Мојава не е нервозна, расположена е, дури некогаш претерано, се разигрува до степен на беснеење, не разбира дека може да се повреди. Јас обично го тргам тоа што е проблем, ако фрла наоколу играчка, ја кријам и крај. Ама како да елиминирам Ге? Се качува и трча по него, скока, се фрла. Ама само кога сме јас и татко и' дома. А за гушкање и бацување е дивјак. Не сака ни да ја гушкаш и бацуваш, не сака ни она да гушка и бацува. Можда некогаш со молење. Јас па имам проблем со заспивање навечер. Не сака, седиме и до 22ипол, некогаш и до 23. Со мило не сака. Пробав со разни ноќни рутини; со читање/разгледување книги/сликовници, со играње со играчки на спална со пригушено светло (спие во креветче споено со нашиот кревет), пробав до бањањето да не е, го местев пред спиење, не ја опушта, напротив ја расонува, пробав 2 саати пред спиење, пак ништо. Сме гаселе светла насекаде, гајле нема, не се потресува, продолжува да си седи во темница. И секоја вечер се бркаме за спиење, бега, рита, вришти. Е кога ќе ја легнам во креветче, не се буни, језда мора цуцла да цуца за да заспие. И мора шишката во уста да ја стави. Не знам, тоа можеби значи нешто? Ја тегне шишката, ја подвртува околу цуцлата, како завеса врз лицето и' е и така заспива. И се држиме за раче додека да заспие. Уфф, не знам како влеговме во ваква состојба... до јануари годинава пред да се разболи сè беше супер, до 9 ипол заспиваше, јадеше сè што ќе и' дадевме, не се спротиставуваше скоро за ништо. Сега борби на сите полиња водиме. Башка, многу сум несигурна. Пример, ќе седнам и плаче зошто паш таму сум седнала, а не онаму каде што она сака. И тука се двоумам: ако седнам каде што сака, дали така ќе ја научам дека ќе правам сè што она ќе каже? А ако не седнам каде што сака, дали ќе и' создама некаков комплекс, може ќе се осеќа дека ја игнорирам, дека не и' пружам внимание, дека не се битни нејзините желби? Вечно преиспитување и анализирање...
Ве читам погоре и имам некое комбо од сите описи, а тек 12 месеци е госпоѓицата. До сега не се замарав за скокови, ако е во скок тогаш е 8ми, и искрено ни е*а матер на сите кога сме дома, не престанува со лигавење и кенкање да ја земеш, а ако ја земеш зошто си ја земал па те бутка и сака доле. Ако седиш до неа пак кенка, играчките ги фрла нервозно, коцки летаат на сите страни и ако пак нешто не е ок треска со раце и нозе и плаче мислиш си ја тепал. Во меѓувреме ако и свртиш внимание, солзите прекинуваат, драмата застанува. После 5 минути пак исто. Само кога е надвор седи во количка, или кога е со кучето, ама од времево нигде не се мрднува. Растат и двојки, не знам дали е микс од скок и заби ама дома имаме мини демон.
Давал некој Киндеримуно прашок за имунитет? Катастрофа и е имунитетот од антибиотиците. Виктор ми го препорача, па да си прашам дали имал ефект некој или реклама ми прави само
Јас давав 2 теглички. Не можам да кажам дали е ок бидејќи тогаш не одеше во градинка.не се разболуваше. Како тргна во градинка после 2 разболувања, сменив биозин кидс сируп, го има во бугарија. Кај нас добар се покажа
Мамички ептен сум загршена, син ми 24 месеци во период од Март до сега примаше три пати антибиотик. Од обична настинка или бактерија му се прави црвено грлото и има покачено црп и одма антибиотик му даваат. Дали ова значи дека може да има проблеми со крајниците? Ве молам ако некоја мамичка има ваков проблем да ми каже како да превенирам за понатаму, да шрицам прополис спреј секој ден, нешто на природна база…
1 тегличка за 1 месец е? Виктор ми рече 3 месеци континуирано. @mace89 да те утешам ќерка ми од април до сега има испиено 4 антибиотици. Не знам совет, утеха само
Пола мерица дневно пиеше, дека е под 2 години, инаку дозата е една мерица. 2 теглички во континуитет, не фатија повеќе месеци. @mace89 а освен црвено грло што други симптоми имаше, колкаво црп? Дека сега кај ќерка грлото и е малку црвено и црп16, а ништо не ни даде. Башка денес беше вклучена на најјако, тоа тантруми ли се, кој знае....не спиела во градинка и дома урлаше вриштете многу, дури и со солзи у момент ги пушта големи колку компири. Се отепа од рикање. Се успа , па се закашла нешто и ја земав нормално да ја презаспијам рикаше луѓе како на колење. Или има некоја мака, болка или тантруми се, нешто преживува. Денес сефте некое дете ја гризнало на рака, имаше заби на рака, а беше на долги ракави Давајте ум.
