добредојдовте ќе си кукаме тука, иначе за течење нос и кашање помири се, цело време така ќе биде, нема крај, иако секогаш сум била за градинка, сериозно размислувам за сите останати опции освен градинка
Уф, не знам шо е пострашно дали баби да ми се врткат низ дома 24/7 или на боловање да сум. Колку време идете во градинка? Ама секако ова разболувањето е по протокол само што нас не фати предсезона
не знам што е попаметно, јас некако од тие организации за чување дете скренав, на работа се живо искористивме и јас и маж ми, некако приморано и отказ си дадов пошо не можев веќе, ќе почнам да работам сама што не знам дали е добро и паметно во моментов ама знам дека ми треба флексибилност со детево... иначе одиме од неполни 9 месеци, сега е 15 месеци мојата
Втор ден како ставам маст во носе за стрептокока, а повремено пак знае да има блага температура. 37.2-37.4. Вчера денски еднаш и ноќеска ја осетив пак. Нормално е? А во понеделнкот имаше за прв пат. И малку и ноќта кон вторник.
Здраво на сите. Миа 1 г и 4 месеци. Пред извесно време и дадов кокосово масло ама ми букна во образите и го тргнав. Денес викам да пробам пак, еве ја само околу устата како црвени точки 2-3, дали да го прогласам за алерген или што да праам?
Хмм може и кај нас од тоа да почнала нашава уртикарија. Имав купено мислам едно тегличе од Зегин, добар беше. А купи маж ми од Кипер, не кој поефтин, мислам 150 ден, одма алергија, и го фрлив. Кујзнае што има во него. Може и без тоа, еве само манџи со водам му правам, никакво масло.
Нас само од тоа ни се излечи бактеријата, примаше и антибиотик тогаш и др капки и на крај 3х5 дена и се излечи.
Јас хлорамфеникол мачкам само што ќе приметам густ секрет и накај зеленко кога оди и за некој ден се супер. Некогаш и не правам брис ако немаат температура, веќе на памет ги знам бактерииве.
Искусна мама си ти. Кај нас ова е сефте температура, а и поткашлување. Прв пат и брис правевме Затоа сум вака досадна со прашања
Сега пак ја носев да ја слушнат пошто се закашлува од секретот. Чисто е. Па ни даде рецепт за амоксиклав во случај ако крене температура над 39. Со блага тем. е 37.3 па ќе ја снема и така во круг. А јас пак си викам готово ќе се среди за една недела и ќе ја пуштам во градинка. Ама изгледа ќе треба да си поседам дома со неа да се среди. *мм отишол во аптека и ми рекле нема амоксиклав и му дале Алмацин на алкалоид. Ок е? Дефицитарен е?
Амоксиклавот кај двајцата делува лошо и поктај пробиотикот имаат обилна дијареа и од токаш не сум дала. Или Трицев или Зинат давам.
искрено те читам упорно, најискрено алмацинот е преслаб антибиотик, нема да ти излечи стрептокока, ја лечев мораксела со панцеф и не ја излечивме, ама ние имавме симптоми 40 тем 6 дена, шо не се симнуваше со ништо. испи 7 дена антибиотик направив 7 дена пауза и контролни брисеви пак имаше и не се изамарав пошо поминаа симптомите. тем 37.3 не е температура.. ако седиш дома пошо поткашлува само, најубаво да ја отпишеш од градинка. со лесно и без многу секирации
А мрсулите бе мама, кивне и до земја се влечат. Па нема да ми ја примаат таква кога ќе ја видат. Да, не е температура тоа, ама па е кенкава многу. Башка на адаптација е, макс 2 саати остана. Исто мислење имам за алмацинот затоа потпрашав. а мм одма па го зел, си реков да не е дефицитарен Амоксиклавот?! Затоа и си барам овде совети....кој знае колку ли сум досадна