Син ми плус знае и да изброи колку има, до 10 секако, (иако брои до 20 на два јазика, на англиски додуше и наназад), ама ќутам дури бирам каде да му аплицираме за стипендија .
Не му бранам, само ми беше на мисла да не има некое ограничување. Не е можно колку е периодичен, едно време не сакаше да ги види боровинките и аронијата и ги гмечев па ги вадев лушпите оти уста немаше да отвори. Овошје не ми сака многу, освен банана и јаболко, со зеленчукот фала му на Бога немаме мака, освен домат. Шо дете ќе беше домати да не јади еве не знам. А во доматно пире се дави. Леб исто не ми сака, многу ретко 2-3 залаци, освен некое пециво, а благо зависи од денот, некои денови нема да посигне и да му нудиш, некои 2-3 реда киндер чоколадо ги прави маф во 3 минути.
Мајки ме интересира нешто. Дали има периоди кога послабо кажуваат одредени зборчиња? Си кажува она мама, тата, баба, деде.. ама последниве недела, две почна поретко. Порано по 20 пати на ден ќе кажеше мама пример. Сега мама само ако не сум дома, ако сум тука поретко. Сега почесто вика папа, нана, брмм. Едит: 12ипол месеци е
Имаше периоди кога не сакаше воопшто ни брм ни ништо да каже како инат да тера. Ќе дрнда еден период па ќе ќути, еве го сега 2 и пол години и не сопира и во сон збори некогаш .
секако дека да, мојата викаше цело време мама, сега ептен ретко, скоро ништо не збори, 16 месеци е, се разбира ама не збори
1год и 7 месеци. Повеќе од 1 месец се буди секоја вечер и седи будна 2-3 часа. Најчесто бара да ја носам во дневна. А некогаш си лежи будна. 1 месец немам спиено како што треба ни она ни јас. Значи обично станува во 7 , дремка од 12.30-14.30, легнува 20-20,30. Не знам каде грешам
Грешиш што ѝ стануваш. Нека стани, пробај да ја презаспиеш, ако не спие, не вклучувај светло и не станувај од кревет, прави се дека спиеш. Ќе ѝ се здосади од седење во темно и ќе заспие.
Плаче се до дека не ја однесам во дневна. И многу лошо плаче. Ќе пробам и тоа да го игнорирам. А подобро во скроз темна соба , ни малку светлина?
И ќерка ми станува ама ние се правиме дека спиеме и упорно ја легнувам и заспива после некое време. Евентуално може млеко да и дадам ако се расони ептен
Мојата ова почна на година да го прави и тогаш ја оставив сама да спие во соба. Така да ако имаш можност сега е моментот.
Треба да научи ноќта дека е за спиење и да презаспива кај нас ваквото однесување 1 недела траеше. И од кога го игнориравме почна да презаспива. Нормално е да рика да плаче, кога знаеш дека ништо не ја боли не треба да паничиш.
Плаче оти знае дека така го добива тоа што го сака. Сега тестираат граници и колку повеќе им дозволуваме, толку повеќе на глава ќе ни се качуваат. Ноќта е за спиење, не е за игра и крај. Еве ќе издржиш ден, два, пет, ама ако створи навика вака да ти се буди долг период и да седи будна со саати, па и да си игра, да гледа тв.. Ние спиеме во потполна темнина, ако не ви е проблем зошто да не.
Фала на сите на советите. Спиевме во скроз темница, првин се разбиди и плачеше 10минути сигурно ама издржав не ја регистрирав. И потоа уште 5 пати стануваше малку ќе заплаче и пак заспие. Ќе издржам и се надевам ќе почне да ја спие цела ноќ.
Мајки бебе два дена е со тт. Послабо јаде, ама цица многу често и по малку пие вода. Кога спаѓа тт премногу се поти, ама денес има и посуви пелени. Вчера на два часа преполнуваше. Не е дехидриран. Да форсирам вода не можам, не сака да пие исто и сокови не сака. Е цицање има цел ден. Вака е весел, свеж, си игра. Дали да преземам нешто плус?
Исто имам пишувано за ова и јас, истото ни го правеше и тоа рандом не секоја вечер, беше 1 и 4 мес и тоа може траеше околу 2 месеци.Се излажавме и ние со дневната и некако се убедивме да останува во спална, па престана да прави така.Многу тежок период
До кога е нормално да си брбља на бебешки? Он како бебе не гукаше, сега на година и пол гука. Кажува сосем неразбирливи работи, т.е си збори на некој негов јазик. Доста работи шо ги кажуваше веќе не ги кажува. Почна да избегнува да зборува, не ми одговара кога го прашувам. Период ли е, шо ли е?
И мојва уште брбља на кинески. Вака кажува зборови, врзува по два ама кога ќе се внесе да прераскажува на пример нешто, брбља на кинески. Или кога пее на пример ринге ринге јаја, си пее по нејзино "ита ита јајаа, ита ита пајааа, ите чуууууч". Јас мислам рано им е уште за целосно разбирливо да зборат.
Мајки споделете искуство веќе немам ум што да правам, малата (22 м) повеќе од 5 недели е со продуктивна кашлица, прво негативен брис, висока тт и течење нос, не поминуваше никако, ни дадоа 10 дена Трицеф, во меѓувреме редовни инхалации со физиолошки и тоалета на носот, како и сите природни лекови за продуктивна кашлица. На контролен брис излезе мораксела, па ни дадоа оперил п со цитерал и дексаметазон со физиолошки 1/1. Тројца доктори викаат плуќата е чиста, секретот е меѓу грло и нос. Крвната слика и црп е мирно. Пнеумо излезе негативен. Многу лошо кашла посебно навечер, не знам веќе како да и помогнам ☹️
Дали течна столица значи стомачен вирус и дека детето мора да седи 48 часа дома од поминување на симптомите? Вчера дека Велигден испи многу сок, не од оние за деца туку сок сок, дали може поради тоа течна столица? Прв пат пие сок. 22 месеци има Треба да дознаам дали од сок може да има течна столица, скоро и ништо не јадеше вчера од сокот, за да се јавам во градинка и да им објаснам дека детето е здраво.