Да се лесни и затворени напред. Најки како поскапа опција, ипанема како поевтина. Се останато што видов кај нас не е ок.
Јас добив насоки од ортопед боса да одела летно време и надвор. Ако се водиме по насоките на ортопедов наш, може да заклучиме дека дечињава што просат по семафори боси имаат совршено развиен свод на стапало јер боси се и лето и зима.
Тоа е најдобро, но сепак во места каде нема испокршени флаши и секакво ѓубре. Пример јас сум ја пуштала боса во дворови каде знам дека секојдневно чистат, ама тоа не е нешто што можеш да си го дозволиш секој ден за жал.
Чим ти е препишан од лекар давај. Мене не ми советуваја за сируп и на крај по 3 месеци за шлаем кој го спушти на гради завршивме во Козле недела дена, не можеше да го исфрли, па антибиотици, кортико, рентген и незнам уште што. Или директно во Козле оди. Крвна слика супер, брисеви чисти и од грло, нос и гради, алергија немаше, а не можеше да диши, буквално не можеше воздух да поземе.
Спреј Хисан за носе, за хигиена прочистување, настинки? Сте користеле и дали го има кај нас? Ми го спомнаа ама на нет и нема нешто инфо.
Antonie rece za malo dete sandali zatvoreni napred ne so otvoreni prsti ako modas inace najubavo patiki. Jas ja nosev so edni adidas so mreza sandalcinja mi rece super se ama za pogolemo dete ne za god i neso kolku sto bese togas deteto
Здраво, Ве молам нека ми пише некоја мајка најтазе што патувала со дете сама. Треба да патуваме авионски сами со ќерка ми и од сите страни разни совети има. На страната на мвр пишува не треба согласност од татко и, од аеродромов наш викаат треба за пасошка контрола Да вадам ли согласност од него, да трчам по нотари и преведувачи? И најбитно од се, како да се пројде попладневен лет од 3ч со дете збес?
Треба полномоштво од таткото заведено на нотар. Не значи дека ќе ти побараат ама ако ти побараат а немаш нема да те пуштат. Кога има вака поделени совети секогаш е подобро да извадиш полномоштво бидејќи така ништо не губиш, а ако не извадиш можеш да изгубиш односно да не те пуштат и летот да ти пропадне. А различни совети има затоа што некои биле без полномоштво и се погодило на среќа да не им побараат и поминале на граница. Ама не значи дека тебе нема да ти побараат. Не можеш да знаеш. Нема дневна дремка детето повеќе? Ако има ќе спие во авион. Играчки и боенки земи. Во авион купи смоки или грицки некои. Ќе шеташ низ авион. Ќе поминат брзо три часа.
Mom's ај просветлете ме ве молам. 15 месеци Оди во градинка две недели. Првата недела се беше нормално. Од понеделникот менување понашање ненормално. Стана супер екстра кенкава. Дете што не плачеше кога ќе падне на асфалт сега да се сопне почнува да се лигави. Најмногу што ме нервира станувањето од спиење. Пола саат кенка. Не знам како да постапам. Ја галам и зборам, пеам, па ќе ќутам, па ај само за раче да ја држам ништо не пали. Има мрсули а не е затната и се лигави. Пола од денот сака во раце и цуцлата и стана ново другарче. Навечер се превртува многу со плачење. Не знам дали е бунт од градинката или има мака со заби ( не гледам уште тројки или четворки) или па е микс од двете Ако е искажување револт или тажење колку време трае?? Пошто си го сакам девојченцето мое назад
Исто на 13м, а не оди во градинка. Ама баба му го држи па затоа пробува кај сите, јас само го бацувам, не го кревам. Викам сакаш да те бацам? Многу ме нервира што го држи, ама не можам да се оправам веќе што треба што не. Цуцла да, ја сака дека била негова и не ја видел некој месец, ама ако му ја земам не се буни. А во сон се врти, пишти и станува. Кај нас има и некој осип што уште не знам што е.
Јас во последниве 4 месеци, 3 пати летав со 2 мали деца. Никаде не ми побарале согласност. Додуша, моите деца се со ЕУ документи, но 2 пати летавме за Скопје со мак.пасоши и никаква разлика немало во контрола. 3ч лет не е многу, се зависи каква комуникација си имаш со детето. Моите дечки се 2и пол и година и пол, патуваат често и од најмала возраст, тие играчки/игри што највеќе ги играат дома кога се дружиме- им ги зимам. На жалост песнички не гледаат и тоа не ми било опција за мир. Поприлично на храбар чекор си се решила дека сама, но еве јас нека ти бидам мотивација исто сама патувам и тоа со 2 бебиња! Среќно!
Ги носите ли на редовен преглед на 18 мес? Јас кога ја однесов на 1 година за мерење ми рекоа сега следно на 18 мес, зашто нели до година секој месец. Освен мерење, што друго гледаат во однос на развој?
Баш некни прашував ми рекоа не мора. До сега на месец и пол ја носев за мерење па изгледа им здосадив.
Јас од годинка не сум ја однела, дома ја мерам на вага. Закажав сега на послни 19 мес нека ја видат. Не дека осеќам потреба да треба педијатар да ја гледа, супер вака си се развива и говор и движење ама ај викам нека ја ѕирнат.
По мојов матичен до 10 месеци се правеле прегледи, после по потреба... На приватно на тој од година во декември ми рекоа следен на пролет, па дали било месец плус минус не верувам дека менува многу.