Мојата имаше запек од кравјо млеко,кога го укинав почна да има нормална столица,нам ни помогна ленено семе мала лажица наутро 2-3 дена,пробај со киноа со печурки и кисело млеко,смути од зелена круша но лушпата остави ја.
Згодни се, си одеше без проблем лани, трчаше со нив. А претходната недела по дома си ги носеа, уште да спиеја со нив.
Истиве ги има мн се убави, малку со бројчето зезнав гледам тоа што го држи каивчето напред и први лузна после носење, мислам ја стега, али не се жали, згодни се, нормално си оди, не се сопиња, меки се, лесно се виткаат.
Кажујте активности за 14 месечни деца? Ова моево лудо е само по коли,мотори цел ден брмчи...Се заигрува со коцки, топки вади, става, ама овие куќичките со фигурки леле мајко мила трпение 0 сите сака да ги изнабута на исто место и одма фрла баам баам. Сакам да му земам од овие дрвените шо се местат на нив животни,овошја,зеленчук па да ги учиме да покажува да ги мести или рано е? Кликерот му работи брзо памти. У градинка учителките само кажуваат си играше со топки, коли и се тоа па тоа шо знам шо ги учат.
Не е рано, тамам е и за такви сложувалки и за сложувалки со две парчиња. Протнување на коцки, капачиња, стапчиња во лименка, картонска кутија, игра со песок, боење со водени/темперни бои.
Мајки ај ве молам што би правеле вие во мој случај .. Во петок сабајле во 6 часот идеме за Словачка на свадба кај старосватицата наша т.е во сабота е свадбата и се враќаме во понеделник сабајле. Во голем ум сум дали да го земам синко или не, за да не му го пореметувам редот цел ден башка забавата трае до 4-5 часот зависно од гостите... Кога не е спиен се почесто е нервозен,кенкав... Лошо што е авионот рано сабајле, претходно околу 4 мора да сме таму на аеродром и пак нема да му се погоди.. ве молам за помош што би правеле вие П.с го носевме некни во Ниш на крштевка кај кумашините, катастрофа ништо не сме виделе искрено... Нервозен, кенкав, нејаден...
Ako mozes ostavi go, sti ke ti e na svadba. Samo ke se izmrcvaritr i po pat i tamu. Ili zemete i baba so vas
Ако имаш кај да го оставиш не го малтретирај ни детето ни себе. Тоа е многу краток период ќе му го расипеш редот. Ќе го измачиш само.
Бројчињата како се мама. Јас од лани имам едни исти вакви бројче 19/20, ноџето и влегува ама се кнап, мерејќи по влошката од патиката. Носи адидас 20. сега и земав патики адидас 21, ама како големки се. Ваљда 21 од ипанемата ќе се ок.
Ако има можност да проба најдобро ќе е. Мојата носи патики Адидас 20, а сандалчињата 19/20 и беа мали/кнап па земав 21.
И јас мислам да проба. Мојата носи патики 24,5 најк, а од сндаливе земав 22/23 оти и беше преголема 24ка, ама еве за 3 недели више треба да ги сменам.
Моите можат да го чуваат тој период , пробавме еден викенд за прв пат да преспие .. ќе дојдеа и сестрами ама внуката прави полуматура па не се вклопуваат со терминот па живи здрави ќе видиме до петок како ќе се одлучиме
Јас не би го носела Ние ќе бидеме кумови во ноември, и поканети сме цела фамилија. Планот е моите да дојдат колку чест да направат, да ја земат ќерка ми и да ја носат на спиење. Инаку, да имав каде да седи ич немаше да ја малтретирам.
Ипанема се топ. Лани и земав, и годинава пак. Лепенките се многу издржливи, стабилни се и меки целите сандали.
Ова со протнувањето прави, за бои не ми е уште да му зимам ќе направи лом а и он ќе се ишлапка, А од сложувалките кај да најдам, и од книгите со дебели корици со звуци?
На балкон или во двор, секако е топло, нека се шлака, после директно капење и готово. Сложувалки од тие дрвените како со боцка има буквално сегде по продавниците за играчки, во Џамбо по 150тина ден се. Од тие со две парчиња јас најдов во бејби центар, сигурно има и на друго место. Сторибокс има сигурно. Книги со дебели корици и звуци има по книжарници-тримакс, просветно, офис..
ај помош за дете што не сака да се вози во седиште. Од бебе не сака. ја оставам во седиште ја занимавам со телефон и други ствари ама тоа кратко трае. Почнува да кенка, плаче, вришти и на крај со повраќање нормално. до сега ја оставав да плаче и повраќа и гледам дека нема никаков напредок. Последниот пат морав да ја земам во раце оти лом се направивме со мм. он вика земи, јас вика не и така, мислам дека нервно попуштам кога се возиме со кола. Прашањево ми е за на одмор. како ли ќе издржиме во грција, ,,,,, знам дека и казните се многу големи таму ако не е во седиште, а безбедноста не сакам ни да ја помислам! Кажувајте чаре. Не сака да спие во седиште, да напоменам.