Зборот ми беше дали треба снимање или нешто слично Секако не ни бега пак. Ќе пробам кај Шалиќ утре Фала ти на одговорот
Од колки месеци се најпогодни тие scoot and ride? Искуства вака? Се мислам помеѓу тоа или трицикл или баланс точак или летна количка за кога ќе затопли
За овие скут и рајд ортопед кажа не. Се кривеле коските многу. Подобро баланс точак да земеш. Јас лично се мислев ама не ми изгледаше како најдобар избор да вложам пари. Ама од мене имаш топла препорака за трицикал. Син ми доби два, има по еден кај двете баби и ги обожава. Првин го туркав јас ама одамна се извадени деловите и сам ги вози. Летово ке треба веќе велосипед класичен. Ама ке полни 4 во јули. Ако не спие во количка, не знам колкаво е, трицикал ти е замена за количка, за туркање е топ.
Дали вашите дечиња престанаа да мочкаат ноќеска? Има 17 мес, од пред неколку дена веќе се буди со сува пелена. Денски нормално си мочка.
Мојава кога цицаше стално и беше сува пелената сабајле. Сега со шишето млеко пред спиење, ретко се случува со сува да се разбуди.
Мислам дека нашиве се "големи" за количка и трицикл на туркање. Барем синко не седи. Балансерот е убав, меѓутоа да проверите дали му одговара висината, често се за поголеми/повисоки дечиња. @MilaSs12 зошто не scoot and ride? Став на Видоевски или Антоние? Син ми доби на подарок за нова година, го турка низ дома и му ги врти тркалата, ама ептен му се израдува. Јас пак едвај чекав да се затопли за да го користиме.
АД не прифати никако, сите ги пробав, тетрапак одма го прифати. Едно шише и давам пред спиење само и уште и го разредувам 70% млеко 30% вода.
И мојава има и јас едвај чекам да затопли. Се нешто не е добро , кај и да е и за нишалка ќе речат дека не е ОК ортопеди. Плус никаде не сум прочитала дека не е здраво опција scoot and ride.
А јас пак баш си мислев трицикл за пролетва да земам дека не сака во количка откако прооде. Моката дека е ситна си викам таман ќе ја туркам и после ќе си го вози. 18 месеци е сега. Искуства други за трицикл и каков да земам?
Претеризам се некои препораки од ортопедите. Да го слушавме Антоније требаше детево кај и да сум седната да ја оставам да лази и да лиже по земја... Во раце да го земеш најголем грев е. Единствено што мене ми мати ум, затоа што чекав исто сега кога ќе се затопли да земам, а другарка го има па го пробувавме. Мојата е доста височка, а не оди и по мое мислење многу кратко би ја користела опцијата за седење. Затоа што на највисокото ниво нејзе и се ноџињата во колена свиткани, јас некако мислам дека (како и ние кога возиме точак пример) нозете треба да се прави или минимално свиткани, инаку е тешко возењето. Да и беа прави нозете на средното ниво, сигурно ќе и земев. И сега се мислам дали да чекам и директ да и земам баланс, на тие веројатно седењето има повеќе степени за нивелација, не сум разгледувала.
Женски сабајле син ми се разбуди со нагон за повраќање. Многу ама многу малку течност проѕирна беше. После стана, беше весел, јадеше малку и по 2-3 часа пак заспа. Сега стана од спиењез расположен и од еднаш поврати. Пак само течност, проѕирна со млечно бела. Почна да поткашлува пред тоа ама само 2 пати дента, навечер не. Не сака да јаде сега Да го носам на лекар? Може да е нешто лошо?
Антоније. Кај него го водам. Објаснувањето беше дека оние колички каде детето ке седне и со нозете ке турка се лоши за развој на колена и колкови мислам кажа. Неправилно турка, неприродна положба.
Доколку изел нешто што ти е сомнително однеси го. Може стомачен вирус да е а течноста да е во зависнот од тоа што пиел, давај му вода денес повеќе да не дехидрира и следи го ако не се подобри утре на лекар или вечер во зависнот од ситуацијата.
И ние од таа мака зедовме трицикл, за џабе. Пред да го имаме во парк одеше да ги зема сите трицикли на другите деца, откако купивме, наместивме и ѕвонче за поинтересно да му е, сѐ на сѐ 5 пати дали се возеше, останатото време тој го турка празен. Ние зедовме коколе од либерта, не го препорачувам. Предност е што се врти во два правци и е погодно и за помали деца и случајно за кратка дремка и се собира, топ за во гепек, меѓутоа веднаш почна да квичи и некако не ми е многу стабилен. Единствено шо ми се чудни шо не се вртат рачките лево десно, туку со наведување кон саканата страна врти. Не знам дали би се снашло бебе, мене многу ми е чудно. На балансерите се нивелира седиштето. А за баланс точаче каков му е ставот? Јас пак ептен мислам дека се супер сите овие тротинети, трицикли, балансери, точаци оти развиваат и груба и фина моторика. @Emotional123 може да му е шлајм шо му се слева. Јас не би брзала за на лекар, не мислам дека е нешто страшно за да го мешам со болни деца. Прати го, ако е пообилно повраќањето давај електролити и пробиотик, ако ептен зачести или се појават и други симптоми, носи го на лекар.
Баланс бајк препорачува Баш на последна контрола ми го спомна, да сум му го земала тоа, а не коли и сл. @Mucika јас не сметам дека Антоније претерува. 99% од работите што ги кажува се ептен на место, дете и треба на земја да расте, а не на кревет. Мојот проблем со него е што има слабо термини, а нногу гужва, лстанатото, човекот е топ.
може ли да ми покажеш слика какви се тие баланс точачиња? имам закажано кај антоније ама дур чекам да разгледам, сигурно и нас ќе ни препорача. мојата е 13 месеци, прооде пред еден месец, веќе количка слабо користиме не сака да седи, сака да оди, мислам таман ќе и биде за кога ќе запролети нешто такво да и земам не знам ?
Ние имаме трицикл, минатата година ни го дадоа подарок за крштевката. Летото се изнавозивме, ептен го сакаше. Цело лето во него. Но не одеше сеуште. Сега е 19м и не сака многу да седи, или за рака со мене сака или таа да го турка. Пола пат се вози едвај ќе видиме како ќе биди пролетва... Нашиот е од lococroco и ок е. Но не е многу стабилен, на повисок тротоар одвај слегуваме