1г и 7м Скоро се знае и цело време зборува, почна и песнички да пее и брои до 10, на 1 г и 2 м веќе знаеше да каже како се вика, како се презива,колку год има и многу животни, овошје, зеленчук и.т.н прво почна да кажува зборови па после прооде
Јас и верувам зошто и ќерка ми беше таква. Имам видео на година и нешто брои до 10. Зборуваше се. Знаеше неколку песнички на македонски и англиски. Знам дека делува чудно. И мене ми е чудно од овој аспект кога гледам видеа. Како што кажав син ми има далеку помал фонд на зборови на речиси 2 години.
Ќерка ми е денес 1 год и 4 мес. Сега да каже Софија, јас на лице место ќе умрам. Туку, ве читам дека има поврзаност одење-зборување. Ова има мотор у газето, преактивна е и цел ден збори ама по нејзино. На бебешки не и збориме, се обраќаме со "Софија+ бла бла" Е сега да прашам, некогаш кажува чао, или како кажува куче/маче и после тоа 2 недели не кажува. Претпоставувам дека од инает го прави тоа пошто е инает колку што има влакна на глава а ги има машала. Или има некоја друга причина? Онака нема баш нешто многу зборови ама се разбираме, со мимики гестови и пискање
Мислам дека огромна улога игра тоа дали има брат или сестра дома и колку? На педијатар го имате кажано сето ова? И што ви рече педијатарот? Моето има поголема сестра и 21 месец и знае да каже само пак, чао, јаболко ама на германски и мама тата дада баба деде Нина чиче. И на германски јаболко и розева. Се ова што кажа, првото дете на 4 години знаеше. Двете проодеа на 16 месеци. Моите со се “каснат”. На колку прооде твоето?
Ќерка ми е 19 мес. Кажува зборчиња, сите роднини ги реди, кажува како се вика, колку год има покажува, ономатопеи кажува, некогаш врзува зборчиња на пр нејзиното име нана, папа и сл. Прашува тато кај е? Припадност распознава. Ама да фати да ми брои до 10 сега па зимам одма на Стенфорд клип им пуштам стипедија им барам. Зимам ја упишувам уште од сега за црни дупки да учи и теорија на реалативитет. Па човече тоа ти e следен Стивен Хокингс, на година дена до 10 да брои....ок.
И мојата се вика Софија, на 19 месеци одприлика (можеби малку порано) почна да кажува како се вика , Софија не може да каже, наместо тоа вика Ија(СофИЈА) ама и тоа не секогаш. Имиња како Ана,Еме, Ани, Ати, Биби…ги кажува ама нејзиното тешко и се погоди.
На година не, ама на 22м брои до 10, разликува 5 бои, знае име (не вика Јован, туку Ован, 'Ј' не знае да ја каже), презиме и адреса на живеење, кажува песнички и пее песни на македонски, на англиски ја знае само happy birthday to you оти друго не му пуштаме, знае по негово во скратена верзија тоа што му е интересно да ги раскажи книгите шо му ги читаме, разликува и употребува јас, ти, мое и твое. Се плаши да скока на кревет или на земја, некогаш без проблем се лизга на најголемите тобогани, некогаш се плаши да се пушти на најмалиот, скали слегува и качува само со држење за ограда, ако види дека му е полесно, лази при качување. Ако му е висок креветот (спалната ни е 65цм) не се ни обидува да се качи, слегува претпазливо ко по јајца да гази. Ако почувствува дека нешто му нарушува рамнотежа, се плаши и не пробува да ја повтори активноста. Шутира исклучиво само со десна нога и во секојдневие воглавно сѐ прави со десна рака. Фината моторика му е супер, круната не. Згора на сѐ тромав е и мрзлив.
Ме потсетивте на една случка. На еден другар татко му пред да наполни годинка секој ден го вежбал да кажува "десет до осум", за на првиот роденден да се пофали пред гостите дека син му знаел колку е часот. Пред сите точно во 7:50 го прашал "Сине колку е часот" и овој рекол "детет отум". Тука сите ракоплескаат, леле детево иден Ајнштајн. Иначе на тема зборување, мојот зборува кога сака. Знае и да сврзе по некоја кратка реченица, ама најчесто се "лигави" и си кажува тоа што него го интересира т.е "тао", "ај мие"," ај брм"," нана" и слично . Последно ги научи бадемите, али ја него само непечни му давам да грицка, а неќна јадел печени со дедо му. И денес иде у кујна и ми вика "баемиии". Му давам од неговите, ми вика "не тие баеми".
Секако дека ние чудно можеби и смешно што некое детенце броело до 10 и јас знам такви дечиња, и дете на година ипол кое збори чисто пее песни без ниедна грешка. Секое дете е различно и најлошо нешто е децата да се споредуваат кажувам од искуство. Мојот е 20 месеци има многу зборчиња над 40 може и пола од повеќе скроз чисто ги кажува но ете со омеопатиите слабо стои а моториката му е на одлично ниво. Секој ден фрла по некој нов збор,вчера татко му ќе се задавеше на ручек кога го викна по име чисто без грешка. Иде во градинка од 10 месеци има поголемо братче кое сигурно и од него учи.
