Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.224
    Допаѓања:
    30.408
    Пол:
    Женски
    Мене сосема друго ме советуваат.
    3 недели здрава и 10-14 дена дома шо реално според мене е многу тупење. Ниеден вработен човек не може да земе 5 недели одмор за тоа.
    Јас работам од дома и ја чував 2 недели пред вакцината дома и сега е дома, 7ми ден без реакција.
     
    На Mom's_life, kostovaivana и Tea SK им се допаѓа ова.
  2. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.099
    Допаѓања:
    10.432
    Пол:
    Женски
    Мене докторкана во диспензер ми рече, цитирам"е зашто да не оди во градинка? И да закачи нешто, само нема да знаеш дал е температурата од вакцина или вирус. ":D
    Среќа празници споивме ние и зимски одмор земавме да ја одржиме здрава. Теоретска шанса немаше уште 2 недели некој дома да седи. Требаше боледување да земаме, една нед јас, една маж. А боледување кога ништо не ти е ни на тебе ни на дете, никој не ти дава освен ако не исполажеш :D
     
    На azelea, kostovaivana и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  3. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Пред да и ставам си беше дома некаде недела дена, одмор имавме нешто така беше. Топ крвна слика и ЦРП, педијатарот ми рече може да ја пуштиш во градинка уште дента ако сакаш, ама јас ај ја оставив дома 2 дена, не ја пуштив и се разболе, три дена по вакцина. Мислам дека немаше никаква реакција од вакцината, се беше вирусот. Како ти одговара така прави, да биде здраво и уредна крвна слика. Дома пред или после ММР нема врска.
     
    На LiquidLuna и kostovaivana им се допаѓа ова.
  4. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.224
    Допаѓања:
    30.408
    Пол:
    Женски
    Абе знам, и кај повеќето е така.
    Јас пошто сум дома остана здрава и толку време дома инаку и јас ќе ја пратев. Јас додуша сакав од денес ама сабајлево ми беше сомнителна.
    Еве и сега ми е чудна малку, мислам дека ќе крене тт.
     
    На Tea SK и kostovaivana им се допаѓа ова.
  5. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.374
    Пол:
    Женски
    И мене истово ми го кажа сестрата од диспанзер. Јас ја носам во Железничар. Вика ммр вакцината не е ништо поразлична од другите вакцини, само што реакција ако има се јавува покасно. Исто како што после другите вакцини си ја носиш во градинка така и со оваа. Нема потреба да не оди во градинка. Единствено треба да е детето здраво за да ја прими, ама ова важи за сите вакцини.
     
    На Mom's_life и Tea SK им се допаѓа ова.
  6. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.263
    Допаѓања:
    9.219
    Пол:
    Женски
    Нашиот доктор рече две недели здрава пред вакцина и две недели по вакцина да не се меша со деца (не ја носам во градинка иначе здравје од март) Планирам следна среда да ја носам на вакцина.
     
    На Mom's_life и kostovaivana им се допаѓа ова.
  7. bubabuba

    bubabuba Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2021
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Мајки кога префрлија на една дремка малечките, 12++ е и почна во времето кога му е за дремка да одбива да спие да е свеж и спремен за уште игра.. Но, се гледа и дека малку му е една дремка пошто се преморува некако навечер и кај 6 му текнува уште еднаш да преспие па вечерта иаме проблем за заспивање.. Кога префрли од 3 на 2 дремки мислам траеше тоа околу 1 месец... сега незнам
     
  8. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.484
    Допаѓања:
    2.832
    Пол:
    Женски
    Секое дете различно, синко скрати на една дремка на 10 месеци. Пробај првата дремка покасно да му е за да може да издржи до вечерта.
     
    На bubabuba му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Naatashka123

    Naatashka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2020
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    10.431
    Пол:
    Женски
    Околу 11м префрли на една дремка.
    И се случуваше првиот месец пример еднаш неделно да преспие и два пати. Но веднаш се навикна.
    Сама почна едната дремка да и биде подолга и супер и беше.
     
