Доколку цица, после доење стави мора да се помочка. Ние преку ден пробавме, и баш тогаш се стегна и не сакаше да се помочка. Може 2 ч.,,чекавме,, да пушти капка Маки невидени.
Ја залепив, којзнае како. И ко ја извадив пелената, кесичката имаше 5 капки урина, а пелената беше полна. Прв обид, неуспешен.
Мајки, кажете ми што да мачкам ? Не знам од што му се направи вака, но веќе 4 5 дена и не поминува. Мачкава веледа до сега
Ај за машко можда полесно за девојче никако не иде со ова. Ја 3 пати лепев, се пелената полна беше. На крај ставивме подлога на паркет и ја држевме гола пола саат и така собрав урина.
Дали некој имал проблем со излегување од креветче ноќе? Година ипол е, кај по цел ден е триста на саат, си викав бар спие, сега ни тоа. Пред недела дена научи да се прекачува преку оградата и право на спална, па го зимам до нас да спие зошто ем не прекинува да излегува, ем се бунтува за спиење и не дај боже ќе тресне на паркет ако ја утне спалната и не го осетам.
Никогаш нема да успеам, а ми треба урина за упис во градинка. Ми иди моја урина да однесам на испитување.
Моето знае така да праи ноќе, 2 години е. Пред некоја недела го најдов во кујна, се качил, си седнал во хранилка сам и чека да јаде, во 3 саат по полноќ. Среќа што го слушнав и што не направил некоја беља. Ние му тргнавме 3 решетки од креветчето, барем тоа да не мислам, да не падне од него и да се повреди и вака си влегува и излегува слободно, друго решение немам. Заклучуваме се, спиеме на штрек и тоа е тоа.
I mene taka mi licese ama si terase i toa racunaj ona proode negde maj. I ovie gi imavme postabilna bese vo niv nekako https://www.sport-m.com.mk/ProductC...uctID=GV7809&Segment=05&Grupa=01&PodGrupa=508
Што се не ќе измислат значи. Јас местев вакво ќесиче пред месец дена некаде и тоа на женско, не знам колку ќеси фрлив, неуспешно и на крај ми се искака на паркет
Јас ја ставам во корито и држам со чашка дур не се измоча секако вода пуштено, макс 3 мин и чииииш Оние кесички за ништо не ги бива
Меѓу другото крвна слика, урина, копрокултура, брис од нос, брис од грло, потврда за редовна вакцинација, копија од вакцинален картон, потврда за здраво дете, потврда дека нема пречки со вид, слух, говор и моторика, здравствена потврда дали има хронични болести, дали прима хронична терапија, дали има алергии или интолеранција, дали треба да (не) прима одреден тип на храна.. Мислам дека само тоа е од здравствен аспект.
Ова е жива глупост и прв пат слушам за ова. Потврда дека нема проблеми со моторика и говор? А што ако има нема право детето да оди во градинка?
Ауууу која градинка е ова? Ја ваква глупост до сега немам слушнато. Коа ке го примат после барај им ти потврда дека нема никогаш болен да ти го вратат.
Боже, боже на Харвард за упис сигурно помалку документи бараат. Еве за што ќе им е крвна слика, да не изработуваат мени според крвта Се шалам мама, со лесно нека ви е
потврда за вакцинација, вакцинален картон, потврда за здраво дете ОК,и јас доставував, ама ова другото набројано „дека нема пречки со вид, слух, говор и моторика, здравствена потврда дали има хронични болести, дали прима хронична терапија, дали има алергии или интолеранција, дали треба да (не) прима одреден тип на храна..“ - ОВА беше содржано во самата пријава за градинка која ја потпишува матичниот лекар.