Хелоооуууу Миа 1 и 7 месеци денес кај 18 часот после изеде 2 шмукалчиња кај 20 млњко кај 21. Е сеа се исповрати. Ова 2 пат ми се случува од кога е родена да поврати а освњн дињата што сезонава прв пат ја јаде се друго што си јадеше од градинка навака можам да кажам дека за нејзини стандарди е па и премалку. Дали е можно од дињата да се исповрати? Пошто поврати еднаш од прилика 10тина мин од како го испи млекото и после 10 мин како нагони добиваше за повраќање ама не се исповрати... Фала ви
Јас оние ОРС во се ги имам давано и во млеко и во кашички и во смути. Ти ќе ги направиш како што треба според упатство и после ќе ги додаваш кај што можеш.
Може и дошло многу и недобра комбинација на храна во желудникот. Кај ќерка ми така знае да се случи во комбинација ако има и шлајм.
Дали некоја мама го користела сирупот за имунитет и како сте задоволни, или предложете друг за 12 месечни бебиња одат во градинка.
Можно е, еве ја добра е од тогаш навака, испаничив само пошто не повраќа она во глобала и баш се исплаши кога поврати.
Немам искуство, ама баш сабајлево со колешка зборував и таа ми рече дека откако нејзиното го пие сирупчево, не се разболило. Претходно беа со чести бронхопневмонии.
Овие јас ги користам. Се раствараат во вода, а потоа кај стигнам ги додавам. Млеко, кашички, смути, буквално секаде каде што можам. Имам и АД правено со тој раствор. Пример 30мл од растворот од електролити, 60 мл вода и 3 мерици АД. https://zegin.com.mk/mk/alvogen-orsshumlivi-tableti-so-vkus-na-limon-12-parchina
Моето уште не оди во градинка но поголема ќерка оди и нон стоп нешто ни носеше по дома. На малото прв пат на 11м ги давав овие и сум задоволна https://zegin.com.mk/mk/natures-aid-imuno-plus-peroralni-kapki-50-ml За големата го пробав сирупот за кој прашуваш но не приметив некој ефект. Повеќе помагаат кај нејзе ампулите јуниор протект.
Имал ли некој сличен проблем ако можам така да го наречам. Малата не оди во градинка, со дечиња се гледа повремено, ја чува баба и, од дома работи и татко и. Не можам да откријам во кој момент или која е причината, ама повремено од нигде никаде нешто како да ќе се изнервира. Знае да се треска по глава со раце. Некогаш во раце кога ја држиме, расположени сме, она ќе земе ќе не шлапне. Сега си играше со две кукли, зема да ги мава една со друга, маж ми си лежеше до нејзе доле и цело време и вика зошто ги удира, немој, со смирен тон. Зема него го удри со едната кукла, мм стана се налути, она другата кукла зема да ја стиска со сета сила. Јас буквално занемев, значи не знам што да правам, дали да се дерам, дали да ја карам, дали смирено да и објаснувам, а знам дека ќе ми се смее, сум пробала и вака и така, не гледам разлика. Како некој бес да има од време на време, не можам да откријам од каде и е. Дома сме смирени, не е дека урламе се дереме или да си покажуваме агресија, а не гледа ни тв, телефони и сл.
Има. Ама мојава ај оди во градинка, па мислам дека затоа така се понаша. Инаку, во тој момент она мава кукла пример, јас ќе ја земам куклата и почнувам "ооо, треба да се гали мама куклата, не да ја тепаме" и после почнуваме се наоколу да галиме и по некое време ќе заборави дека ја тепала и ќе почне да ја гали. А не знам зашо го прават ова, што викаш како бес да има во нејзе. Веројатно им е некоја неубава фаза, барем се надевам. Мене некогаш ме гушка и ќе фати ќе ме штипне од нигде никаде, и додека бројам до 100 почнувам "мама ќе ја боли, не треба така" и пак со галењето тераме.
Мислам дека тука ни се со месеците. И мојава од нигде никаде знае да има таков испад. Најчесто ако ја држам во раце и ќе ме шлапне. Почна пред некоја недела мислев дека е од градинка ама очигледно е фаза некоја. Најчесто јас ќутам и ја гледам во врв очи и она после некој момент со најнежно гласче вика мама и ме гледа и она во очи. Има и момент лупа со рака по маса ама за тоа сум речиси сигурна дека и е од градинка
@LiquidLuna @LazaLaza се надевам фаза дека е. Инаку и јас со тоа најчесто стопирам, гал гал правиме и почнува да гали. А во врв очи кога ја гледам ме шлапа пак. Ич не беше дифтар детево не знам што му стана. Ме смиривте чим не сме сами.
Леле јас мислев само моето некој бес има во него ама изгледа некоја фаза им е. Порано кога беше лут, дури и од мала ситница да се изнервираше одма се лупаше со главата од маса, ѕид, под зависи што има во близина. На неколку пати му се има случено и да ме удри без причина, но тогаш му се лутам и го игнорирам некоја минутка додека не сфати оти згрешил и почне да се умилкува. Тие фази ги одминуваме полека и сега по најново кога се лути се што има околу него фрла. Го оставам тогаш да си ја истури беста ама потоа си ги собира работите што ги фрлил обавезно.
Ја отворив темава за да ве прашам нешто ама и одговорив на @Mucika и заборавив да си ја споделам мојата мака Од што може да излегуваат вакви брунчиња по телото? Цел стомак и нагоре му е вака, помалку на грбот. Да кажам од жешкото, не е затоа што и претходно имаше ама помалку. Сега се проширија. Од козметика не сум менувала ништо, веќе подолго време му перам алишта со нашиот и немаше никакви реакции од почеток. Раат да не си.