Има некоја мерка? Јас му ставам пола банана, малини/сливи, боровинки, аронија, путер од кикирики, малку какао, чиа семе и 5 големи лажици овесни. Воглавно таа му е "дозата", ама некогаш знае да побара уште или да касне некоја лажица плус од моите или на татко му. Има некоја штета? Ме замисли.
Кој не бил во оваа ситуација? Со маж сме седеле и на саат сме гледале кога ќе му дојди време за ноќно спиење, конечно денот да заврши. Ко не полуди, тај није нормалан.
Јас мислев дека само јас се чувствувам така. Конечно се смири во 20:00 часот му дадов да бои со фломастери на хранилката (се брише после) и се внесе. Ноќта убаво спиеше, денес добар е, заспа сега дневна дремка. Значи мора да е до тоа што ги будат 13:40 во петок. Ненаспан е и секој петок ист ми е.
Нее напротив, моево јаде 3,4 мали лажичиња со малку млеко, и плус една банана и уште пола круша пример или јаболко, малце ми се гледаше, и значи ств е малку. Многу му се мали оброците, незнам што ке се прави со ова дете. Имаше ваков период кога растеа тројките, сега еве повторно. Сега и веќе некако долго трае Пиеше тогаш киндеримуно малце се подобри ситуацијата. Сега земав пак, пие веќе 2 недели ама нема уште некоја разлика
Како само ти мама... Барем нервозно ти е детето оти не е наспано, мојов кога ќе го фатат тантруми на најјако буквално цел ден е кенкав, плачлив, се прпела по земја, има невозможни желби (да чисти со четката за вц шолјата, да мие садови, да чепка низ ѓубрето за да провери шо има, да ја пушта машината...) шо ако не му се исполнат фаќа револуција. Штета шо во градинката му го кршат редот шо вообичаено тие му го поставуваат. Знам дека си надвор и нема можност за реакции, тоа е што е, стегни заби, се надевам ќе поминат овие периоди и ќе дојдат подобри. Ама добро, ти повеќе овошје му ставаш, јас ако му дадам цела банана друго нема да јади. А и млеко не му ставам, туку вода. Јас само гледам покалорично да е од таа пуста мака дека ништо не јади. За било кој препарат мора да помини минимум 1 месец. Јас б комплекс давав, ефект видов дури после 2 месеци користење.
Моето нешто пред годината почна со ономатопеи и зборови со значење, цели, сложени реченици после 18м. Ама на "сметка на тоа" моторно е мнооогу помрзлив и во споредба со дечиња на негова возраст е потромав. Ова го кажувам за да не правиш споредба со други дечиња, оти секое дете си е индивидуа. Ама ако имаш нешто шо ти прави немир, консултирај педијатар.
1-2 месеци пред 2 години почна зборови ,после втори роденден со прости реченици од по два збора,сега е 2год и 2 месеци се повеќе зборови но не сме стигнати до сложени реченици.
На 20 мес да не треба 5ки да раснат? Не знам шо е работата, во последно време само вриште, не спие, се буди на секои 10 мин плачејќи, дење плаче... Имаше 4 дена темп, симна и од тогаш знае повремено да качи овие денови. Се лигави, од нос има премнигу секрет, ништо не јаде, само на цицка да висе. Ако не се заби не знам шо е.
Mojot e 19 meseci, kazuva mama, baba i nesto si zbori po negovo non stop mele. Razbira se, mnogu e poslushen, preaktiven e, se e super ama ne zbori drugi znacajni zborovi. Ako saka nesto me fakja za raka i me nosi do toa shto mu treba, mi pokazuva i mu go davam. Ama se taka se gestikulacii. I kazuva da i ne, pravilno gi koristi
Пробај да стимулираш мама. Намалете или уште подобро ако сте во можност исклучете екрани. Кога ќе ти бара нешто, прашај го 'чашата ја бараш?' 'еве ова е чаша, чаша'. Читајте книги, именувајте ги предметите, храна, животни, овошје, зеленчук. Поставувај му прости прашања на кои може да одговори со да и не. Како сунѓери се, преку ноќ може да пушти да зборува како навиен. Само ние на 22м без тројки сме. 4ките сите наеднаш ги изваде, ако ме чека истото со 3ки и 5ки, тешко мене.
Истово ќе го пишев. Ќерка ми на година ипол зборуваше речиси се. Со цели реченици, со Р. Моторички послаба. Подоцна прооде и беше страв од кревет да се симне сама. Син ми има 23 месеци дали 30тина зборови кажува, ама е 100 на саат. Памперс не носи 3/4 месеци, вози сам тротинет, на најголемите лизгалки сам се пентари, колук напред прави професионално. Консултирав логопед кој ми рече дека кај него има дисбаланс. Пренапреден е моторички, зс сметка на тоа помалку фокусиран на говорот.
Мојата за две недели 20 месеци ќе прави. Којзнае каков фонд на зборови нема 30-40 врти. Ама знае да кажива прости реченици како на пример: Мама дае нана (мама дај банана) Тати нема, папа (тато го нема, папа е) Ајде мама па Откако крена на градинка приметив нема многу нови зборови, ама таму сега на германски почна. Па знае да каже да и не на германски дури понекогаш кога ја прашам ми одговара на двата јазици не, најн… Е сеа ја си мислев дека за нејзина возраст ок е. Ама ве читам 30-40 зборови малку биле. Инаку со 3 ки мака мачиме долните лесно излегоа ама овие горниве тешко се даваат.
По книга малку се, ама не се сите деца исти. Има некој на 20м има 30 збора, за да после 2 год зголеми фонд одеднаш. Посебно во двојазични средини критериумите не се баш исти. Јас се консултирам со логопед да ми е мирна душава. Инаку не се грижам премногу затоа што го гледам дека е многу интелигентен, буквално не можеш да го прелажеш. Во меѓувреме многу му читам, му раскажувам, играме игри и цртани речиси и не гледа. Кога гледа гледам да е на македонски.