И јас така почнав ама во упатство прочитав да се движи од центар кон страна над веѓа . Мерам на малата ок си е температурата дека со носето затната па проверувам. Ај викам на мене ќе пробам. Излезе дека мама има температура 37.3
37.3 е нормално. Во текот на денот варира температурата, навечер е повисока во споредба со наутро, плус зависи и од периодот на циклусот.
Да проверам колку е точен безконтактниот. Па паралелно и со живин . @IRBBB покажува 0.2-0.3 повеќе така? Така ми покажа. Знам дека имаше ти напишано.
Расоблечи ја само и остави ја пола саат-саат. Со алхохол мачкам само ако не можеме да додржиме 4 саата за доза парацетамол. И над 39
Фала мами. Сефте ни е температурата и се ми е страшно. После секако ќе ја носам на педијатар ради секретот и поткашлувањето. А сега температурата капак. Неславно ја почнавме градинката
А туширање на колку време може? @Noranora фала мама. На боди ја расоблеков ваљда нема да напраам полошо. Колешките ме нас'скаа на работа давале сируп над 37 колку и да е
Остај ги колешките. До 38,5 ако е весела и не е малаксана ептен нишо не давај. Нема да направиш полошо ако е расоблечена, таман си правиш.
На боди ако ви е ептен топло, јас не би ја оставила до толку расоблечена. Да не е преоблечена. На кратки и по хеланки пример, за нормална собна температура. Со микролајф мерам на чело на средина над очи, 1 цм одалеченост, кај мене варира по 0.5 тој, обавезно и со обичен и мерам, ако доседува. Сируп кажуваат над 38,5, ама мојата знаеше ептен брзо да качи и ако ја гледам дека качила 38 почесто почнувам да мерам, ако се крева давам (38,2-3), не чекам 38,5. Ама за до 38 не давам. Алкохол и оцет не сум мачкала. Ако се ладни нозе ќе качува уште и тогаш не се мачка, така сум чула. Туширам ама не со ладна вода, пример ако има 38 тт, водата ми е 35-6 степени, значи пак е млака како за бањање, не е ладна, поладна е секако од тт што ја има за околу 2 степени (немој сега опсесивно да мериш тт на дете и вода). По потреба туширам, некогаш и 3-4 пати, тоа најчесто кога чекам да поминат тие 4-5 саати за да дадам пак сируп, а она веќе почнала да качува 38. Вака како што кажуваш нема висока тт, не се плаши. Еднаш кога бевме на дежурен во систина, ми викаат еее па со 41 ги носат кај нас.
Фала мама. Се успа како лилјаче на мене. Со 37.6. На спална ја легнав ништо сега не и смета, душичка моја. Над глава на 3 минути и мерам. Сега и живин ставив. А со микролајф можно е за една минута да ми варира 37.6 па 37.4 па 37.8? Си викам да не требаше сируп пред спиење. Ама немав време да размислам. И облеков сега и шпихозни тенки за спиење со голи нозе и проветрив дома. Абе како да предосеќав уште во петокот. И пишав на учителката дека нема денес да оди во градинка А баш сакав од денес по повеќе да ја оставам. Само да ми е добро црвчето мое. И онака е лепенка ама сега кога се вратив од работа уше толку.
Немој сируп одма. Нека се бори организмот. Знам дека е тешко ама имунитет мора некако да се стекне душо. Јас мојава кога има темп знам и само по боди да ја соблечам и така да си седи.
Ќе и помине ко на кутре, силни се они, ако се најмали. Мене ми варира така, ама ете така у спиење ми е супер, да мерам на 3 мин. Не и е висока температурава, а башка не и се ни качила од сабајле ко што пишуваш. Ќе ја осетиш и ти на допир ако се стопли повеќе. Нека си спие, ако качи повеќе тогаш ќе и дадеш сируп, ќе ја разбудиш да се напие.
Немој сируп да даваш за таа температура. На 38.2 сум давала само ако се малаксани. Ако се весели не, чекам да биде повисока температурата.