моето мислење е дека џабе ќе го даваш, за тем под 38 не сум дала никогаш ни сируп за тем. мачкај хлорамфеникол, можеш спрејче од диво оригано да земеш. јас и ставам ацидосалус исто задоволна сум. мрсули и поткашлување ти одат заедно со градинка. не си досадна иначе, те читам само дека си испаничена, ама ќе отпнеш
Ацидосалус тоа спрејче нешто е, кога и како се користи? Инаку стандард Диво оригано и Синомарин имам и прскам, со ноското до мене . А да, паничам знам, може дека првпат се соочувам со ова, а и дека имав замислено дека ќе се адаптира брзо. А ние тргни застани. Абе сама си правам пристисок, ама ај.
Алмацин е нај лош антибиотик што го пиела миа, едвај пролив от и го средив по 7/8 пелени имаше од него. Амоксиклавот го тргаат а и посекако на ниедно дете веќе не делува од што го даваат и кога треба и кога не треба матичниве.
Нормално е да си испаничена првите пати, потоа ќе научиш да распознаваш кога е за на лекар, кога не. Инаку јас секојдневно прскам диво оригано или ацидосалус. Ацидосалусот се покажа ефикасен, дури и за мене го користам кога има потреба.
Ацидосалус на дневна основа може да се прска? Дека диво оригано и прскам кога оди во градинка обавезно.
Ќерка ми, оти е најпретпазливата личност што ја познавам нели, се шлакна у масата со сета сила. Нема крв, нема распукано нешо, арна е. Ама ми текна дека јас дома немам ништо што би помогнало за вакви случаеви ако и бидне нешто. Што да земам да ми се наоѓа по дома за следен пат ко ќе се прави камиказа?
На што мислиш поточно? Ако е површно јас ништо не би ставала, ко расцепена уста. Ако шика крв не дај боже тогаш правец дежурен. Во домашната аптека имам стално хидроген, алкохол, бетадин, миробакт, има и спрејчиња што се со антибиотик, завој, ханзаплас, стерилни гази.
На тоа мислев, ако расцепи уста или слично. Сеа и е отечена устата ко пчела да ја каснала. Што е микробакт? Немам такво
Миробакт е маст со антибиотик мене ми дадоа да мачкам кога имаше крв на ноктот исто и за хемангиомот да го имам превентивно ако го раскрвари. Не ми текнува спрејот како беше, да го најдам ќе пуштам, тој планирам обавезно за по одмори да го носам.
Еј ете, за хемангиомите не ми ни текнало ако ги раскрвари да имам нешто. Ти си кралица. Фала ти многу
До сега заби не осетивме, нит температура со нив. Прашањето ми е за 3ки. Непцето и е набабрено ама бело. Тоа значи ќе излегуваат? Уз стрептококата да не ќе вадиме и 3ки?
Јап. Ама не мора да значи дека одма ќе искачаат. Тие се мучни малку. Може и од пад на имунитетот ради забите да фатила стрептокока
Ништо не му беше и наеднаш почна да плаче и ми изгледа како да го боли глава, грло или заби. Ама така наеднаш да почне да го боли нешто можно е? Многу паничам.
Да му дадам парацетамол ако продолжи? Отсекогаш ми било страв да дадам ако не сум сигурна што му е. Може и уше да е, му го стиснав и плачеше десното, на левото не изреагира.
Сега ми текнува дека малку можеби се напи од водата што го бањав со шампон бебешки хип. Можеби и не. Ама сега паничам од тоа да не е нешто. Околу 17-18 го бањав не се сеќавам точно.