Е види дали ќе можеш од јутуб да копираш линкот па иди на гугл yourube to mp4 (мислам дека е расчепкај мп4) convert. Или крајна опција од нетфликс да најдеш некој да ти ги симне. Ако сакаш пиши ми лп.
Каква свежа салата им давате? Мојата засега краставица, патлиџан. 18 месеци е, ама зелка шо знам нели е тегава или може да ја џвакаат?
Мојов крставица за жива глава не сака да проба, еднаш жими и не ја бендиса. Млада зелка му давам, ситно дробена, мека е. Ако му е тврдо или големо парче шо не можи да го совлада, плука одма. Марула му давам, домати ко му беше сезона, сега ич не ми се за салата, ни за нас не купувам.
Мене пак марулата не ми е ич за дете, дека немам домашна. Затоа варам тиквица, кромид, брокула. А зелка баш ќе ја пробам. Кисели краставици не знам дали смее ама она па ги обожава.
Не сум тагирана ама морам да пишам. На моево му се залепи за крајник/грло не знам каде точно зелка, не можеше да ја искашла, многу плачеше и бараше помош . И оттогаш свеж зеленчук не, јаде свежо овошје, зеленчук само обарен. Патлиџан би дала ама ко ќе му е сезона.
Се ние што јадеме. Летото шопска, грчка кркаше. Сега зелка, цвекло, морков рендано, кисели краставички си грицка од време на време, се подаде и по пеглана пиперка со лукче ама не ја бендиса
Мојава цвекло морков рендано од 10 мес јаде. Имав еднаш инцидент на почетокот, ги чуваше парченце по парченце цвеклата во уста и проба да го голтне, да почна да се дави инаку со зелка не сум имала инцидент. Во градинка им даваат да знаеш, знам дека се спремате.
На мојата нешто слично со бисквита и се случи, мислам дека душа немав во тие неколку минути, личеше како да се дави, ама пошто плачеше знаев дека дише и останав смирена. А она е научена да плука и да искашлува кога ќе и кажам и кога ќе и ставам рака, само овој пат не успеа, после го совлада некако го голтна, многу ми беше жал, ама така се учат. Од сешто може да му се залепи така на грло парченце, освен плачењето, не претставува ризик. @brm_brm освен патлиџан и краставица, кромид млад и давам ако имам тазе купено интересен и е. Зелка мислам можеш така ситно сецкана и тоа би дала, а помали сме од вас. Марула јас па не сакам ми е страв да не не ја измијам убаво да не залета некој паразит. Морков и цвекло рендани ситно можеш, ама на парчиња свежи не, претврди се. Се што е помеко од зеленчук може. Кисели краставички одмиј ги малку и ако си нашла нешто да јаде, остај го дете нека јаде .
Како што читам фаза е и се надевам ова со капењево ќе помине побрзо оти комшииве ќе помислат го отепав детево од ќотек А кога јаде нешто преку денот или ако се извалка на рачиња одма вика миаа миаа и оди в кујна и чека вода, а за капење не
@Mucika Дури тој очајно бараше помош и јас бев скроз смирена, па така смирено мислев дали да го носам во Систина, дали имаат ОРЛ или да го носам на ОРЛ клиника или педијатрија, дали ќе вадат парчето со пинцета или со ендоскоп. И не ми беше ич сеедно право да ти кажам тој момент и покрај тоа што знам дека не може да се задави. А бисквита ќе се разгради од амилаза во плунка, ама свежи зелка, морков и цвекло и не баш, исто како и коска од риба што нема да се разгради и ако се заглави на корен од јазик, оди тргни го. Мајка ми апсолутно немала храброст да ни дава толку цврста храна на година ипол па еве сме сега и јас и брат ми со развиени вилици, збориме, џвакаме сѐ супер, така да жив и здрав да е има време, ќе јаде и тоа.
Ајде сите да си се изнасмееме на моја сметка што се радував вчера дека цела недела здрава сум ја одржала ќерка ми.
На јок, требаше во понеделник она денес ми крена темп. Мрсули едни густи што ги вади.... Ќе си почека ...
2 недели беше здрав. Си викам ејј одлично, до сега нема издржано повеќе од 2 недели, мислев ќе рушиме нови рекорди... Еве го сега со темп. А требаше на роденден да одиме. Ха ха