро одеднаш да израснат двете, стресот е тој
Фала на искреноста другарке. Ортома да си набавам или перика од шо ќе ми испаѓа косата? Боже господе, децава не знаат шо е убаво
Ќерка ми има 20 месеци. Има еден месец постојано не каса/гризе сите дома. Целата сум со модрици од нејзиното касање. Кога ќе касне некој се радува, се смее, смешно и е кога ќе офне некој и го сфаќа како игра. Некогаш каса ако не и дозволам нешто или ако работам, па не и обрнувам внимание. Пробано е со велење ,,не" и со објаснување дека тоа боли и не е убаво... џабе... од вчера се обидувам да ја научам со тоа што кога ќе ме касне и се лутам, и кажувам дека сум лута оти ме касна и не играм со неа. Кога ќе и се налутам знае дека е крива и знае дека не е во ред тоа, го покрива лицето и седи засрамено, потоа се обидува да ме омекне со носење играчки, со гушкање и бакнување, со изведување на ,,танцови точки" и се друго на што знае дека се радувам и смејам и на крај, јас уште неодлутена таа пак ме каса.... кажете некое искуство... како сте постапиле, како сте го прекинале ваквото однесување?
Само упорно велење не,но фино кажано не со викање Тука сме и ние со месеци и знае кога е љубоморно да се нервира и не мава или пак сам да се удри. Упорно му велам не така не дур свати. Малку време сваќа и пак повторува па иста песна свириме. Ќе им помине и ова
Изгледа сите карантински деца се такви откачени и бесни Мојава кога е со луѓе кои ги познава одма станува циркузантка и се чуде што глупост да направе. Земала клечејќи оде или па на колената. Рашире раце и нозе како тие сумо борачите и така оде. Само се глупира. По дада ѝ некогаш удара. Еднаш ги видов двете како си ги кубат косите, прво едната ја искубе другата па после обратно. И тоа баш кубење беше. Се качува по маси, столови, гарнитури и комоди. Ставе балон под газот и скока. Ако нешто не ѝ по ќеф одма писка а некогаш и се расправа со нас. А некогаш па и некоја беља гледа да направе намерно. Големата колку беше мирна на нејзина возраст, ова беснило невидено е.
И јас од таа возраст ја оставам сама. Најпрво со павлака започна, сакаше сама да си зема со лажица, па постепено се учевме и за друго.. Е исти сме за тоа. Извалкани никако не смее да бидиме. Пр.додека јаде и да се напие вода и да ја извалка чашата со јадењето одма вика мија мијааа и ми ја дава да и ја измијам
Здраво ранобудници! Исто синко секое утро во 6-6:20 станат, спремен за денот. Спие еднаш денски, навечер до 9 е заспан. Се буди ноќе за цицање уште, некогаш, ретко, ако станува повеќе пати во трлот6на ноќта па да поспие до 7 инаку 6 кукурек.
Koa ve citam idam da si go gusnam deteto. Da ne bide se falam ama stvarno moevo strogo ne koa ke cue slusa i se pentari ripa po garnitura ama ja gledam pazi da ne tresne. Za jadenje nema sto ne jade bas se smeev pred nekoj den za nova god imav naracani kifli ne gi sakase, baba i praese domasni gi potepa od jadenje
Лелее сите се исти значи. Еве и мојот е бесен, најбесен. Што и фа кажеш не,немој, џиш, абе џабе, ќе реши дека сака нешто да откорне и го прави тоа. Фрижидерот го отвара го треска, во кујна сите вратички ги треска ги мава, се изгоре на шпорет и пак иде да фаќа, абе цела куќа ја преврте. Ми е жал да го караме цел ден ама џабе е. И ако го тргнеш од нештото почнува да плаче, се треска со глава, не кара....абе шо да кажам. Нека се живи и здрави ама изгледа сите се бесни ко што гледам. Ако најдете чаре кажувајте
Колку вода ви пијат децата? Малиов пие двапати млеко по 200мл,и по 500мл просек вода, друго ништо. Гледам дека сака уште, денес испи 630мл и уште сака. Читам до 950мл на 13м може. Се мислам да не пие многу. Сокови и чаеви не давам.
Млеко 200мл навечер, чај 200мл и вода кога 150 кога 200мл. Како залади ја намали водата, летоска многу повеќе пиеше.
Не му мерам количина пошто од чаша пие ама гледам редовно да нудам. Летоска многу повеќе пиеше од сега ама не се оптоварувам да мерам. Колку испие, испие
И јас не мерам. Млеко уште цица, и тоа многу. Јогурт пие можда 100 мл, а вода околу 500 мл, можеби и повеќе.
Истоо, се што ќе и кажеш дека не треба да го прави за инат прави, ако не е по нејзино вришти колку што може комшииве сигурно мислат, којзнае што и правиме.Неќе јакна да облекува, неќе чизми, неќе пелени кога менуваме, неќе во количка (во раце сака).Оди, ама ретко кога сака да оди за рака (исклучиво во мене сака-ме искилави), јадење со молби колби, значи се на се лудница Нз дали сите се вака, ама стварно е напорно…
Мамички ај хелп. Колку време треба детето да е здраво за да може да прими ммр вакцина? (Педијатарот советува минимум една недела) И дали после примена ммр вакцина треба/може или не треба да оди во градинка? (Педијатарот советува после примање ммр 2 недели да не оди во градинка) а искрено многу тешко изводливо ми е тоа, немам кој да ми ја чува. А сакам да си ја вакцинирам пошо 100 пати веќе одложуваме. Све коа ќе закажеме тогаш се разболува
Муабетот го правевме во вакцини и реакции пред една недела ми се чини. Сите доктори различно кажуваат, од диспензер до диспензер се разликуваат советите. Јас ќе ти кажам за ќерка ми. И Паскалов и педијатарката во диспензер ми рекоа треба 1 недела да е здрава. Ќерка ми седеше скоро 20 дена дома пред да ја прими. Кога ја прими и течеше нос минимално ама месец дена пред тоа не беше асално болна. Ја вакцинирав со супер крвна слика и ниско црп. По примање седеше 3 дена дома, па ја пуштив во градинка. И Паскалов и во диспензер ми рекоа да ја пуштам ама да и давам витамин ц. Ова е во диспензер Букурешт. Во диспензер Идадија, на @LiquidLuna и рекле дома да ја чува да не ја пушта во градинка. Значи не знаат кај тераат со советите. Од доктор до доктор се разликуваат. На ќерка ми денес и е 11ти ден, освен што вчера беше ептен омалаксана и спиеше многу, до сега реакција за среќа немаше. Прај си како што мислиш, битно да е здрава и да е добра крвната слика, зашто унифициран одговор од докториве нема да добиеш.