@LiquidLuna @Cherry79 Да пријавам уште еден гушкач тука. Многу често ме става во незгодна ситуација што се фрла кај напознати и што застанува да им прави муабет. Сеуште не ја знае границата како треба со непознати лица, дека не треба да зема што ќе му дадат. Од една страна ми е мило што е питомо дете, а од друга страна ми е страв од опасности. Пред некој ден шетаме и имаше една баба, почна да го закача и да му вика ајде со мене да шеташ, дај ми раче и овој ни две ни три си ја фати и си продолжи со неа. Едвај го викнав пак да дојде кај нас, а потоа му зборев дека не треба така да оди со непознати баби. За разлика од него, помалата е подива и не сака многу да ја закачаат и ги игнорира повеќето.
Е од ова ме фаќа тиха језа онака, додека да се научиме дека не се оди кај секој и дека не се зема сѐ што ќе ти дадат. Мака нема ако си тргнам јас да си одам, ќе остане кај и да е нема ни да се сврти по мене Еднаш со маж пробавме во празен парк да се оддалечиме малку да видиме дали барем ќе тргне по нас. Мало сутра Едит: пред некој ден цвеќиња ми довлечкаа со татко и. Отишла во некој двор, луѓето саделе цвеќиња и од немање што да му дадат на детево, ЦВЕЌЕ СО КОРЕН ми донесоа дома
Да црта со дрвени боички, да пика цевка во цевка, круг да направи, да намести масичка со шољи, тацни, кафе да пијат со играчките, јас и свирам на гитара играчка и и пејам и она пее со мене, и давам сликовници да чита и да кажува што е што во сликовниците, и ставам од гарнитура надоле даска да се лизга како лизгалка, и давам да реди чорапи во сепаратор, и давам да "чисти" по дома, со виледа масичката, огледалото со крпа, има една четка демек мете, прљави алишта да носи во корпа, да "дипли" чисти, и давам да ми подава садови измиени од машина, играме голф со селфи стап...1 година и 9 месеци е.
Ќе се самоцитирам пошто од шишево од twistshake не сум ич задоволна. Многу почна да протекува, некогаш знае цел ранец вода да се направи од што протекло, затоа што и тоа капачето што се навлекува одозгора не спречува скроз да тече вода. Очекував повеќе од толку рекламиран и фален бренд, ама дефинитивно babylove ми се покажани далеку подобри.
Мами бебе е 13м,пие АД.Сакам да пробам да му дадам алпско млеко ама некако на 100ума сум.На ќере до 2год и давав Ад и после тоа никакво.Дали на оваа возраст му давате кравјо и како го воведувате?
Ај може навидум едно смешно прашање. Денес приквечер моето црвче начека вирчиња со вода, за една минута сто пати се шлапна во нив и се потопи цела, цели ногавици, патики, чорапи, се утоп. За 5 минутки ја вратив дома за пресоблакање, па јанза ме јаде дали може да настине?!
Нас минатата недела не фати дожд. Додуша она во количка беше ама пак ја натопи на патики и подколеници, па шо знам. Арна остана Ваљда нема да настине
Со првото многу добро си направила, незнам од кои причини се мислиш за второто. Ако се финансиски почни да намалуваш грамажа на АД , но качувај на јогурт , кефир, и други млечни производи. Секако повеќе ќе почне да јаде.
Ништо не и е. Јас специјално за вирчиња ја вадам надвор. Оди со гумени чизми тогаш, ама пак се брцка во најдлабоките , па пак ќе се наводени. Ништо не им е од 5-10 мин водени ако се.
Вака еднаш се туфкав кога ја начекав сабајле утоп мокра измочкана. ама дека вчера беше застудено, ама ај ме смиривте . гумени чизмички семате внатре што се обложени со волничка или не? (вчера во метро ги видов имаше внатре со волничка околу 1300 беа)
Ние сме исти Само дома да не биди, па можи кој сака да ја земи да ја шета Ако види па дете во двор, одма му оди и таа
Нема потреба да има волна внатре, обични гумени чизмички ако сакаш да земиш специјално за на дожд. Мада јас пре би зела на есен, се надевам дека сега нема да има дождови.
Гумени, а внатре обложени се мн добра ствар за мокро и ладно време од октомври натака, ако се само гума ќе му студи на нозе или ќе треба дебели чорапи да носи. Барав лани не најдов. Да не имаш слика какви се?