Дали тие што имате деца на околу две годишна возраст ви пијат млеко? Пиеше еднаш млеко пред спиење и еднаш мн рано кај 5,6ч наутро. Несакав да го оставам без ич млеко, зошто не јаде баш убаво количински, вечера никогаш нема, јаде бисквити, јаболко, краставица, и нема асална вечера. Па млекото скоро секогаш 150мл ми беше утеха. Наеднаш престана да пие :/ Никогаш сум немала проблем со ова, од раѓање пие бебјби лове 1, па 2, и 3ката ја пие веќе долг период. Знам дека не е до млекото па да го мењавам, ама од што може да е, имате ли вака искуство со скроз нагло одкажување? Чудно ми е многу, баш го сакаше до пред 2 дена
Да пробаш со лаков? https://www.annifarm.com.mk/product/titania-1106b-гел-против-грицкање-на-нокти-10ml/
Ќерка ми не пие од 15 м, син ми после 21 м. Тогаш ги одбив. Јас лично избрав да не пијат друго, особено не кравјо млеко. Супер се развиваат и имаа ок имунитет.
Уште подобро, сега ќе качи на количина на вечера. И мојава е 2 год, ама 60мл пие пред спиење, колку да не е без ич. План ми е последна кутија ова да и биде па да видиме. Давај навечер кисело млеко, јогурт или грчки јогурт со житарки, тоа ги држи.
Имам ли простор за паника, дај утешете ме. Малиот 16 месеци, пие наутро и навечер по 200мл млеко, плус сака многу вода во текот на денот. Не знам дали е многу или јас така си мислам. Ако му дозволам ќе испие 1л вода. Друго ништо не пие. Чај и сок не сака. Има 9кг. Многу е активен. Ама постојано сака да пие вода. Едно време пиеше од таа 360°, па со силиконска цевка. Сега е закачен на шишето со цуцла. Не знам дали му е за цуцлата или пак толку многу му се пие. Додека до капка не испие не го остава. Ако снема го треска шишето и плаче. Памперси полни ненормално. Имам ли простор за грижа.
Гугл вика дека се дозволени 200-800мл вода во текот на денот од 12-24 месеци, а млеко 400-600мл. Сепак консултирај педијатар. Да не јаде многу слатка или зачинета храна? Ако не, неќам црв да ти пуштам, добронамерно, прашај дали треба испитате шеќер.
Мене една докторка во Систина кога бевме на дежурен (Јованова ако памтам добро) ми рече дека 700мл треба да ги пие обавезно за да функционира, а 1400мл ако е активен. Во тој момент имаше 14кг и нецели 3 години. Некако премногу ми дојде, дали и јас пијам толку цел ден. Исто и мојот е преактивен и пие максимум литар на ден и тоа со потсетување цело време. Сам би побарал максимум до пола литар, само вода.
Тоа викам и јас. Шеќер да не треба да испитаме. Не јаде благо. Не сака слатки и чоколада, само наутро овошна каша, не јаде и многу зачинето. Ај ќе видам утре шо ќе каже педијатар.
Ако не ви е проблем пишете овде што ќе ви каже педијатарот. И моето дете пие многу течности сигурно околу 1.200 му се собира се на се со се храна, млеко и чај, но никогаш не сум помислила на тоа, па сега се загрижив. Кај мене е поголем има 22 месеци и скоро 13кг, ама сепак кажете што ке ве посоветуваат
Мислам дека децата ни се тука некаде со возраста, по колку мл одприлика внесува со се чај,вода, млеко ако пие, во текот на денот Кај мене од 1л до 1.2л Да не е премногу и тоа :/
Искрено јас мислев дека мојот пие многу вода, други течности освен некогаш јогурт, смути или сок од цеден портокал и обавезно манџа/супа во текот на денот не пие, ама сѐ заедно јас мислам дека не му се собира повеќе од 500-600мл. Млеко не пие, цица уште, ама искрено мислам дека цица на празно, ич немам млеко, така да не ни го сметам тоа. Ама можеби проблемот е кај моето дете шо внесува помалку течности, не до твоето или до на @Knizhevnik11. И според тоа на гугл шо го прочитав и според искуството на @Skyler дечињата си се тамам.
Од кога почнуваат да го разбираат концептот на страв? Последниве недели за многу работи почна да кажува дека се плаши. А заѕвони некој на врата вика плаши, а стропа некој во влез, вика плаши, плаши и трча кај мене. Шетавме надвор мотор збрмче иста реакција. Кога миевме заби ја седнував на машината, сега не сака вика плаши плаши. Година и 8 месеци е.
Го тргнав шишето со цуцла и одма не се налева така без осет, си пие нормално вода, постепено. Значи детето си сака цуцла, не цуцаше никогаш и сеа му е или филм или дека му излегуваат заби.
Околу 2 год. Само не ме прашувај до кога. Еве ја мојава 2 год и 3 месеци. Од дете кое на 15 месеци се пентареше на највисоките тобогани, сега со размислување на најмалите се качува. И тоа е напредок пошто пред 2 недели не сакаше ни на нив да се спушти. Секогаш кога се качувала некаде срцево ми било во петици ама никогаш не сме и рекле немој ќе паднеш или слично. Сега сама ќе се качи на столче и се плаши да се симне. И влеваме самодоверба со зборување, со сила ништо. Не сакаш ок, ако сакаш кажи сама ама нема зошто да се плашиш, обично такви реченици користиме. Пред две недели грмеше таа се смрзна. Велам не треба да се плашиш, облачињата си играат и викаат. Па се опушти малку. Пред некој ден пак загрми и и текна дека облачињата играат и добро поминавме. Само со зборување и по желба нејзина, друго немам совет. Едит: Инаку вчера сама звонеше на врата, и ми вели звони некој , плаши. Бисери.
Ги плашат од градинка за да бидат мирни од таму им е. Го легнуван мојот и станува и вика Бобии не Бобии. А Боби е хаус мајсторот
Мислам дека тука негде ни се, и исто и моето се однесува, сакам полека да му го тргнам шишето одамна ама не знам како, а во шишето ако е до крај, не го трга од раце додека не го испие. Сега и забележувам дека сака и цуцлата да ја гризе. Претпоставувам се тројките, моево го приметувам кога и да му растат заби неможам да го одлепам од цуцли.. @Hippie јас ова го користам