Ќерка ми пример ако не кака неколку дена после има неколку течни столици ама ништо не и е. Таков и е метаболизмот. Според некоја логика, може да предизвика и сок течна столица. Башка каков сок? И тоа што не е јаден убаво исто може да направи течна столица - ова по мене си кажувам, не по ќерка.
Здраво мајки. Знам дека мојава не е единствен нејадач, ама веќе ќе полудам. Живее на леб, кифлички и јогурт една недела. И да цице, да не заборавиме. Беше болна, и излегува 4ка, ќе разберам се, ама веќе намалува на килажа... Совет и утеха многу ќе ми дојдат добредојдени
Expulmo сируп да побараш во Зегин 140 ден е, на моето многу му помогна за кашлицата. Инаку, ваков проблем со носето го решивме со 3 недели Летизен сируп ама мораш да се консултираш со педијатар. Ако си во можност оди кај др. Искра во Ремедика, ќе ве упати многу добро што да испитате и како да излечите.
19 месеци е малава и има некој период каде што не смееме од соба да испаднеме, вришти на цел глас, кај сите го има ова или? Колку време траеше? Комшииве којзнае што мислат дека и правиме
Здраво да ве прашам како воведовте јаткасти плодови,мед, путер од бадеми кикирики,малини капини? Јас имам ми е страв уше да дадам
Мајки дајте ми идеја за играчки шо да купиме ново? Од поодамна немаме купено ништо, некако те едни исти ги вртиме, гледам му се досадни.
Во последно време со обоен ориз се заигрува претура во садови, ама ми е мака да го собирам. Инаку книги, коли, животни, топки и сложувалки. Ама сакам да пробаме нешто ново, оти гледам дека му е досадно, не му држат веќе внимание.
Исто ко син ми значи (без оризот, и онака ми е хаос). Можеш Магнетна книга со животни, ако сака броеви види ги овие, пошо сака коли вакво мада син ми не го засака. Исто и вакво (не знам како се вика) + плус книги во сите варијанти, пример некоја со зборови да богати вокабулар. Од поголеми играчки - кујна или работилница, евентуално поголема катна гаража. Кај нас секоја кутија е гаража па затоа до сега не се решив да му купам дрвена, следно на репертоар е кујна. Уште да се решам која .
Имаме ваков лавиринт, една од најискористените играчки е. Магнетна книга е супер идеја плус како парчиња сложувалка се овие, така? Имаме една од просветно дело, ама за никаде е, не фаќаат магнетите и некако не се осмелив од тогаш да земам, ама стори бокс би требало да ветува. Вакво со коли зедовме сега, искрено се покајав. Ем не е евтино, ем ги пушти количките по 3 пати и го остави. Работилница имаме, добро е што ме потсети, со селењето ми е некаде собрана, не знам каде е. Сигурно би му била интересна. За кујна чекам накај Грција да одиме, дефинитивно од икеа ќе му ја земам, некако нај ми се вклопува во буџет. Има преубави во тополино и стори бокс ама поскапи се барем со 2000.
@IRBBB можеби книга сложувалка ако немате, мене лично ми се многу допаѓаат. Моево многу сака да сортира топчиња во корпи по боја, ама со некоја кутлача или лажица за готвење да ги зима, ако не сте пробале такво нешто, исто држи доста внимание.
Имаме ваква книга со сложувалки, ама не знае да ги реди. https://knizarnicitrimaks.mk/product/transportni-vozila-kniga-slozhuvalka/ Ако имаш идеја за нешто друго или подобро, кажи ми. Ова со топчињата ми изгледа како супер активност, од каде најде мали топчиња во боја?
Па не се баш мали, од Амазон ги земав, колку во така не многу голема кутлача да ги собере. Има и необоени во различна големина, можете сами да си ги обоите. Инаку, друга играчка, моево исто што знае така убаво да се заигра е фарма со животни. Па демек им дава да јадат, па ги покрива, па им зборува...Дрвена сложувалка, како коцки дрвени, со слики од животни, ако не ви е пробано. Книги со прозорчиња, звуци, песни, сигурно и имате такви, моево многу ги сака. Ако сака коли (моево е пукнато за коли и мотори) има играчки од типот "забавна школа за возење". Со волан, ретровизор, музика, брзини, трепкачи, нешто така да видите.
Магнетната книга е одлична, секое животно е во три дела плус за секое има сликичка како треба да изгледа. Магнетите таман лепат, не нешто прејако за да можат и они сами да ги тргаат. Има и со други тематики, ама мислам за нивна возраст оваа е таман. Исто и ова, го заборавив во претходниот пост.
Лесен е за управување и после за возење? Колку што ја видов гумата не се пумпа така? Мене ми се допадна ептен.
Каде може да се купи оваа ? мм сака да му земе уште одамна кујна или работилница, викам џабе е дека е мал.. сега ме замисливте , можда време е да му земам .. Обожава коли ама да му сменам, незнам која опција е подобра? и дали им имате земено фотеља да седи некаде пример?