Ако нема симптоми, зелени мрсули, температура не се лечи. Ќерка ми година дена ја имаше дур не испи 4 антибиотици па се што требаше и се што не требаше го снема. Не зимај брис од нос на своја рака, ако нема симптоми, нос не е стерилна средина, секогаш ќе искочи некоја стрептокока, некој хемофилус.
Мајки дали само јас се осеќам ко немајка? Девојкава е 19 месеци, толку е разлошена, мава со предмети, тепа, ме гризе, посебно со помали деца е хаос... Јас детево не си го препознавам. До скоро беше најдоброто бебе и дете. Дали е оваа некоја фаза јас не знам. А дома сум со неа, не одам на работа. Нонстоп се прашувам дали некаде грешам...
Welcome to the club . Таман ви се месеците за фазава. Зашто имам дома лошотија ваква прашував по познаници викаат до 3 години не се трпат. Ќерка ми прави 2 за 1 ипол месец и е ѕвер прав што ништо не слуша.
Леле бе како до 3 години?? Уфф а на сите им посакував бебе како моето. Ова сеа наплаќа што беше бубаче, многу и ми љубомореа на некој начин, баш по книга беше све... Али ова е неиздржливо
Пишував и јас пред некое време. Вечерва мислев дека ми го пукна носот, очекував крв. Гледам во темата за психолог пишувале исто, пошто буквално на ист ум сум. Не си го препознавам детето, се плашам дека нешто испуштам, дека не ме сака, барам вина кај маж ми, кај себе, кај баба и, не знам. И што е најтрагично, не знам како да ја превоспитам. Е јас не сум дома, маж ми дома работи, а ја чува баба и, си викам да земам недела одмор да поседи со мене да видам што се дешава, ама маж ми вика ништо невообичаено не прават. Прееска и викам, 'мама ме сакаш ли', ми вика 'не' и цел ден денес исто ми вика, татко и баба и ги сакала, и ја напнувам до степен дур не ми рече 'да' и да почне да меша па да си речам не знае што збори. Си мислам и лута ми е. Се изнапишав, ама вечерва ќотек јадев од неа, не шамари, не глави, не касања, заби ми остава, уште крв ми нема пуштено, неми бевме и јас и маж ми, стаписани. За фрлање не ни зборам, кога нешто не сака или ако ја скараш или ако нешто не сака да ти даде, а и го бараш, обавезно го треска од земја или ќе ти акне од фаца. Скоро 19 месеци, ама почна порано.
Од 3 до кај 4 е полесно. Ама не и прелесно. Со тек на време ке разбираат повеќе ама уште се деца и ке имаат тантруми.
А бе мајка ми само кога ќе ме погледеше застанував у место, све од тантруми и психички трауми ми чистеше. Негде го прочитав следното: Ние сме многу послушна генерација. Последни што ги слушавме родителите и први што си ги слушаме децата. Повеќе да се согласам со ова не можам Само нека се живи и здрави, тек нив какви генерации ќе ги чекаат
Јас ништо не слушав убаво си памтам затоа не ме чуди ѕверов што е ваков . Иначе после 3 години сфаќаат концепт на страв голе доле и ваљда се потсмируваат ради тоа.
Мами ај совет како да го научам во баланс точаче? 19 мес има, мислам таман е? Нешто ми се уврте да му купам, да се позанимава
Мојава има ама не му се доближува. Мислам дека не и е јасно што да прави. Може да види друго дете како вози ќе упали
Мојата е 22,5 месеци, има точаче што де прилагодува, може да биде и трицикл и баланс бајк. Точакот го имаме скоро два месеци. На почеток го склопивме како баланс точаче ама не знаеше да го вози и паѓаше. Сега моментално наместено како трицикл и многу го вози. Туку кажете ми што да му правам на детево. Има рана на едното коленце и цело време паѓа и само се продлабочува раната, тече крв. Ми е страв веќе а и таа вело време ми се жали дека ја боли. Не знам само дали ми повторува од што знае да каже па си кажува или стварно ја боли.
Ако немаш кичма ич не пробувај . Да, советот од ортопедот беше да гледа некој како вози ќе научи, ама немам намера да манијачам деца по паркови со баланси за да научи мојава. Ние пред година ипол земавме, проба неколку пати ама не сме истрајни за да ја научам иако не го занемарува. Држам и напред и позади, па после само позади колку да не се затепа и ако осетам дека затерува не ја тргам раката од седиште ама не држам скроз. Мислам дека со вакво вежбање брзо би се опуштила да седи и да се турка со нозе сама, е за да се забрза и да ги крене нозете ми личи мала.
Да ви се пофалам, сум смислила мала финта за смирување. Кога он плаче или се труска од земја, почнувам и јас да "плачам", а он ме "смирува". Се нажалува, па почнува да ме гали, ме гушка, и почнав да му кажувам зошто плачам, како се смируваме, па ја го галам по обравчињата, он ме гали, и имаме договор дека штом се гушнеме веќе е поминат проблемот и дека нема повеќе дс се караме. Засега мислам дека сме на добар пат.
Виоплекс спреј, да затвори. Нормално дека боли ако не може да заздрави и се отвора постојано. Обично кај деца брзо затвораат и заздравуваат такви рани, ама ако постојано се дразни и раскрварува, тоа е малку потешко. Пробај со спрејот, ем дезинфекција, ем ја суши раната.
Отприлика за еден месец се здебели кило и пол. Нормално е тоа? Имаше 10 кила на 22 месеци и 11,4 кила на 23 месеци. Јаде премногу. Уште од 4 месеци беше мераклија за храна ама последниов месец дена некако премногу јаде. Ужива во храната со сите сетила и сите јадења знае да ги изговори па сам кажува што сака да јаде. Знае да каже супа, манџа, јогурт, кришки со јајца, јајца, леб, ориз, јаболко, банана, пченка итн… Да не помисли некој дека Пилешко во сос од кари знае да каже.
Уште малку прави 2 годинки. Ај хелп! Во последно време одиме на лулашки и по тед се што гледа, играчка, топка, тротинет си зема и вика мое мое. Не сака да ја/го врати. Зборувам дека прво треба да прашаме дали ќе ни дадат да земеме или прво детенцето да си поигра па после ние. Ама јок. Драми невидени.го враќа ама само она кога ќе сака. Пример има бисквита во рака, и давам на друго детенце од кесенце оди и ми го зима вика мое мое. И кога јаде вакви грицки т.е. кога ги лигави, не ги јаде, мора и двете раце да и се полни. Не знам кај грешам како да постапам. Си викам следно одење да земеме неколку нејзини играчки па да си менуваат, да видам како ќе реагира. Инаку баш е комуникативно, се опушта брзо, ама е како брцнато во трофазна и ден и ноќ
Нормално е на таа возраст за се да вика мое мое. Ќе потрае. Сеуште е мала да го сфати концептот на делење предмети, мислам дека после 3тата година го учат тоа. Моите и двајцата се во таа фаза и секогаш се фаќаат за иста играчка, предмет, храна и вриштење мое, мое.