@MissChievous Мала е, мислам дека го опиша секојдневието на повеќето мајки. Верувај не си сама, сите поминуваме низ истото, сакаш да угодиш, да не плаче за глупости ама управо таму грешиме и затоа дома се такви, а со сите други си ги знаат границите. Мојот е малку поголем 3год ама некои од овие работи останаа, некои се полоши. Ако отворам врата пред него, стиснам копче од лифт пред него, ако влезам дома пред него итн тоа е драмење, паѓање во несвест, плачки колку сакаш. Не ми е проблем да го оставам да ги прави тие работи ама најчесто се брзаме и заборавам Од друга страна, како поминува времето таквите моменти се поретки, повеќе разбираат, повеќе размислуваат кога објаснуваш, си доаѓаат други тешкотии ама стварно станува полесно, физички Психички сум исцрпена зашто си бараат зборење цело време Буквално не можам да го ослободам мозокот за да размислам некоја друга работа неповрзана со него. Ова на пример, мој совет да го смениш, ти како сакаш. Не може прцулчиња да не командаат каде ќе седнеме дома. Може да каже на кои лулашки сака да оди ама каде да седнеш, кога да се бањаш, кога да јадеш (секојдневни примери) не треба да дозволуваме. Никаков комплекс нема да и набиеш или да се осеќа игнорирана, помалку сакана верувај. Самото тоа што има топол дом, ведри родители што секогаш се тука за неа, играчки, прошетки е доволно да знае колку е сакана и колку желбите и се слушнати. Таа секој ден успева да помести граници, до каде ќе стигне понатака? Се имам зезнато за некои работи, па после требаат многу живци и енергија да се оправат затоа сечи од корен.
И се ближи втор роденден и ме прашуваат сите, што да и купат. Над 2 години што им е интересно, што да барам? Точак, тротинет има, кујна има, шатор има. Ич не ми текнува нешто поголемо за детенце 2 год.
Супер предлог ама не верувам дека ќе и е предизвик зашто се пентари на насолонот на гарнитурата, и од столче на трепезариска маса.
Абе може ќе биде интересно баш пошто е за таа намена. Мене ми фати око и едно пијано од Стори бокс, ама не знам како сте по дома со нерви Други работи стандард куќа за кукли, МОДУ коцки се интересни али цениве кај нас
Балансер, магнетни коцки, магнетен конструктор, воз со шини, трамболина ако имаш место, твојата можи и баланс даска би користела
Мама што е тоа магнетен коструктор просветли ме?! Баланс даска може, ќе купува некоја баба дефинитивно Нерви немаме секако, 2 годишно дете имаме Што се МоДУ коцки? Јас најнеписмена на форумов искочив за детскиве играчки, ништо не знам што е
Кул се, разни работи се праат со нив + може да се пентарат на нив https://oxymammy.mk/product-category/игра/modu-коцки/
Здраво мајки. Синчето ми е 13 месеци. Деновиве има зачестена столица (6-7 пелени) која мириса на расипани јајца. Му давам линекс капки и пазиме храната да е полесна. Од вчера приметив дека долната усна му е побелена. Не знам дали е поврзано или не, но дали некој од вас знае што би можело да биде? Чекам одговор и од матичниот педијатар секако.
Исто 16 имаше црп ама кажаа пва личи на бактериска инфекција иако брисевите беа чисти а и кажаа црвено грло плус имаше температура, се додека не му дадов антибиотик не спушташе температура, ќеркати има ли температура? @Tea SK душички колку мали а толку лекарства мора да земаат