Во слична ситуација сме, ама кај ќе испие/изеде 500мл јогурт/сирење во текот на денот, мислам дека нема шанси. А од друга страна па се осеќам дека форсирам цело време млечно за да стигнам до тие 500мл и ми е страв железото дека ќе почне да и паѓа.
@Anculce Мама синко не прифаќа никако формула (плус алергичен на кравјо, козјо давам) не сака да го пие. Јас давам во каши млекото, пример млеко 200мл со Бисквити за вечера, или сутлијаш му правам со формула млеко. Има чоколино што се прави со млеко. Така пробај да даваш млеко за да внесува млечни. Овошни јогурти исто домашни, грчки јогурт со банана во шмукалче за ужинка.
Мене никој не ми кажал за 500мл млечно и не форсирав. Навечер и насабајле гледав да внесе млечно и толку.
Негде по интернетов сретнав табела дека не секој млечен производ исто се мери. На пример павлаката со висока масленост не може 500 мл да се внесе во еден ден премногу е. Исто ко сирење 500 грама да дадеш, една пита бурек ако изеде Многу помала количина заменува 500 мл. Ако ја најдам табелата ќе прикачам обавезно. За железото не се секирај, ако имаш размак од 2 саати меѓу млечен и "железен" оброк нема да пречи на апсорпцијата.
Женски, има некоја фаза со фрлање работи на 14-15 месеци или нешо научило детево у градинка? Значи не намерно да фрла по нас, не е нервозна туку така ги дава работите. Со фрлање. До сега ги даваше нормално, полека, културно. Сега се размавала, очи ќе си/ни искара.
Два дена исто. Татко и ми вика што подиве детево. Си носи ствари и од еднаш ќе го џитне. Без нервози туку онака како ѓавол да и вика у глава destroy
Мојата е 18 месеци и уште си е во тој период. Од денес ќе си одам со скршено стакло на екранот, 3 години како нов си го чував телефонот, денес ми го грабна, бегаше за да ја гонам кикотејќи се и на крај ми се заврте и гледајќи ме во очи ми го тресна одземја, по тоа секако ми се изнасмеа во лице…
19месеци мојата женска. Лепешка е за мене. Преку ден ја чуваат кој како стигне дур си дојдам од работа. Страшно е насабајле ако се разбуди а јас сум дома уште, пиштење вриштење е. А ако се разбуди и не ме види нема гајле. Си седи цел ден без да ме бара. Амааааа се враЌам од работа и почнува да се тегне кон мене да ја земам во раце.....ама буквално да ја држам и шетам низ дома. Немам снага веќе. Ноќе се буди по 1099999 пати и ме крева и вика Стани за да ја земам и презаспијам. Ај да речам дека не може сама да презаспие. Ама ова преку ден е баш вриштење. Седнувам да јадам и ми седи во скут и или буричка во јадењето или ме крева за да станам. Дали дека и недостигам ова го прави. Не знам како да постапам. А не можам да ја носам постојано (цели 9 кила е )
Чекај, допрва ќе сфаќа како сѐ шо е во чаша и шише можи да заврши на земја. Знам дека не ти е утеха, на иста мака сме. Само поддршка. 21 месец е, гратис уште цица. Ако не сум дома, се чува со татко му и воопшто не ме ни бара, освен ако зборуваме на моб, тогаш ме бара и вика само 'дојди мама'. А сум дома, нема мрдање. Не сум јадена раат, в скут ми седи. Јас не знам во градинка како ќе тргни ова дете.
Ако е фаза, фазава трае пола година. Мама ај дај ми го цуцето, ....ми го џитка у фаца и ми вика опппп.. @brm_brm да частиш сте се поправиле
Мајки здраво. Детево мое е феномен друго објаснување немам. Преку ден ништо не и е, ама ништо. Седи дома и ни нос не и тече. Навечер коа спие се закашлува и тоа де суво де влажно. И не ми е јасно ништо. Од што може да е ако не е носот? Секрет нема никаков А кашла до степен што се буди и треба да се презаспиваме. Заби и искочија 2те 3ки горе не се ни лигави веќе. Стварно немам памет од каде оваа кашлица и се навечер кога спие.
Не знам стварно. Пишти по мене. А ако и скрене некој друг внимание со нешто што го сака или тв/песничка тогаш не ме бара. Насабајле кога станувам за работа мислам дека лебдам за да не ме осети. А ноќе хорор, ..мама, мама, мама, стани, земи. И така идеме на ноќни прошетки низ дома по 5-6-7-8 пати ноќе Дефинитивно не станува за млеко. Последните 2 дена ме осеќа и станува со мене во 6. Заедно се средуваме . Мислам дека не е здраво вака да и се цепка сонот ноќе. И сабајлето уште во 10-11 и се спие.оти не е спиена ноќе како што треба. Ќе има ли крај?!
И јас читав за ова. Според хрватската група на фб, 50 гр. младо сирење или 30 гр. кашкавал е еднакво на 200 мл. јогурт. Но, исто така препорака е задолжително еден дел од потребните 500 мл млечни производи кои детето треба да ги внесе во текот на денот да се задоволат преку јогурт заради пробиотските култури кои ги има во јогуртот.
Не знам секој ден и пред попладне да спие и навечер ветреам пола час претходно, и дневната се проверува клима над 22 не е пуштена.