После "мама" фаза е ова на ред или како? Ние како да не ја исековме папочната врвца. Мама мама. Мама не може да моча на раат, лупа по врата
Какво лупање, моево си отвара само...и милион пати на сред капење и со маж се заклучуваат во дневна за да може мама да се искапи...а ако сме сами дома заедно си одиме...тој рошка по сифонот мама моча
Да, сега ќе дојде ‘тато фаза’ и пак ќе се врати на мама Исто. И мисли дека мочам од газот пошо ми го нема курето На многу прашања не знам што да му кажам, мал е и не бира пред кого збори.
ХАХАХА кралица...и моево знае како се кини тоалетна и застанува над шоља и си кини и си фрла во шољата и така да го оставам 10 мин ќе кини и на крај зема и пушта вода Тешко дека јас ќе го дочекам денот тато да го бара...лепенка жива е...само со татко ми и мајка ми седи...сабајле му велам чаоооо и ме гледа као што ти е, ајде бегај таму..а дома ако отворам врата во секунда е по скали по мене...и да брчи телевизор, и да пробам да се искрадам џабе...по мирисот изгледа познава дека не сум тука
На 17м нели треба да кажуваат по нешто? Моево никако да се пушти да каже нешто со значење. Си дрнда по цел ден на негов јазик, све разбира ама не кажува ниеден збор со значење, ептен се секирам. Рано е за логопед? Имаше фаза пред 2 месеци кога татко му го викаше тата, мачката по име ја викаше (Тити наместо Кипи), баба му си ја викаше баба, да, не, дај, на, и тн. Мама ниеднаш нема изговорено. И се ова наеднаш престана. Да напоменам само тв и телефон не гледа, само пуштаме по дома дарко биберко, биби и боби и златно славејче да слуша.
Дали треба да зборува и колку е многу субјективна работа. Немој одма да се паничиш, имаше и моето една фаза кога ради поголем фокус на моторика, одење, трчање, качување по ствари, не кажуваше ниедно ново зборче и пробуваше све да постигне со влечење и мимика. Пробај повеќе да читате книги, да му покажуваш сликички од животни на пример и да кажуваш на глас 1-2 пати како се вика тоа животно, да го седнуваш со тебе во кујна и да му зборуваш што правиш, како се викаат предмети, уз шала и смеа да му кажуваш зборчиња - на пример да го скокоткаш и викаш „гили гили“ или да се преправаш дека си кученце и да викаш „ав ав“, да пробаш да го лижнеш како куче - „лиз“ итн итн. Кога им е интересно, учат повеќе и се стремат да кажат тоа што научиле. И една многу битна работа, немојте одма да трчате да го дадете тоа што го бара со мимика, пробајте да издејствувате зборче или ако не може да каже, повторете му вие тоа што треба да го каже, на пример - „аа го сакаш шишето вода?“ Ова е сепак совет од една мајка со не многу искуство ама овие ствари кај нас функционираат и син ми си збори нон стоп, ко наратор некој (23 месеци е точно).
Мојот на 19м. кажа првпат мама. Не се секирај, чим исфрла зборчиња, ќе се пушти. До тогаш само стимулација, именување се што правите, ономатопеи, читање книги, песнички пеење...
Препорака која крема е подобра?? Нема дерматит, ама обравчињата му се суви, рапави, и понекогаш црвени
Да не е многу мрсна таа од бел слез?? Или иста е текстурата на двете креми? Не нема сува кожа на тело, а и на лицето е многу мал дел , не се цели образи Не се брунчиња, како ситно рапаво, имам испробано мустела,еуцерин,биодерма, пантексол, но лицето му е такво од секогаш Па сакам да пробам и со една од овие две, само да не е многу мрсна
Не не и двете се со иста текстура. Лесни и убаво се впиваат. И таа со невен нема да погрешиш да ја земеш. Не се како павловичева ако ти оди таму паметот.
Мојава кога е татко и во вц, му тропа на врата и се дере татаааа какаааа. Значи чоеков раат нема 5 мин.
И јас мислев дека нема да кажува ништо повеќе од мама, брм, каќе(капаче), маман(Дамјан) на таа возраст. Поголемиот дел беше со ммкање да покажува што сака а разбираше буквално се што ќе го прашаш. Еве сега сме скоро 20 месеци и се пушти повеќе. Дури има и врзување на зборчиња (како мама, ѕип нема(џип нема), маче мјау). Како што кажаа @i13dk и @Kolache na mama постојана стимулација, именување, читање, пеење, повторување по неколку пати низ игра кога му е најинтересно и кога е расположен. Ќе се пушти со време.
Не барам совет туку не знам кај да се пожалам. Од 13:45 кенчи, 20 месеци има. Најверојатно е поради тоа што го разбудиле од спиење во градинка затоа што во петок градинката до 14:00 работи. Во 13:40 ги будат во петок. Не можам да издржам повеќе. Цел ден изгубен ми е. Ми иде брза помош да викнам да ме спаси. Апчиња немам за смирување. Значи не престанува. А не е дека нешто го мачи па да го носам на педијатар. Не можам да издржам да дојде 20-21 часот и да спие. Премирно дете беше и наеднаш станува лош, лут и удира и гледа лошо, а ептен мило дете беше. Скренав.