Јас не го сфаќам тоа дека се крие од удар. Сум приметила дека кога некој го "скара", т.е ќе му рече "не, не смееш тука да се качуваш, не смееш тоа да го фаќаш" итн, често ги става рачињата преку очи, како да се крие. Мене ми личи дека така реагира секогаш кога сфаќа кога е крив, како да се посрамува, или нешто во таа смисла. Не се разбирам многу во детска психологија, ама знам дека не очекува удар во никој случај.
Да ама знаеш како инстиктивно ги стегаш очите кога очекуваш удар? Е и тоа го прави. Многу, многу ме загрижува.
И ќерка ми го прави истото, идентично како што си опишала. Јас мислам дека така реагира затоа што многу пати многу нагло, речиси агресивно (од паника) од раце и' имам џапнато нешто (што не требала да го земе) за да не се повреди.
Разговарај со воспитачките таму дали има деца што се караат, а и сигурно тие цело време не им висат на глава Понекогаш мислам дека и самите воспитувачки кога прават беља им се развикуваат пошто знаат дека не знај да кажи
Женски син ми е ептен по доењето и ден денес. Преку ден ретко дои, само ако е цел ден со мене ама навечер прво дои па заспива и се будо по 2-3 пати во текот на вечерта. Како да го одвикнам? Од каде да почнам? Само да прекинам целосно или иде нешто постепено? Млеко друго не пие, не сака.
Веќе е голем да воведуваш цуцла или да нишкаш во раце затоа би ти рекла кога ќе се разбуди уште додека е сонлив дај му вода (никако чаеви, сокови) и занишкај го или збори му тивко да си презаспие. А за пред спиење добро би било со татко му да заспива некое време или некој друг ритуал да направите.
И ние сме во фаза на одвикнување, т.е од вчера пресеков и веќе не му дадов. И моето страствен цицач, само така заспиваше. Вчера го заспа татко му, ноќеска се будеше за цице ама ја намачкав цицката со сенф и му кажав дека е гадно. Кога виде ме гушна и заспа и од тогаш не побара. Ќе видиме вторава ноќ што ќе донесе. Јас сум упорна да не даваМ вода, јогурт и сл затоа што целта ми е да не се буди поради такви навики. Постепено не беше опција кај нас никако. Ние успешно се доевме 21 месец. Штом си јаде се млеко не ни треба. Јас на моите не давам др млеко затоа што сметам дека нема ништо корисно во млекото. Си внесува јогурт и др млечни производи и мислам дека е сосем доволно. Со лесно
Те молам сподели искуство кога ќе го одбиеш. И јас мачам мака со доењето. Штом ќе ме види одма трча да цица, а реално веќе и многу малку млеко имам. Не дека цица, туку битно да е на цицка. Ноќеска не ме испушта... Мал е за да му кажувам дека е гадно, дека е голем батко, итн.
И јас исто мака мачам ама ајде да помине зимава па ќе пробаме пополека здравје од април натака... Страствен цицач е , ништо друго не го интересира
Мајка исто и ние. Додуша денски не цица воопшто само за заспивање и навечер се буди често. Мене план ми е прво навечер кога се буди да не му дадам туку да презаспие со цуцла или водичка да му дадам (мада сум пробала не сака турка се) па на крај подојот за заспивање. Ако не бива така тогаш наеднаш. Само некако никако да се решам многу плаче навечер ако не му дадам.
И ја планирав од април. Читам некои членки велат да се нуди вода ноќеска кога ќе бара да цица. Обавезно ноќе му давам, си ја пие ама после обавезно си цицнува. А гледам дека и млекото ми се намалило... Фактички голем дел од времето на празно си шмука.
Ако целта е одвикнување од цицање тогаш најбезболно е да понудиш вода. А ако имаш живци за нишкање, држење во раце тогаш оди директно на тоа. Мојот сам се одби ама навиката за будење му остана. Мачно ми беше секоја вечер презаспивањето и му давав малку вода, а за кратко и таа навика се изгуби.
