Прв пат слушам за ова,ваљда не живееш во Мкд. Добро ако јадете зеленчукови каши. Јас сум скршена. Денес направив крвна слика,и џабе мислев дека има подобрување. Хемоглобинот паднал на 83. Почнав пак со капките.
Пробај да даваш по малку пилешко џигерче. Црвени работи обавезно цвекло,потоа боровница, брусница, рибизла и т.н. Јас секој ден сок од цвекло и портокал давам. Досега сме ок. И ние многу зеленчук не сакаме. @Monella мислам во Италија беше. Таму веројатно јадат коњско месо.
Да прашам, син ми имаше температура од четвртокот до саботата (најмногу до 38.5), вчера фала Богу се смири. Е сега е проблем што слушам дека носето му е полно и почна и да поткашлува (претпоставувам дека му се слива). Што би препорачале за чистење на носот?
Го носев вчера пак на лекар, бидејќи почна повеќе да кашла Докторката рече дека нема ништо на гради, само црвено грло од вирус и плус му се слива од носето. Ни даде марисол капки, ефедрин и сируп од тегавец. Синоќа пак качи малку температура, сакав парацетамол да му дадам и три пати поврати Денес планирам да го инхалирам, позајмивме инхалатор, како успевате да ги додржите? Син ми има батерија во газето, не седи ни минута на едно место преку ден.
Бучењето малку го олашеше моето и му беше и инѕересно,јас пеев и доседувавме некако. Стљви,озвади,исклучи уклучи. Скрос мирни не верувам некои дека седат. Ке даваш да држи нешто што го сака а не им го даваме дека не е за нив,како на пример телефонот.
Керками еве веке неколку ноки се буди и седе сама ке седи колку минута две и пак легнува или на местото илике почне да лази и ке се премести на др место еве синока на мене си легна не гледа каде легнува право пага..Почна да ме загрижува дали некој имал слично искуство..Дали е период или не мн ми е страв.
Спреј. Дoктoркaтa кoгa ни гo препишa рече декa е мн ефикaсен,и дури и пoсле кoгa немaше веќе пoтрбa рече слoбoднo прскaј зaгaден и тaкa е вoздухoт ќе му се чисти бaр нoсетo,немa штетa нее кaкo др спрејoви дa гo суши нoсoт.
Јас денес ќе купувам термометар, решив дигитален. Во Еурофарм има на Microlife од 10 и од 60 секунди, што би препорачале. Тој од 10 е секако полесен за употреба, ама некако се мислам дека тој од минута може попрецизен ќе биде... Знам дека аналогните се најточни, ама немам шанси малиот да го држам три минути да го мерам.
Јас го имам тој од 10 секунди, ама тој не мери за 10 секунди, за повеќе и прецизен е, сум споредила неколку пати со живиниот. Јас и со тој не можам да го додржам син ми, зошто мојов изгледа има повеќе батерии во газето од твојот, па му давам новчаник и така чепка внатре, а јас оперирам.
Ах, кај нас татко му го држи него, јас рачето со топломерот и чекаме Хорор е станат, дури и со јадењето во последно време - фино си јадеше седнат, сега мора и да гледа телевизија, а најчесто и некој плус да го држи во скут. За среќа брзо јаде...
Аха,епа јас имам Низита,ама во форма на маст и и го ставав во носе кога и е затнато,ја навлажнува слузницата и го чисти,а незнаев дека има и спреј
Хахахахахахахаха ме насмеа, мојот јаде и оди, или ептен ако е гладен седнува со сите играчки околу него. Вчера јадеше и брмчеше со колата, цел тепих лом ми го напраи
Тоа јаде и оди ми е многу познато, исто како и јаде и вежба гимнастика, јаде и си игра со завесата... Се само не "седи во хранилка и јаде". Одиме на одмор за некој ден, не знам таму што ќе правам ако нема Baby First
Море нека јадат само,ке переме ако треба,ке трчаме.. Се ке правам само да го слушам звукот како мљацка и да го видљм веке еднаш покачен хемоглобинот. Моево има 16 месеци ама одсекогаш знае така понекогаш да се преместува навечер па се бркаме. Се си мислам дека им е топло,па и ние се поместуваме чат пат. Не би требало да има простор за грижи.
Јас и малата за некој ден сме за во оваа тема. Да си се пожалам болна е и лечењето е измачување вришти на инхалаторот го тегне цревото, борба е кога давам сируп се тепа ме турка, мерење температура ми е невозможно па земавме од тој на чело што се мери, само така успевам да измерам, почна и вода да не сака да пие и ставав Линекс во водата, па како да знае ќе се напие и плука тушира наоколу инаку не е многу темпераментна дете, ама кога треба да ја ѓњавиш со лекарства ужас е и посакувам само добро здравје и помалку разболување за другото ќе издржиме
Тоа со сирупите е ужас. Викендов парацетамолот некако и го пиеше, додека не сфати што значи пластичната лажичка и шишето - тогаш почна да повраќа после пиење на сирупот. За среќа сега не треба парацетамол, туку само мукоплант кој е благ, ама и тој мора со друга лажичка, а денес дури и така мафташе со рацете и се тегнеше, па повеќе заврши на килим одошто во уста