Дома сите сме болни, денес и дете фати температура. Му дадов Ефералган, малку се спушти, му беше 38, го расоблеков и малку му се врати расположението. Што друго правите кога имаат температура освен млак туш ако е потребно?
@LiquidLuna Супер ќе биде ако не излезат во уста. Кај синко во уста, на стапала и на дланки имаше. Ама устата страшно го болеше. Само проафтол му помагаше. Ништо не ни дадоа, вирус нели, за неколку дена помина. @zverkica Големиот на 37.2 паѓаше и беше малаксан и мораше некој до него да има. И чекаме до топломерот да качо над 38 па да превенираме. Јас деца не туширам, од причини што тушот имаше контра ефект, што не значи дека и кај вас ќе биде така. Сенф на стапала, оцет, масираме со алкохол... Нудам течности и масираме често со мм. Со помин
На големиот од горниот дел на дланката, а на бебе од прст. Ова на клиника, имаа по 6м. тогаш. Не знам зошто на различен начин им земаа. Или каква сестра ќе ти се погоди. На приватно претпоставувам се унифицирани.
Update: се исфрла и на стапала и на дланки. Коксаки it is. Осипот после тт се јавува? Има шанси да не сме приметиле дека има тт?
Еве се самоцитирав како поминавме ние пред 2 месеци. Како последица од коксаки периодов му се менуваат ноктите на палците и малите прстиња и на раце и на нозе...а претходно му се лупеше кожата на прстите.
Здраво мамички имаме периоди кога стануваме со вриштење од сон а ако преку ден немаме две дремки навечер сме уште толку полоши и за заспивање а потоа си се будиме еве и вечерва нема спиење чувам стража само штом легнам ќе стани и ајде наново дункање со пеење за да заспие повторно а се случува и да плачи во сонот дури и да вришти а понекогаш едвај го разбудувам за да се смири па после саат пак заспиваме иначе сме 16м Се извинувам за долгиот пост...кажете совет како да му помогнам
Еве сум неспиена и јас денес. Немаме ние во принцип проблем со спиење, некогаш спие цела ноќ, некогаш 1-2 пати ќе се разбуди ама презаспива. Вчера не знам што беше, првите 3 саати ги отспа, после почна на 40 мин да станува со плачење и врескање. Мислам дека вади 3ки, преку ден многу се лигави и све пика во уста, ама па читав дека од длабок сон не би требало заби да ги разбудат. Па си реков да не била преморена дента, а спие навечер по 10-12 саати, плус 1 до 2 саати дремка, ми личи наспана. После си помислив да не е гладна пошто и така не јаде многу, особено не сака вечера. Читав и за регресија има на 18м, мојата е 17. Нешто друго да ја мачи не приметувам, само се надевам дека ќе спие вечерва. Ако во сон плаче не го буди, пеј му, гали го, гушкај го, ама не го буди, ќе му помине ќе се смири и така. Вечерва ќе ја најадам убаво, ќе и ставам гел за заби и ќе ја легнам порано ако не спиела убаво преку ден, па се надевам нема да биде како синоќа. Парацетамол давал некој за заби, колку се дава? Еднаш ми спомна педијатарот ама не знам за дозирање. И тоа ќе и дадам ако пак ми се буди многу.
Прашањето не е за овде , незнаев каде да пишам малото ми е годинка, дали почетокот на јули би бил добар термин за одмор во Грција?
Со вакво свежо време и дождови ќе биде ладна водата ама пријатно за седење. Лани исто врнеше јуни, ние бевме средината и водата беше доста ладна ама за детето беше супер да си игра подолго на сонце и да не изгори, навечер убаво за спиење.
Мајки убави помагајте незнам веќе што да правам периодов е хорор во јули ке полниме 2 годинки ама периодов е само вриштење и ништо друго вади горе и 3 ки абе што и да прави легнува на земја вришти мава ме кубе патики сака сама да облече а неможе се сака сама а неможе и следи страшно вриштење веќе немам нерви стресно ми е секој ден каде ли грешам плус не јаде ништо несака и коа спие мора да се разбуди да ја нишкаш да поспие подолго несака да се облече по 1 саат со плачење кажувајте што да правам извинете на долгиот пост
Лани дека помала си носеше бодиња на кратки и ромпери. обични маички т.е. само маичка не сум и облакала. Сега за летово шо да и зимам, секако ќе има уште пелени на неа, дека ќе е поактивна. Ради пелената прашувам. 2 годинки ќе има. маичка, со долно нешто нормално и плус гаќички за пелената? или? Можда глупо прашање абе златен ромпер, со такво и спиеше и шеташе цело лето лани
Јас и лани а и летово исто планирам маичка и шорцеви или хеланчиња до колена. Не ти требаат гаќички. Таман ќе си е така.
Маичка на кратки без боди, така ми беше и лани и годинава. Доле шорцеви или хеланки. Гаќички ставам врз пелена само фустан кога носи, да не и се гледа пелената на госпожата
Од каде наоѓаш гаќички за под фустан? Имам видено во Ваикики но имаше само 1 и тоа мало бројче беше. Лани имав но сите идеа во комплет со фустанче.