@minne992 @Naatashka123 Фала ви. И јас и цедам портокал а понекогаш и давам и на хип сокчињата. Но баба и деновиве почна да и дава кока кола... па ќе мора да изнакупам соодветни за неа.
Бебе 15месеци, нервозен е и тешко го ставаме во седиште за возење а сакаме да одиме малку надвор од Мк на шетање.Дајте некој совет како да го смирам, како да се анимираме по пат и кога е најдобро да се патува? Исто и за воведување на кравјо млеко да ми кажете како е најдобро? За во градинка го спремам
Не бе кока кола. Тоа за нас не е убаво, не па за дете. Цеди или разредувај со тие фруктал 100% овошје. Јас така правам. Во каши. По малку
Ние со поголемиот патувавме ноќе. Немаше никаква друга опција. Си го планиравме времето за пат, за да стигнеме на местото кај 6, 7 наутро. Ем нема гужва на граница, ем нема гужва по пат
Хемофилус инфлуенце ни покажа во нос. Тоа било причина за температурата и носот. Ама уште не ја пушта тт. Си држи. Веќе трет ден е на панцеф. Кога да очекувам збогум на тт? Локално се става нешто во нос или само системски е доволно?
Мојата не можам да кажам дека е тешка за возење, ама си има жути минути/саати некогаш. Имам приметено дека ако позади нема никој со нејзе е бубаче, седнам ли јас позади не прекинува со кенкање. Ова тестирај си локално прво. Кравјо млеко со бисквити или со спелта правам.
Зависи колку далеку идете, ние најчесто тргавме рано сабајле накај 4h, а сме тргале и кога му е време за дневната дремка ако е подолг патот зашто не сакам долго ноќно возење. Првото ми е страшен лигуш за возење во седиште, стално со рикање тргавме, па му пуштав видеа од него да си гледа, измислував приказни за мечки во шума и се што ќе видевме по пат, абе досада жива да ти се одмили тргање некаде. Малце кога порасна почнав на сила да го врзувам, седнувам напред, музика до даска и вриев првите минути од нервоза. Постепено почна да се навикнува, му носев секогаш грицки или ќе му дадев телефон. Сега е скоро 3 години, секогаш се буни и плаче кога седнува ама одма се смирува зашто знае дека нема попуштање. Кравјо млеко давај по малку во оброци, секако во градинка само така даваат.
Кај мојава мислам 1 недела само се осети, толку. Мислам дека после 4ти лабавки сите ми беа. Дали дека нервен слом доживеав во 4ти или стварно беа полабави, не би тврдела
Ууу многу добра идеја, баш сопругот вчера сам го возеше бебе и ми вика абе бубачка е кога сме сами у кола, може треба напред да седам, фала на сугестија утре ќе пробаме хехех
Дали при бактериска инфекциЈа, во случајов хемофилус ин. е нормално нагло да падне хемоглобинот? Од 128 на 100ка. И што давате за тоа? Во каков интервал се намалува црп откако ќе се почне антибиоток?
Најчесто алпско ама давам и други зависи што имаме дома, многу ретко пие. @brm_brm Нормално е при било каква инфекција, ќе се покачи пак. Црп зависи колку е високо, кај мојов еднаш беше 150, за 3-4 дена падна на 120 и после како ништо да не било.
Изгледа е нормално да паѓа хемоглобинот кога се болни. 2 пати имав таква ситуација со децата и баш прашав дали треба некој суплемент за тоа, ми кажаа да оздрават па да повториме крвна слика за да се одреди. Еднаш со истата бактерија, хемофилус инф. и сега со стомачен вирус.
Нормално е, било бактериска или вирусна. Откако ќе помине ќе се нормализира, нема потреба од суплементи.
101 беше пред 4 дена. Тогаш почна антибиотик. Денес е 65. Денес веќе нема тт. 5 дена постојано креваше. А има примено 3 дози вакцина за хемофилус
Вакцината е за тип Б, најчесто е тип А во вакви случаеви и се третира локално или со антибиотици ако има повеќе симптоми како во вашиот случај. Тип Б е веќе многу посериозно.