Јас не разбирам зошто се форсираат децата да пијат кравјо млеко. Ништо корисно нема во него, само прашкови. Плус ствара анемија и расипани заби. Ова од времето останало да се пие кравјо млеко и по 100тици истражувања дека не е потребно децата да пијат кравјо млеко, уште се форсира. Дете од 2 год што се јаде, апсолутно нема никаква потреба да пие млеко. Ќе речете помага за заспивање, ама според мене е лоша навика. Големата ја одбив на 15м, малиот на 21и никогаш не сум понудила кравјо, си заспивАт со гушкање.
Кај мене е 1 год и 5 месеци и веќе неколку месеци и се случува еднаш или два пати во неделата да стане и не презаспива туку си седи и истово ни го прави ни вика да станеме, да одиме во дневна да сме си играле, заспива со цртани и порано мислевме ајде ќе пуштиме и ќе заспие ама не! Секогаш седи по 2 h и потоа презаспива со тоа што има можност тој ден комплет да и се поремети спиењето.Незнам зошто го прави ова ама како помала цела ноќ спиеше нонстоп сега почна да аздисува.Едно време мислев заби се, после мислев оти мн зборува дека и е процес на возбуда и сака и ноќеска да го прави тоа ее сега веќе незнам од што и е…
Еве ја и мојава година и 4 месеца е скоро од неодамна почна со истото. Не секоја ноќ ама си шета од време на време по стан навечер со тоа што јас не и зборам ништо ни светло палам-станувам зимам презаспивам. Се заспиваме може и 20тина мин пола саат ама зборење нешто, занимација никаква.
Потполно се согласувам со тебе, јас и за себе целосно го исфрлив млекото за пиење, а не дете да форсирам кравјо млеко да пие. Жално е на толку лесно достапни информации што се водиме по застарени методи ама што е тоа е. На крај на денот секој прави како што мисли дека е најдобро за своето дете.
Не ѝ станувајте. Не палете светло, екрани пак ич. Кога ќе види дека ѝ е досадно ќе легни и ќе презаспие.
И мојава од јануари навака хрчи навечер, не се буди, ама и го слушам позади секретот, преку ден нема гајле. Исто препишувам на сувиот воздух и лани вака беше ист период.
Можно е да е тоа.. Јас кога спие баш ја слушам убаво ништо не слушам нормално си дише ни да крчи ни да и е ич отежнати дишењето. Ќе пробам со развлажнувач на воздух до сега не ми правела никогаш вака. И да кашла слушам кога крчи со носот. Сега си дише нај нормално
Што давате за јадење? И поконкретно, како ги успевате да ги убедите да јадат? Можда веќе 1 месец да трае оваа фаза. Не сака ни да проба скоро па ништо. Само кисело млеко/ павлака (може и пола канче да изеде одеднаш), краставичка, морков, маслинка (и тоа цела, сечкана нема шанси), јатки, и евентуално лепче. Овошје кога како, и тоа само банана и мандарина може да пројдат ако е расположен. Сѐ што порано јадеше сега не сака. Во градинка го хранат со сила доручек и ручек, ужинката не им ја јаде. Мене ми е греота да му го правам тоа. Сабајлево пробав, се отепа од плачење, и не касна ни 1 залаче, после криво ми беше. Не знам веќе од што живее, од кај наоѓа сила кога ништо не јаде.
Кај моето фазата трае веќе неколку месеци. Од дете што јадеш се, стана picky eater. Храна што му била омилена сега не сака ни да ја помириса. Со сила не давам, но постојано му нудам тоа што не го сака. Кога знам дека има нешто што не го јаде во истиот оброк давам плус уште нешто што знам дека ќе го јаде. Заменски оброци не давам, ако јаде што е понудено ок, ако не друго јадење дури за следен оброк. Кога беше помал јадеше риба и месо без проблем. Пред неколку месеци никако не сакаше, но не прекинав да му нудам. Последните 3-4 недели пак почна да јаде и да бара уште.