И јас да се пријавам во клубот "страствени цицачи". Не знам ни сама колку подои име дење ноќе се на цицка е. Ако не дадам во моментот одма кога нејзе ќе и текне почнува да се "расправа" со мене . Него мајки од каде купувате онлајн патичиња за проодување? И како мерите стапалце? Мерев должина ми излезе 11см мерев кај палецот кај што е најдолго стапалцето најверојатно таму треба и тие 11см на кој број одговараат? Фала
Ние сме помали од вас може има врска, 14 месеци е скоро. Она ужива да цица, мнооогу цицаше, ама никогаш не се тегнеше по мене да цица, едноставно никогаш па и не ни одбила и ако не ја тргнам не се трга, ама и ако ја тргнам не се буни. Негде две недели пред година и ги тргнав дневните подои. Она не бараше, јас не нудев. После година и го тргнав утринскиот подој, не бараше, не нудев. А искрено најмногу ги тргав само за да почне да јаде повеќе, а јадењево исто остана, ама гледам не паѓа на тежина па ок ми е. Со тоа немав мака стварно. Е остана вечерното цицање. Едноставно последниве 4-5 месеци стана ужас, на 2 саати станување откако ќе легне. Јас не сум спијач, а и покрај тоа, ова цепкање на сонот ми стана измачувачко. Овде читав дека откако ги одбиле им врзувале сон и се секирав како ли ќе пие млеко за калциум, протеини итн, ад не сака. И одлучив дека сакам да цица еднаш пред спиење и еднаш ако сум будна и она стане (а тоа е отприлика 2 саати откако ќе заспие). Пред недела дена се решив да пробам. Инаку пола вечер спие во креветче, а кога ќе стане ја префрлавме со нас пошто ми беше полесно за доење нели виси цела ноќ на цицка. Првата ноќ стануваше редовно како за цицање, ама не дадов, кенкавме, плачевме, се гушкавме и зборував и презаспиваше. Втората вечер за малку ќе попуштев заради мм, пошто он виде како е да се будиш на 2 саати и ми се запна дај и па дај и цицка. Издржав и втората вечер исто ненаспана, со презаспивање, со зборење, галење, гушкање. Третата вечер и понудив вода, за чудо ја испи и заспа без гњавење и после ја преспа цела ноќ, не се разбуди. Наредна вечер исто мислам стана и понудив вода, несакаше, пак се галевме, заспа и преспа цела ноќ. И така останав само на подојот пред спиење и уште еден пред да си легнам, а она спие без да се разбуди до сабајле. Ова е тазе од синоќа, јас сум заспала во дневна, она станала и тој период и давав да цица, ама маж ми отишол ја ставил на спална презаспала и си спиеше до сабајле, само со 1 подој. Па така ми личи некако дека нема да имам проблем и тоа да го тргнам, а всушност да пиеше ад и да пиеше од шише веројатно ќе ја одбиев скроз. Ама ете, некако постепено го правам јас тоа, а не наеднаш.
Јас обележувам на лист од крајот на петата до врвот на најдолгиот прст. Најчесто е палче, но може да биде и друго прсте и мерам. Повеќето спортски продавници имаат мерки и во сантиметри и според тоа порачувам. Различни брендови можат да бидат различно бројче. До сега имам земано од Sport Vision и D sport. Точни биле мерките.
Дајте совет некој мајки Малата е 14 месеци, во почеток на декември имаше температура, добра крвна слика, почна да се фаќа за увце. Брисеви покажаа стрептокока пиогенис група а на грло, инфлуенца во нос, увото беше црвено. Испи една доза панцеф без значителен ефект, не прати на орл во букурешт, го испраа едното увце, даде дексаметазон капки за уво и оперил со гентамицин за нос. Исто без ефект, се подизбистрија мрсулите ама увото иста песна. Педијатарот даде сумамед и ме прати кај др мери. Спрееви три за нос, капки тобрадекс, флоксимед капки за нос и се соглади за сумамед. На контрола кај мери после 1 недела пак воспаление иако со некое подобрување. Земав боледување, афти и габично се исфрли цела уста, па нистатин и ацидосалус. Ајде да не давам купови пари пак, друго мислење, кај др јане орл исто така. Рече има подобрување според тимпанометрија ама уште е розево тапанчето. Само пробиотици и за имунитет да давам рече. Дете уште се фаќа за уво, ќенка и одам пак кај него на контрола и он ме одбрусува, со голо око со светло ја виде, добро е, нормално е дете кога ќе се вознемири да се фаќа за уво... Утре пак кај матичната ќе одам и да затворам и боледување морам да оди понеделник во градинка. Не личи да пцујам на форумов ама ми се урла. А да, на контролен брис излезе во нос пнеумонае ама бидејќи нема мрсули рекоа да ја оставам така. Знам дека утре ќе каже дека сеуште е воспалено, гледајќи си го детето Некој совет нешто имате? Некоја со искуство слично? П.С.Отол х, капки ги нема ни тука ни во србија.
Др Мери и Александра не ми се за деца некако... моето искуство барем. Шалиќ ако најдеш термин, ОРЛ во Систина препорачувам исто така, и крајно не ми е лошо искуството и со ОРЛ на клиника. Јас од кога ја однесов кај Македонка во Систина, со терапија без антибиотик не ми фати малата ушна инфекција од тогаш , а уше ја болеше малтене секој месец до тогаш. Капки во уво она не дава, кај нас го најде проблемот во синусите, и каналите. Провери и трет крајник и тој прави проблем на уши.
Извини ако звучам просто ама не знам. Како се проверува трет крајник? Ќе ја прашам утре педијатарката за мислење...