Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Мојата на трицикл се возеше до 3 години, потоа на тротинет се префрли.
    Кога престана да ја сака количката во трициклот обожаваше да се вози.
    Супер ми беше кога требаше некаде пешки да се оди.
     
  2. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.062
    Пол:
    Женски
    Препорака за хипоалергени креми?
    Не знам дали е во соодветна тема ако не е префрлете
     
  3. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.984
    Не сум дообјаснила. За вируси и бактерии збореше. Прво рече "еве безвезе е што седиме со маски, вие сигурно сте прележале корона, јас три пати прележав", ние му викаме не сме прележале. Ова со лазењете не беше за домашни услови, туку, кога ќе одите во кафич, место во раце да го држите бебето, оставете го на земја, па што ако лижнело така се правел имунитет, во кафич... Не дека не му се издржани ставовите, ама дека помалку беља ќе направам тие 30 мин. ако е во раце отколку на земја, во тоа сум сигурна.

    @IRBBB мислам дека е клучно седиштето добро да го позиционирате било на тротинетот или на балансот. И на балансот ако го ставиш прениско ќе се искриват коски. Кога е застанат да му е под газе, а не да е седнат и нозете да му се свиткани во колена, мислам дека тоа сакал да каже кога зборел за тие колички што се со туркање да се одбегнуваат. Тоа би му дошло како да клечиш и да одиш, пробај, се живо и диво ќе те боли и ќе ги кривиш нозете. :)

    @Anaroz1 да праша попрецизно да знаеме ние што не сме опремени што да купиме :D.
     
    На Tea SK, IRBBB, Speechless и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.772
    Допаѓања:
    6.313
    @Mucika искрено не знам што ќе препорача, ама сега кога го видов мислам дека се мали нашиве за ова баланс точаче:?:
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    5.985
    Пол:
    Женски
    Јас па мислам летово таман ќе се :D Прочитав дека од 18 месеци е.. Веројатно тоа и трицикл ќе му земеме па ќе видиме.. и за scood and ride бев, ама ме предомисливте, и јас сум верна на мислењето на Антоние
    Досадно му е во количка веќе а и нас некако гломазна ни е сега кога ќе си оди
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.984
    Па кај година ипол ваљда ќе се таман. Ама и од детето зависи дали ќе сака, мојава дама ко што пази на се, прашање е дали би се качила на вакво нешто. :D А ги тркалаат, лани баш ги заприметував ко мравчиња со тоа шлемчињата, имаше дури и на мини скејт паркот малку поголеми ги шибаат:D.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  7. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.586
    Допаѓања:
    38.208
    Пол:
    Женски
    Ноќеска поврати во 3ипол па во 4ипол и уште два пати пред или потоа не се сеќавам. Можно е од прејаденост? Не мислам дека беше прејадено ама не знам од вирус може само неколку пати? 18 месеци има го оставив да спие до 9:30 сабајле и стана летаргично како цела ноќ да по враќало. Јадеше пиеше вода не поврати сеуште. Не знам зошто повраќаше ноќеска? Сега какаше нормално и цица заспива. Ама се гледа дека не му е ок само бара причини да се лути и не е расположен.
     
  8. Naatashka123

    Naatashka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2020
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    10.437
    Пол:
    Женски
    Мајки, малата е 19м. Еве веќе 2,3 недели кажува откако ќе се покака, и вика 'кака кака има'. И ништо не сака да прави додека не ја пресоблечам. Одма легнува и чека:rofl:

    Дали да почнам да ја учам да кажува пред да и се кака или мала е сеуште?

    Некој совет
     
  9. Grasiela**

    Grasiela** Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2018
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    695
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, каков нокшир купивте најпрво за вашите деца?
    Дали да земам скроз обичен од оние пониските, или како налик на вц школка, има гледам и музички шарени...
    Може ли ако земам од овие како играчки, да го гледа како играчка и потешко да се научи, а овие па едноставниве по да не го привлечат
    Јас бев највеќе за нокшир како вц школка пошто иде со мене во вц и одприлика може си има некој предпоставки за што служи :D
     
  10. Grasiela**

    Grasiela** Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2018
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    695
    Пол:
    Женски
    Јас мислам да, дека полека треба да се учи, истата возраст е и кај мене, и јас сакам да земам нокшир , подоле прашував за каков :?:дали вие си купивте?
    Инаку ми викаат да почекам да се стопли, ама мислам дека не губиме ништо уште од сега да се подучуваме, посебно како кај вас кога веќе си кажува.
    Ако одприка си знаете кога "оди" во "вц" тој период нека си седне на нокширче па може ке си заврши работа.
    Кај мене после будење на сабајле си оди, и планирам веќе да го седнувам па ке видиме како ке оди
     
    На Naatashka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Да, можеш да почнеш да ја учиш. Мојата исто тој период почна да кажува кога ќе се искака, па потоа кога веќе се кака во моментот и на крај пред да се искака со што почна во нокширче да се кака.
     
