Мајки,дали некое од вашите дечиња почна да се удира по глава?Моето има 13 месеци и пред неколку дена почна кога е лут да се удира по глава со раце ама онака со сета сила. Од нас тоа го нема видено и чудно мие дури почнува страв да ме фаќа
Ве молам како да сменам распоред на спиење на скоро 18 месечно дете??? Буквално од 2 јануари се до ден денес заспива само до 22,30-23 часот ,еднаш знаеше и до 00часот да седи Со молење , на сила не бива никако .. Ништо не ни помага , го легнувам да цица околу 21.30 за да заспие нема шанси .. Затоа од сабајле е никаков , плаче за во градинка
Општо во 12часот , супер си беше до Нова година си заспиваше во 21-21.30 ... сега нема шанси , свеж е премногу навечер да си игра уште
Ооо рано. А да пробаш порано, околу 19.00-20.00 да го заспиваш? Може се преуморува и затоа не може да заспие.
Запчиња се мијат откако ќе излезе, паста уште не сум зела од што не знам каква и заборавам, па со овода само четкам. А добро да прашам ви се бунат кога им миете заби? На почетокот и беше интересно, сега ми ја зема и ја гризе со вилица четката не и ни допира до заби, по малку се бориме да знам дека сум ги исчеткала. Вода од чешма за пиење не давам, ама во јадења таква ставам. Другаркиве мои со 2 деца, на второто од бебе му даваат, па веројатно е прашање на време кога ќе се опутшиш ако ти пиеш од чешма . Цицаше наместо ужинки до година негде, после година има цврста ужинка, ама и таа е некогаш млечна, пудинг, каша, јогурт.
И јас мислам порано да го заспиваш. И кај нас имаше проблем до пред некое време со запивањето траеше 3-4 недели сега е подбро. Инаку има овој период некоја регресија во спиењето, баш читав. Пробај порано да го легнуваш мислам дека е доцна 21,30.
Од вечерата добива енергија и затоа ти стои дека е најсвеж. Порано давај му да вечера, спомна дека оди во градинка, не ручаат таму рано? И син ми заспива во 12 вечер ама него дремката му е до кај 5-6, многу му е мислам од 12 до 12, па и до 9.
Ќе му помине мајка фаза е некоја и синко исто кога нешто не успеваше се удираше по главчето со двете раце, еве го сега на 14 и пол месеци не се удира веќе.
И мојава мислам дека баш тој период истото го правеше и тоа баш така од ништо ќе почнеше да се удира по глава.Еве сега е 19 месеци не се удира повеќе.Ќе му пројде не се секирај.
И мене ми велат демек кога ќе се стопли да почнам, но кога веќе почна да кажува и јас велдв веќе да почниме на нокширче да седнуваме па ќе видиме како ќе оди. Немам купено, имам едно подарок уште кога се роди ни го дадоа комплет беше со коритото, кофа за вода и сл. Нокширчето е како столче за да си седи па ќе видиме што ќе направиме. Мојата 90% оди навечер пред спиење во "вц".
Женски дај кажете како да му задржм внимание во хранилка? Сите играчки и книги ги поминуваме, се треска во храничка, и на крај пак завршуваме низ дома да го бркам
Ние одамна се бркаме и хранилката ми служи како закачалка ама еве шо пробував. И лепев од тие прстените шо се за редење ги знаеш сигурно, со селотејп на хранилката, она да ги вади јас да ја хранам. Ставав вода малку да шлапка со рачињата демек да се занимава. Храневме се по дома, од плишани животни до вистинското животно шо го имам дома. Не сум пробала ама пред некој ден другарка ми даде идеја sticky notes исполепени насекаде, нека ги вади. Магнети и ставав на метална лажица да ги лепи. И најомиленото, изиграваш кловн. Пееш, играш, скокаш и на крај пак вришти и сака да искочи и ја пакуваш хранилката и се откажуваш веќе. Толку Едит: ако имаш собрано капачиња од шмукалчиња или нешто, јас и ги ставав сите на хранилката истурени и едно тегличе и да ги пика во тегличето.