На годинка и месец и пол прооди моето. Ја имав и јас ставано во дубак, не претерано, но сепак беше и во дубакот. Кога ќе биди спремно ќе си прооди само.
Сега бевме по патики. Борис Трајковски нема ништо избор, во Д Спорт во Парк еден куп избор има и бројчиња и модели. Адидас и земав јас, се вадеше влошката за мерење.
Мојата беше во дубак од 6 месеци , веќе на 10 месеци почна да оди по малку, на 12 трчање... Нема врска дубакот, секое дете своја приказна, јас сум заодела на 18 месеци...
Мамички кажете совет како да му помогнам на малото никако не можеме да спиеме мирно навечер се будиме повеќе пати во текот на ноќта можеби бидејќи ни растат заби незнам но Др ме плаши има ноќи кога од сон ќе почне да вришти и плаче а спие ќе го кренам и се обидуваме да го разбудиме некогаш успевам брзо да го разбудам и смирам но некогаш можЕ да трае повеќе совет ве молам
Јас му давам од поодамна, ама долго време не става ништо во уста. За секој случај правам домашен пластелин, ептен сака да си игра.
Повели мама https://www.instagram.com/reel/CfVmDcyASt7/?igshid=YmMyMTA2M2Y= https://www.instagram.com/p/CSpTxGhMSl-/?igshid=YmMyMTA2M2Y=
@tina2018 и @Bubi*2 извинете што доцнам со одговорот. Мојов е многу гадлив и ми текна да пробам да се намачкам со сенф. Му кажав дека расипано е цицето и му го покажав. Само рече бљак цице и дента не побата. Вечерта пред спиење побара, па му го понудив цицето со сенф, се тргна. Го легнав до мене, го гушкав му пеев и заспа. Спиев со сенфот до мене, секое негово потстанување се мачкав. Немаше плачки за еден ден се одби. Ваљда спремен беше. Најјако беше кога ми го најде сенфот во спална, вика ова тите бљак. Ми ја провали финтата @Anculce нема правило. Ќерка ми еден ден не е ставена во дубак, прооде на 13/14 месеци. Син ми одеше со дубак, прооде на 10 /11месеци. Зависи од детето, не се оптеретувај, ќе си прооди.
Ти благодарам на совет. Моево ко што зинува за се да проба тешко дека ќе ми упали финта со сенф. Од ништо не се гади, се му е њам њам. После мене најмногу со свеки се смирува. Може треба да и го симнам со неа две, три вечери да преспие па да заборави . Мислам дека е веќе време. Некогаш цица како новороденче ама претежно само се лаже како со цуцла (иако тоа никогаш не прифати). Ќе бараме начини
Od 1.5 god i davam koa primetiv deka ne buta veke se vo usta. Ima mn ubavi setovi na razni temi od play dough mojata go obozava. E sea paga nasekade ama ke se isusi pa go usisavas.
Од адаптација си закачивме стрептокока во нос. Ете тоа било причина за благата температура од еден ден. Со што ја третирате? Сакам да земам витамин Ц. Од кој сте задоволни?
Како ја користиш маста, не ми е јасно мене. Матичната и нас ни даде ама нит знам колку да ставам нит како. Во аптека рекле директно од тубичка. Сабајле и ставив и за кратко се искива со мрсули до земја. Има така ефект? За колку време сте подобро? Што симптоми имате кога ја имате бактеријата? За колку време го враќаш во градинка?
јас ја ставам на стапче за уши и така и ставам во нос те читам во разни теми, чим сте почнале во градинка да знаеш дека цело време така ќе ви биде или ќе отрпнеш или ќе полудиш.. ние стрептокока ете чудо некое уште не сме фатиле, имавме други балтерии лечени чувано дома по пропис се , со антибиотик, контроони брисеви и џабе тргна два дена и пак истото и истото и веќе да ти кажам ако сите така си ги носат решив и ја чим нема симптоми не ни правам веќе контролни брисеви, сега беше два месеци дома детето ни нос да му потече ни ништо, еве ја од понеделник тргна веќе е цела затната и бувта, значи не можам веќе
На малиот прст стави на врвот од маста и стави на почетокот во двете ноздри. Стисни го носето неколку пати за да се размачка. Можеш и со спрејче диво оригано сабајле и навечер. Фати и моево на 3 месеци, не сум правела контролни брисеви ама по секретот мислам дека се уште ја има. Докторката ми рече да оставам така, да не го лечиме зашто нема симптоми. Рачунај дека од сега така ќе биде, чиста ќе биде само на море.
@Anaroz1 @Skyler фала ви. Со реков барем адаптацијата да ја поминеме ама не. Се приклучивме на јатото .