Мајки како се справувате со тантруми? Предпоставувам дека тоа беше дека со скокови нели завршивме или се лажам? Синко 18 месеци денес имаше една така страшна епизода за прв пат. Беше и период за пладневна дремка, се налути дека не го оставив во кола да влезе. Ме тепаше, гребеше, кубеше и се трескаше буквално. Пробав да го смирам и да го галам, гушкам ама пострашен ефект имаше. Го оставив сам демек да се смири па тогаш одеше по мене и повторно врескање и трескање од земја. Едвај со пеење и цицање го смирив ама и дур цицаше се тргаше да си доплаче. Не знам што е паметно да се прави во ваков случај. Првото немаше вакви моменти.
Дали ротирате играчки? Ако да, може пример да ми кажете по колку играчки, кој тип, колку време ги оставате? И како знаете кога е презаситено од некоја играчка за да ја тргнам? Или не тргате ништо, цело време си стојат сите на куп исти само се дополнува палетата. До пред да тргнам на работа скоро цело време си играше сама, да ти е мерак да ја гледаш и жал да те фати што не си играш со нејзе, многу фино ги анализираше и играше играчките. Дали кога почна да ја чува баба и, дали порасна или е фаза, почна многу да ми се разлигавува, 10 минути не седи самостојно да си игра. Па не знам ротирања, нови играчки, занимација, ништо не ми пали, 5 минути и одма нешто друго иде да прави. Не знам дали да купувам нови играчки уште, дали не и се интересни, немам идеја каков пристап да применам.
Кај нас стојат сите у кутија па ги вади па бира шо сака. Ама не и држи многу внимание. Повеќе гледа јас шо имам во раце и баш тоа го сака. И мојава се поретко си игра сама па смислувам игри за заедно да си играме ама не и се ни интересни
Е она ќе ги извади сите само за да ги извади и да стојат надвор и не ги игра. После оди и се што не е земја, ако и е на дофат на рака, во кујна, на маса, обавезно треба доле да се најде, вчера лаптопот ми го фрли. Ако има некој со нејзе да ја занимава ќе седи, ама ми е криво пошто стварно беше научена да си игра сама, а сега не сака.
Баш сабајле решив да изнесам една кутија играчки од тие што веќе не му се интересни. Како селектирав он така си зимаше баш од тие што планирав да ги тргнам... А исто забележав дека сѐ му е здосадено во последно време. Денес го однесов во продавница за играчки, ќе се помочаше од среќа. Сите играчки ги сакаше, а особено куклите (дома немаме кукли). Можда следно тоа би му купила. Исто планирав и нови сложувалки да му купам зашто таа што ја имаме ја има наместено милион пати и веќе му здосади. И ако имам слободно време ќе му смислам некоја игра со топки, има на инстаграм доста идеи (само не знам колку ќе е заинтересиран).
Обавезно ротирам. Обично цела корпа и ја истурам во дневна и се што нема да пипне кревам, вадам други. Еднаш месечно и купувам нешто ново, може да е најобична сликовница. Обично има 10 играчки макс на дофат вклучувајќи и сликовници.
Моето почеток на лето ке прави две години ,така да мислам дека ке "каснам" со трициклот. Сега веќе е 20 месеци. Можеби подобро да му земам и јас баланс точаче, баш го гледав ова во тополино како трицикал, а се прави и балансер Само знам дека ке ни падне кичма со точачево додека го научи
Ние имаме слично вакво што се прави од трицикал во баланс, и го земавме на 18 месеци, 2 месеци го возеше како трицикал па и здосади, и јас се плашев дали ќе научи и да не падне лошо, ама за два дена откако го направивме со две тркала научи (падна два три пати). Сега го вози одлично, па уште на седиштето сака да стои . Брзо учат ако им се допаѓа активноста.
Обично на три недели некаде. Генерално мојава нема време многу со играчки да игра, оди во градинка, ручаме сите, излегуваме надвор после градинка без разлика што е ладно, избегнувам само кога е многу загадено, така да и останува околу еден час дневно да си поигра со играчките. Значи зависи колку време игра со нив. Ако игра почесто може ќе треба да ротираш на 10 дена или една недела.
Кога ќе има тантруми пробај да му го пренасочиш вниманието на нешто друго пример ако плаче за да влезе во кола кажи му ајде прво да ја поправиме играчката,да нацртаме маче,да ги кренеме чашите или прашај го нешто што не е поврзано со ситуацијата пример плаче за чоколадо кажи му чекај малку а ти вчера кој цртан го гледаше или а вчера каде се шетавте со тато.Мене ова многу ми помага затоа што се фокусира на тоа што го прашувам и заборава за што плачел.
Мама кој ти препорача Молерс? Јас уште малку имам од Киндеримун па се мислам да земам молерс. Во 2.5 мл има само 200 i.e.Д, така што ќе си дополниш со плус тоа што даваш. Молерс се дава само зимски месеци или не?
Давам плус колку што треба до дозата препорачана од ортопед. 200ие од пола доза Молерс, остатокот капки Д3.
Do sega davav Babytol omega pa d-r Antonije mi preporacha da pochnam da davam Mollers (ne ni napomena zima,leto samo reche da davam)plus vit.D Vigantol po 2 kapki.
а кога се дава молерс дали плус се дава Омега? Пробиотик дали давате секој ден? Јас од раѓање давам, следна контрола ќе прашам.
Не, молерсот е омега со малку плус други витамини...пробиотик давам сеуште иако има 2 години, ама има и атопичен дерматит и заради тоа најмногу давам..иначе мислам ќе имав прекинато досега