    На Naatashka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.251
    Допаѓања:
    18.097
    И мене ми викаа почекај ладно е. Ама внатре топло ни е, нема да се настинат ако се измочкаат во гаќи.
    Мојот е 21 м и веќе месец дена сме без памперс. Знае да згреши еднаш во 3 дена, ама ништо страшно. Најчесто ќе пушти, па вика по мене да седне нокшир. За спиење ставам памперс, зошто цицаше до пред некој ден навечер и не ми беше логично да го извадам.
    Големата на точно година ипол беше без памперс и за спиење, исто зимно време.
    За нокшир земам најобичен,мислам иста функција врши.
    Да напоменам моиве со мерак го прифатија нокширот и не ми беше логично да одолговлекувам. Да наидев на минимално противење, немаше да форсирам.
     
    На Zumbulche, IRBBB, nevermet18 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.296
    Допаѓања:
    10.858
    Пол:
    Женски
    Дајте предлог чашка со клунче ама да може да се носи во ранче без да тече.
    Имаме една од Хип поклон ја добивме ама не можам да најдам да купам. Има како гумичка на клунчето и мора да влече за да тече вода.
    Купив на НУК ама тоа стоперот да не тече е внатре на капакот мора да се одврти за да се затвори/отвори протокот, не чини за во ранец за во градинка.
     
  14. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234
    Мајки ме интересираат три работи. Од кога треба да се чистат запчињата со четка и паста? Од кога може да давам вода од чешма? И последно, кога престанавте да давате млеко како ужина/оброк? Фала ви :D
     
  15. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    13.248
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Нашата е ваква, на Чико. Ја земав од аптека, 600 ден. Има внатре едно силиконско, кога се вади тоа, тече, инаку не. Лесно се одржува. Оваа ми се покажа како најпрактична.
    Јас уште пред годинка го учев само со четка (тие за чешкање непца што се од ДМ), па од год и 4 мес почнавме да се учиме со детска паста али малку тешко ни иде (не му се допаѓа вкусот ваљда). Вода од чешма не давам, и не планирам да давам. На него му купувам Ладна, а ние најчесто полниме од селска чешма. Млеко исто не давам и не планирам да давам.
     
  16. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.772
    Допаѓања:
    6.313
    сега почнав да ја учам, 14 месеци сме скоро, тешко ни оди, за четкање запчиња, вода не планирам од чешма да давам пошо ни ја не пијам, ама во градинка им даваат од чешма, мислам во јасли 1 уште не во шише им носиме од дома, ама од наредна група ги учат да пијат од чаша и им даваат од чешма, млеко и давам за запивање и од сабајле кога ќе стане по 150 мл, почнав да и давам кога ја одбив од доење на 11 месеци и планирам да и давам додека сама не одбие

    @nevermet18 не даваш, ама не си спомнала дека го доиш уште, значи пие млеко
     
    На nevermet18 и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  17. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    13.248
    Пол:
    Женски
    Да, ама не е исто кравјо и мајчино. А особено па тетрапак нема никакви бенефити за децата.
     
  18. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.772
    Допаѓања:
    6.313
    нигде не пишуваше кравјо, пишуваше млеко :?:
    и мислам дека нејзиното бебе е помало и од моето и дека сеуште има потреба од млеко, најверојатно не го дои колку што можев да сфатам

    едит: мојата пие хип комбиотик
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.296
    Допаѓања:
    10.858
    Пол:
    Женски
    Треба да се отвори цела чашка за да се извади силиконското?
     
  20. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.296
    Допаѓања:
    10.858
    Пол:
    Женски
    Без паста и чистев уште кога и никна првото, со паста од годинка. Вода пд чешма се уште и превривам зашто многу бигор има во скопската. До годинка цицаше, после тоа само пред спиење млеко пие. Ваљда до годинка треба да се имаат две цврти ужинки, место млеко.