Не знам колкави сте, мојава на16 месеци така правеше може еден месец Отпосле видов дека и излегле тројки и една четворка.Провери
Син ми има 1 год и 10 м. Му давам витамини, омега, д3, вит ц, пробиотик и бимунал од време на време. Е сега, дали нешто треба дополнително, на природна база? Он е здраво дете, ретко се разболува (и тоа малку пто почна, беше кога тргна во градинка). Нешто на природна база дали недостасува?
Јас искрено мислам дека и ова е многу за овој период. Зима да ама летно време освен намалена доза Д3 и пробиотик заради стомачните вируси мислам дека ништо друго не треба. А ако продолжиш со ова ништо не фали.
Витамините се сите од доктори препорачани, само пробиотикот не, тој ионака не штети. Д3 Антоније ми рече да давам уште некој период, а останативе педијататор му ги има дадено, вит ц скоро му се воведени како редовни.
Да да, верувам само поентата ми е дека детето е веќе поголемо, ц витамин на пример се внесува многу лесно преку исхрана, цела сезона имавме на цитрусни овошја, сега шумско овошје ќе почне. Ајде за другите витамини малку потешко е ама пак ќе се надокнади преку исхрана ако си јаде разновидно. Мене овој период, па до есен ми е најубав за храна, има преубав избор свежо овошје и зеленчук.
Здраво мајки, кажете како да ја научам малата да пие со сламка(15месеци) или нешто друго, некоја финта да и биде интересно, битно да пие? Јадењето исто многу слабо ама пак пиењево бетер. Само од цицање уште да расте дете на оваа возраст не е нормално, а ваму педијатар имаме што ни вика дека таман си е се, штом нормално напредува. Ама мене сепак ме мачи дека не пие доволно. Често урината како концентрирана и со јак мирис ми делува или се филмам. Колку мочкаат вашите, уствари колку пелени сменувате дневно?
Јас на син ми му покажав, па малку јас, малку он, на обична сламка. Сега му купив шишенце од ДМ, многу го сака, пие од него често, како гумена е цевката, не може да истура низ неа. Му купував јас за оваа намена разни шишиња со сламки, чашки со клунчиња и на крај испадна дека најмногу сака од обично шише за вода, чаша од која пиеме ние и вакви како термос шишенца, да ги влечка и пие
Купи и фруктал сокче со сламка, на почеток стискај го пакувањето за да и дојде сокче во устата. Брзо ќе укапира дека треба да влече за да се напие и ќе и биде интересно, барем у наш случај така беше.
Фала ви мајки, пробани ми се отприлика методиве, само што си ја вади сламката па си игра со неа, па го истура сокчето а никако да повлече Си реков да не има некој магичен трик ама изгледа до детето е, тоа што си сака и си јаде и си пие, моево бега ко ќе ме види со храна или со шише
Провери ако имаш веќе купено шишенце дали се влече лесно, кај мене пие од шише TwistShake со сламка.Прво го купив ова И после земав едно друго демек за да има две но забележавме дека за второво треба да стисне со заби па да повлече и она од тоа не можеше оти треба дополнителна техника а од ова нема мака.Поздрав
Мајки приметивте промена во однесувањето на скоро 21 месеци ??? Значи буквално од неделата вечерта се до ден денес само се нервира за ситници , плаче. го оставам да се смири , се нервира и ме гледа, ме трга со раце.. катастрофа, се чувствував немајка, немоќно зашто ми се понаша така ... да не е некоја фаза??? ве молам утешете ме
Со што можам да го намачкам на носот и горната уста, испукани му се од мрсули од што го бришам цело време.