Праќам видео ако сакаш во лп. Се гледа на видеото дека е ептен мала и брои до 10 патчиња од една книга. Таму имаше не повеќе од 16 месеци. Значи јасно ми е дека е чудно, но не и невозможно. Еве сега кога ја споредувам со син ми на таа возраст и мене ми изгледа чудно, а тогаш не сум била свесна. На неполни 2 ја раскажуваше волкот и седумте јариња, Црвенкапа и Малечката вештерка од Биби од збор до збор. Син ми кажува 30тина зборчиња и не сврзува реченици се уште. Тој прави профи колук напред на спална и мочка во нокшир од неполни 18 м . За некој и тоа е неверојатно, но ете. Сите деца се различни...
Јас се сеќавам дека на 5 години, уште немав во школо тргнато, ги читав сите реченици на Касандра филмот, некогаш ако зборев многу брзо и преводот побрзо се менува нели па се нервирав кога немаше да успеам да до читам до крај. А за споредба, ќерка ми, на скоро 6 години само а, бе, це, де и е ги знае, само тие ја учев. А за друга споредба од комшии детето уште од 2 години ги знае сите букви ама на англиски. Си поприкажавме битно. Моиве и дека без телевизор па сигурно и тоа игра улога. Од телевизор, телефон, се учи многу. И зависи и од самото дете и од тоа колку ние ги учиме. Јас ги оставам сами колку научат толку ама сега пред да почне во школо добивме една како брошура што да ги вежбаме до школо па затоа и почнав. А не дека има правилно, погрешно, брзо, споро, понапредно, по уназадени. Сите сме таман.
Нема потреба од објаснување и правдање ако на некој ми невозможно тое нека му биде. И мене се тоа ми беше чудно кога беше големиот на оваа возраст дека он беше баш спор и плус прозборе целосно после третата година. Сега има 4 години збори буквално се уста не затвара уште малце остана само да се прочисти говорот и тоа е тоа.
Еве јас првпат во оваа тема барам совет, мислење, насока... 17 месеци и проблем до све ставање во уста, ми се пресекуваат нозете значи, си мислам дека срцето ми застанува од нејзните глупости. Иако е мирна и веќе почнува со зборење не знам како и доаѓа да пикне нешто воуста. Сабајле имаше лушпа од сончоглед, пред некој ден капаче од шише, шнолите и стегачите... Со неа сум дома значи не одам на работа, и читам и зборам, и пеам песнички. Но понекогаш се чуствувам како немајка, сабајле ја удрив по уста и по газот. Претходни пати кога ќе пикнела нешто во уста сум се трудела со зборови да и објаснам зошто не треба тоа така. Сите совети се добредојдени. Убав викенд мајки
Мораш се да тргнеш од дома. Или шише на пример знаеш секогаш седи кај што нема дофат. Мала е за да не става во иста. За не ставање во уста дури на 5 години престанав да не пазам. Значи не е виновно детето. И немам ни шноли ставано од таа причина. Сега за помалово дете уште пред да се породам од цел стан најпрво се ослободив од се што е ситно. Тоа ми беше најважно да ми е средено бидејќи е најопасно. Исто како ленор да и оставиш на пример и да очекуваш да не го испие или ако го испие да и викнеш или да ја удриш. Мораш ти да го скриеш. Идеално до 5 години.
Јас мислам дека џабе е зборење додека не почнат убаво да разбираат зашо нешто не треба така. Можеби најдобро е воопшто да нема такви опасни предмети до неа. Тргнувам од ќерка ми дека стварно она сеуште не може да ме разбере ( или си тера по нејзино и не ја сфаќа опасноста ). Удирањето исто е џабе, јас не верувам дека таа разбира заради што е удрена. Можеби упорност и многу зборување ќе профункционира, ама за почеток јас би тргнала се што може да е опасно Пример, госпоѓицата моја многу сака да се качува на креветот и за нејзе идеално е да се фрли позади кревет. Од причина што еднаш падна и пак го прави истото, не и објаснувам веќе и не и кажувам дека ќе се повреди затоа што она не знае што е тоа повреда и дека глава ќе расцепи, преуредив дома и ја ставив масата за да нема кај да иде. Стварно мислам дека нема да успеам да и објаснам зашо не треба да се фрла од кревет барем уште година дена
Точно ова последново. Откако падна моево мислев дека научи и нема да се качува пак. Следниот ден одма се качи. Му викам нели вчера падна, главата ја удри, плачеше… џабе е се, мали се. Доближив другото креветче до тоа за да не може да се качува. А јас убедена дека после тој пад нема ни да помисли да се качи.
Нема брат или сестра сама е, од многу мала сакаше книги да и листаме, и да и кажуваме кое што е, последно кога бевме на систематски виде играчки некои животни и им вика бизонн, др изненадена остана и праша баш како и ти дали има брат/ сестра, напредна е многу во зборувањето ама може и генетски е оти и татко и рано прозборел уствари исто како неа, а инаку прооде на 14,5 месеци.Матичната вика еве го зборливото девојче вика ретко вака мало дете толку да зборува. Ама мислам дека се е до интересот да седи и да гледа во книги ако неќе нема шанси дете да седнеш.Она сега периодов иде со книга и пр. Мене ми вика мама чита и сака да и читам од приказните.Поздрав убав ден