Мајки на врсници, неврсници , секакви, небитно какви Малава е 14.5 месеци, досега ред во спиење цело време имаше (не дека немало некогаш излети, ама воглавно е дете што имаше време на легнување и станување). Последнава недела е хорор. Ноќеска заспива во 01, 02 Дневна дремка е една, нема промена во тоа. Ама навечер...трла очи луѓе, оди по земја легнува ама кога ќе ја земам во раце во хоризонтала, се претвора во ѕвер детево Вришти, ме рита, лудува...раце и плеќи ми се пред откажување. Имаше тт еден ден, сега е добра, заб нов излезе, ситуацијата со спиењето на полошо оди. Синоќа ја заспав во 02, буквално НА СИЛА. Денски имаше преспано само пола саат. Дали и кај некоја друга со дете на слична возраст се случува ова? Што е , скок ли е? Колку трае, сили немам , а ни желба да ја земам да ја успивам...
Немам утеха Еми. Додека се пофалив, пак скрена. Мислам дека се заби моментално. Во скок не е, ми пресмета една другарка. Ти изгледа дека се друго и е поинтересно и буквално се бори да не заспие за да не испушти нешто? Оти таква е. Дома со мм ќе се степавме кој да ја успие оти требаше само да легнеш до неа, сега секоја вечер некој има нешто работа за да не ја успива Вчера легна на фотелјата и заспа. Ја земав да ја преместам... Најголема грешка у живот. Вриштеше 2 и пол саати и на крај заспа ко покосена. Се изгаси од штекер ама преморена.
Синоќа заспа во 23. Да не подречам, се надевам ќе се врати малку од малку во нормала. 23 е сепак подобро од 02 (само не знам како издржа, болна, исцрпена и со дремка од само пола саат тој ден) И пак на сила заспа, иначе не знам кога воопшто имаше 'план' да спие.
Син ми после роденденот смени скроз, мора да има дремка која му е 8-9 саати откако ќе стане, и после заспива најрано во 23.00, а знае и во 00.30 да заспие. Сабајле станува во 8.30-9.00. Ова трае 8 месеци и одвај чекам да престане да спие преку ден. Иначе напредува психомоторно одлично, мозокот му работи 300 на саат, само јас и татко му сме преморени, ама се навикнавме веќе.
Од денес во окцето и се ствара секрет малецко парченце белузлаво-жолто. Не ми личи на класичен конјуктивит. Не и се лепат очињата. Некој инфект е? Како се третира? Чекам одговор од педијатар
Пример сабајле кога ќе стане ако и се залепени очињата како се чистат? Деновиве е со тт од вирус. Може да е од тоа или конјуктивитот е бактериски?
Мојава е минимално со истото. Насабајле и ги чистам со газа натопена со чај од камилица и три пати на ден и сатавм по една капка торбекс. Трет ден веќе и се смирени
Е тоа не знам. Некоја по упатена мама нека каже. Јас не знам од каде и е на мојава дали од градинка дали од што се умаца со кал во фаца пред некој ден
Со тупферче со млака вода, се проаѓаат окцињата во правец накај носето. На моево така му се залепија, имаше некоја бактерија мислам, ни дадоа капки, ама доктор рече така да ги чистиме, исклучиво со млака вода и однадвор навнатре окцето да се проѓа со тупфер.
Нас ни беше црвено едното, педијатар ни рече од ова да капнуваме 2-3 пати на ден дур не и помине. Ама иди капни и да те видам, сега и тт не можам да и измерам со бесконтактниот на чело, мисли у око и целам.
Од градинка е, има некоја бактерија, баш чекаме брис. Јас толку секрет од око немам видено, од памет се извадив, ноќеска скроз и се залепија очите. Тобрекс ни дадоа и чистење со туфер или газа со физиолошки, 4 пати ставивме веќе е подобро. @brm_brm и кај нас почна така па нагло почна многу секрет да има.
Очекувам сабајле да се залепени. Затоа прашав да сум спремна. Инаку вирус има, брисевите се чисти. 3 дена тт, до 38.5. Поручеква е без. А инаку 3 дена е константно 37.2-38.5 Колку би траела тт кај вирус?
Па повеќе ми има логика пошто нема друго. мрсули се смирени, температура немала. Сега и светам со мобилен не ми изгледаат дека ќе и бидат залепени денес. Петокот и вчера и беа малце
Зависи кој вирус е од прилика 3-4 дена и би требало да налабува. Ако и се залепени очињата можеш со физиолошки да чистиш и тобркес.