Нудам константно, најчесто што јадам јас, тоа и за него, а некогаш знам и некој "специјалитет" да му зготвам само за него. Џабе. Едно време врз јадењето премачкував павлака, така се лажеше покрај павлаката си апнуваше уште по нешто. Сега ни тоа не успева.
Исто беше и кај нас. Ако извадам јогурт или кисело млеко само тоа јаде друго остава или плука. Мислам дека сите деца минуваат низ некоја таква фаза.
Majki imame edna godinka, malata mi padna so glavceto na laminat onaka tropna silno malce placese i se smiri ama padna stranicno na glavceto se plasam mn da ne ima nesto od padot?
Sledi ja vo narednive 24 casa dali ke ima promeni,da ne pocne da povraka i sl. Generalno decava se dosta izdrzlivi
Леле пукнав веќе искрено , никако не сака да се пушти надвор воопшто.. Незнам што е проблемот, дома си шетка трча полека ама надвор незнам како да му дадеме храброст, да му помогнеме да се опушти.. вчера бевме на лулашки, се пушти само 5 мин и толку не сакаше повеќе На ортопед сме дури на 29.03 , се е фул
Ќе се пушти мама, полека. И син ми не сака да оди ако не се чувствува сигурен. Нема шанси да го натерам да одиме фатени за раче на тротоар пример, штом поминуваат коли тој не се чувствува безбеден и бара в раце да го носиме. Некогаш и глуми од шо го мрзи. Баш пред некој ден шетавме низ трговски и бараше в раце и пошто не го кревавме, седна и почна да плачи 'оооо ногата'. Го кревам и го прашувам која нога го боли, ми одговори 'плавата'. Ок Која ти е плава нога? И ми ја покажува не таа шо ја држеше на земја, другата.
Мамички што сте купиле трицикли, дете е 1г и 8м, имаме зимна и летна колилка, (летната не ни е употребена ич) зошто сме испаѓале навечер кога е преспан, била само за ствари, несакал да седи, а зимната па само за преспивање.. Дали да земам трицикл? Исплатливо ли е ? Највеќе се мислам зошто се многу гломазни и мн место зафаќаат, а тие на склопување се по 7,8000, што некако ми се гледа многу за само една сезона
Мајки ај дајте ум. Синко 15м јаде се. Почна и сам со лажица да јаде или се раниме тој мене јас него. Има 4 забчиња кецови горе и доле и му растат моментално двојки и четворки. Бисквита гризе, смоки гризе, јаде пасирано, лебче јаде. Никако да се убедиме овошје да јаде неблендирано. Или пржени лебчиња пример. Палачинки овесни сам јаде. Ама со овошјево никаков напредок. Лебче обично јаде му нудам прженици исто исецкани како обично лебче не ги ни погледнува. Како да му нудам да почне да јаде?
Син ми се вози во трицикл од 12 месеци навака (сега има 22 месеци), сака да вози, го врти воланот, си гледа лево десно ама ако стане за на лулашки на пример, после не сака да седне па си го туркам. Него му го купи мајка ми за роденден ама идеата беше да ни замени летна количка пошто он не сакаше никако да се вози во количка. Уште не ги дофаќа педалите за да се учиме да вози сам ама летово ваљда ќе ги дофаќа. Мене ми е стварно искористен до максимум иако нецела година го имаме, верувам дека и сам ќе сака да си го вози понатака. За втор роденден се мислам тротинет или баланс точаче да му земеме пошто на сите деца им ги зима штом ги види, ваљда пошто може сам да ги „вози“, се чувствува поспособен.
ние сега земавме, на склопување од енци менци 6.500, мојата е 14 месеци, го земав како земена за летна количка, затоа што откако прооде нејќе да се вози во количка, неколку пати само сме го искористиле не сум релевантна да давам мислење, ама тие неколку сакаше да се вози, не правеше проблем како во количка, искрено мислам дека е ок и понатаму се прави како точаче, ама секое дете е приказна за себе и секој родител што ќе го прашам различно ќе ми каже, еден ќе ти каже дека максимално искористил нешто, друг истото дека џабе го купил