    На bubabuba му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки.
    Малата ми е 1 год и 3 месеци скоро. За јадење никогаш не сме имале проблем пошто по цел ден нешто јадеше.
    Е сега од четвртокот ми качи темп на секој 4 саати така ја држеше 4 дена. Само темп тука лекарот рече вирус и грло. Кс направена железото било мн малце намалено ама детево мое од четвртокот навака нема 1 банана изедено цела а не нешто др. По цел ден се мољакаме и ништо а млеко нормално си пие по 2 флашици како и до сега. Чаре некое? Ми е страв цела крв да не и засллабне. Пробано е и да ја оставам ич да не ја нудам и да трчам по неа и да не и дадам млеко и со работите што знам дека ги сака. Никако не успевам да ја натерам поише од 2-4 закана да изеде.
    Фала ви
     
  11. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.425
    Допаѓања:
    26.767
    Пол:
    Женски
    Течности појке нуди и сируп за имунитет
    Инаку нормално е да не јади кога е болно дур да и подпомини, исто е и моето кога се разболува само млеко пие и вода. Велам добро е што пие течности ако не пие ни тоа ќе дехидрира
    Дали ви дадоа некој антибиотик ?
     
  12. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Пие вода колку сакаш за имунитет давам исто дефендил.
    Да, зинат.
     
    На minne992 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Нека оздрави, не мора да јаде сега, течности и толку. После ќе се разјаде ќе неможеш да постигнеш со јадење.
     
  14. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Абе да ама ваљда дека научена да јаде многу ми изгледа ко страшно ова, прв пат ми праи да нејке ништо во уста да стави
     
  15. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.007
    Допаѓања:
    4.815
    Ние веќе месец дена сме, те со 1, те со 2 дремки и не верувам дека за уште 2 недели ќе ја отфрли скроз втората. 13++. Обично ја легнувам околу 8-8ипол, ако има 1 дремка кај 7 почнувам да ја спремам за спиење. Не знам како ви е распоред ама ако му се приспива кај 6 држи го уште 1 саат и легни го во 7.
     
  16. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.584
    Допаѓања:
    1.443
    Мајки вчера му дадов на моето да проба да пие млеко разредено со вода , испи само 5 голтки ( си правеше фаца ) а јаде секоја вечер каша со млеко без проблем
    и сабајлево ни се пожали дека го боли мешето , мислевме да не зеза за да не оди во градинка и го однесовме и после околу 10 часот ми пиша учителката дека повратил тоа што јадел и бил многу плачлив.. да не е од млекото ??? сестрами го чува дома вика супер е, до сега се нема повратено ...
     
  17. ivani30

    ivani30 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2014
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.680
    Пол:
    Женски
    Еве наш распоред 15 месеци сме.
    Будење околу 7,градинка сме на адаптација од 9 до 11 па околу 12 ни е дремката до кај 14 и 30. Навечер си легнува во 8-9 и со овој распоред баш супер функционираме
     
    На azelea и sani99 им се допаѓа ова.
  18. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.099
    Допаѓања:
    10.432
    Пол:
    Женски
    Чим не е прв пат да проба кравјо млеко, не би рекла дека е од млекото. Стомачен вирус некој е можда.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.074
    Допаѓања:
    4.099
    Пол:
    Женски
    Не се секирај мајка, ние што имаме константни нејадачи скрос може да те разбереме. Од неколку дена нема да и заслабне крвта. Година ипол уште оброк нема изедено, а супер крвна слика има секогаш. Природно пониски вредности има крвта кога е болно детето, така педијатар ми има кажано. После вирус си се враќаат во нормала.

    Поздрав мама, истиот план го имаме и ние. Од март со нови сили во нови победи 8)
     
    На LazaLaza, LiquidLuna и Autumn Love им се допаѓа ова.
  20. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.623
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    Женски ми треба мислење.
    Вака, син ми е пазен, мазен, не го удираме никогаш. Да, тон знам посебно јас да кренам ама тоа е многу ретко и е претежно во некој ризичен момент.

    Е сега, последниве неколку дена приметувам дека ако малку нагло му се доближиве, он ги става рачињата пред лице и ги стега очите, како да чека удар. Да, јас нагло потрчав зошто ја отвори фиоката каде ми стојат остри ножеви и од пајика се стрчав. Мислев дека е до тоа. После пак неколку пати и од мене и од мм така се бранеше.
    Ама прееска приметив дека баш се штрецна кога мм му пријде.

    Многу ми е криво и ми е жал што е така.

    Тој дома не е удрен никогаш од нас. Со баби и дедовци не го оставаме сам.
    Во градинка оди, а после градинка е цело време со мене.
    Се мислам, дали е можно во градинка да го удираат?
    Мм вика, може е нормална реакција ама мене не ми изгледа нормално.
    Дали ви се случува ова, дали јас претерувам можеби?