Исто ги облекувам и јас. Наместо боди кај големиот маичка по кратки, а кај бебе боди по кратки. Ракавици никогаш им немам ставено.
Досега ние хулахопки немаме ставено. Кога шетаме боди по кратки, и тренерки фатирани. И јакна и капа. Ракавици не. Туку да прашам некој да не има искуство. Последниве 2 пати детево не сака капење. Пишти корни кога ќе влезиме во вц. А до минатата недела од раѓање неможевме да ја извадиме од вода. Преееепреемногу сакаше. Што и се случи наеднаш неможам да сфатам.... Со играчки, со се пробав, не сака и не сака....
Фаза од која само што излеговме. Исто од бебе ужива во вода, од нигде никаде почна да пишти плаче кога го бањавме. Ништо му немавме сменето од стандардно. Може 2-3 недели му траеше тоа, експресно го бањавме пошто вриштеше. Само по себе му помина сега пак ужива да се бања.
Еве исто. Незнам што се случи, и ние исто се стандард. Јас ја бањав, па да речам ај не видов нешто да не се исплашила друг ако ја бањаше. Претходниот пат исто весела беше ќе одиме да се бањаме и кога влезе во вц почна да плачи, одвај успеавме набрзина. Денес сама пробав ама не бе Вечер мм ќе го чекам за заедно... или ќе одам сега од оние играчкине за во бања да и купам Се надевам нема долго да трае. Вие колку месеци сте?
Година ипол е. Исто се пробувавме џабе ни беше додека сам не се врати по старо. Сега само нејќе косата да му ја миеме, тоа на крај оставаме да нема плачки од старт ама далеку е од тоа плачење што беше. Завршивме со скокови, мора да продужи нешто да не дрма Со лесно
Да. Последно во понеделникот вечерта шетавме, така беа облечени. Поголемото си кажува кога му е ладно. Ни јас не сум зимурлива, на -10 може да облечам хулахопка, а може и не.
Дома носи: тенки хеланки, чорапи, боди со долги ракави, тренерки. Надвор плус јакна, изминатава со една подебелка (монтка стил), капа и патики.
Малер ме тепа за мрп значи. Решив да ја вакцинирам правам кс црп 9. Вечерта одма носето де тече де затнато и проливче. Поминаа 2 недели супер си викам правам кс и ја боцкам. 2 дена се чуваа со баба, денес на баба нос почна да и тече, малаксаност и блага тт. Абе коса ми се крена Сега колку да чекам па да правам кс, во случај да не ми пројави симптоми од баба и да не префатила нешто?
Јас толку го чував за мрп, крвна слика топ и 3 саати после вакцината качи температура од вироза. Јас би ти рекла прави кс и ако е добра вакцинирај. Никогаш нема да бидат скроз здрави, а и кс не ти е гаранција за ништо.
Тука сме биле.. ние 19м. Изгледа има уште некој скок овој период Ајде се надевам брзо ќе и пројде ова
Дали после примена мрп 10 дена треба да седи дома? Јас планирам наредна недела ако ја изгураме оваа недела да е здрава.
Технички, треба да седи дома за да не закачи плус вирус некој па да не знаете дали е реакција од вакцината или од шо се има разболено. Во пракса, @Tea SK и @azelea ги пратија одма во градинка. Никој не може да ти каже дека не можеш да ја носиш
Уште не ја прими. Чекам некој дрн да пројде да не пројави симптоми од баба и. Ама мислам дека убаво е некој ден да поседи дома.
И ја истото го чекам само што сакав да ја вакцинирам дојде вујко и и до вечерта качи он темп. Од сите страни некој болен ни искача