Што е ова ? Како да го најдам на тополино страната ? Има негде да се види како би си играл со ова ? Нема потапа човек од мене за играчки
Има во тополино и стори бокс сигурно, можеби има и на други места. Немаме ние. Еднаш бевме во кидли ми се чини се викаше игротеката Таму имаше вакви, ги изнаигра цело време, тогаш имаше 20 м.
Температура само понедлникот ноќта неколку часа и толку, до 38 Ама како секрет да има во нос, и чат пат подзатекува. Гарант е бактеривче некое. Ќе и направам брис за секој случај. Ако треба со капки ќе третираме. Не за друго за две недели најдоцна треба да прими рецакцина, па да не ја пропуштиме.
табличка за цетање од едната страна со хартија од другата страна со креди, а ги и а и магнетни. Столче и масичка Организер за играчки Лего коцки Магнетните сложувалки исто се многу интересни ние ги немаме ама малата многу си игра во градинка со нив Playmobil Исто многу добра идеа за поклон за роденден ми е сезонска или годишна карта за во зоолошка или базен на пример или нешто друго од тој стил не знам веќе што има.
Не верувам да може моево сега да го разбере ова чудо Мене ми се гледа комплицирано , не па за него Ќе си игра уште малку со коли и мотори Фала во секој случај
Му дадов Блокмакс, после 15 мин поврати. Сега да му дадам пак, бидејќи не верувам дека толку брзо делувал или?
Од чаша пие сама, се потура де, многу е брза. Шише со цуцла имам за ноќе некогаш за млеко, целата е изгризана, со огромна дупка. За денски кога излегуваме и земам флаширана од зегин, со отворче си пие. Знае да влече и од цефче. Ај си викам да и земам од твист енд шејк со цефче дека не се истура, за надвор кога сме. И давам, она наместо да влече, го крева како шишенце . Ја враќам чекор назад или не?! И покажувам а она се смее и се прави дека пие со крената чашка, а ништо не тече дека не влече она. Како да и помогнам?
Леле и јас го купив тоа со цевка на ТвистШејк. Дали проба ти? Треба огромна сила да влечеш за да се напиеш вода. Јас имам едно од Алиекспрес, првиот ден веднаш се навикна и му тече многу полесно. Пие и од ова на твист ама ептен напор треба мислам
Да, го пробав, баш треба сила. Она и од обично шише пие, ама ај си викам да не се потура цело време. Ако не понатака ќе си го користи кога ќе потпорасне.
Добро, кога завршува фазата на ставање апсолутно сè во уста? Знам дека е индивидуално, ама ова веќе е претеризам. Абе опашката на мачката ќе ја проба, до толку е! Исто, фазата на фрлање апсолутно сè што ќе фати? Не може на раат да си игра, мора барем по еднаш сè да летне во воздух. Иначе е година и 9 месеци.
Веројатно е индивидуално. Мојава долг период не става во уста се. И фрлаше периодот кога почна во градинка некој месец . Сега некако сме на мирно езеро
Кај ќерка ми мислам после година и 2 3 мес прекина фазата. Сега од инат пика и ми покажува и се гази од смење
Мајки што им спремате на мали е на одмор за ручек? Во дилема сумдалида мкнам фрижидерче со замрзнато мевце за да му праамручек на малово таму. Имамколешки со јип каши поминуваат ама јас тоа не сум давала до сега и мислам ем нема да ги јаде ем нема да се најаде со една каша. Совет?
Тоа вие што ќе си јадете за ручек тоа ќе му даваш. Каши јас носев ама мојата не ги сака тие месни зеленчукови, а овошниве и со житарка ги пие со цевка, ако и е малку една јаде по две. Од овде ништо не носам од храна, застануваме во лидл по пат и пазарам за цела недела. Во апартман или полупансион сте? Ако сте полупансион може и со кашички или нешто да си поткаснува до вечера, ние сега така бевме и ич не ни бевме гладни за ручек. Ако седневме на ручек за нејзе нарачував риба, суфлаки, пица еднаш од нашата јадеше, може рижото, тестенини. И 2 недели да сте не е страшно да отстапиш, дома ќе си се вратите на старо, уживајте.
За колкаво дете станува збор? Јас лани на година до година и пол сум поминувала со кашички , но и нешто екстра од она што ние сме го јаделе. Годинава исто имав кашички, ама тие поминуваа за ужинка на некој начин , зборувам за месните и зеленчуковите. Овошје во грчка имаш какво сакаш. Премногу ми е ризично да носам замрзнато месо, на граница може да заглавиш и 4 часа, додека се сместиш во апартман, се пуштило комплетно. Зависи и каде одите и какви маркети има , сум купувала и месо од грчка од Лидл или Масутис, за да спремам нешто и за нас и за неа, ама ретко било тоа. Сума сумарум и две недели без месо ништо не им е. На одмор мојава нема класични оброци, и онака само јаде нешто на секој половина час.
Година ипол сме, уште сме на блендано за жал, освен лепче и овошје што џвака, ручек мора да е блендано. И тоа што викаш, немора месо секој ден, не ми се ризикува ич со такви работи, ќе одиме до Лидл по купување
Штом уште е на блендирано, земи кашички од тука , таму се по 4невра, има вкусни и од нив, со моцарела, со патлиџан, со риба , болоњезе. Има и со ситни парчиња. Олесни си го одморот, не се замарај толку,плус Лидл, плус можеби нешто ќе проџвака нешто. На одмор им се отвара апетит. Место месо и јајца можеш да даваш, барем два пати неделно и не ти треба месо.
Мами, за мене е, не за детево. Да се премести мислењето во друга тема ако треба. Се изгорев со пегла за коса, за изгореница што е најдо ро да се мачка. Ми се излупи, отворена рана е. Земав Дермазин ама вториот ден ми се јави црвенило околу. Што за заздравување и за да нема лузна? @Alishan30