Ќерка имаше коксаки во мај, денес пријавија едно детенце кај нејзе во група. Колкава е веројатноста пак да ја повтори? Прашав и во темата за вакцини ама ај и тука, планиравме да прими вакцина утре. Она нема никаков симптом, да ја вакцинирам или да почекам некое време?
Сестро, сва среча што не си била денес во градски парк. Само јас се дерев, буквално. Значи толку да ме мрази, да ја бркам низ цел парк не е можно. Му се закачи на едно дете, почна да си оди позади него. Тргнав по неа и мајка му вика " кај е мајка ти, ајде да ја најдеме ", не се ни подзамисли, дава рака на рандом жена. Ќе ја здробам жими се И кулминација, се исправи на трицикалот горе застана и ко кажа ќе вриштам ако не ме земеш. А У! Ајде неа во раце, буткај трицикал и гледам сожалувачки и осудувачки погледи наоколу Зоврев
Секое излегување со трициклот се повторува истото. Во количката ми е стопати помирен, ама не ја сака веќе. Можда мисли дека мајка му се дели на две па може да трча и по него и по точакот, зашо глупавото нема сопирачки како количката и може комотно да си појде по удолница. И во сред град има фонтана, шо значи мора да "се бања" во неа, како вода да не е видел. Сите баби ме караат и ме гледаат божем човек сум убила. Бог да чува. А па ако не отидеме на лулашките, или не дај боже, ако отидеме а не поседеме таму барем пола саат, да ги проба сите реквизити по ред, седни на едно, стани, седни на друго, едно сто пати во круг, готово, одма му е уништен денот. Јас сум најлошата мајка на цел свет кога треба да си идеме и обавезно по пат во една рака мкнам дете шо се корне од рикање, а во друга точак од сто пеесе кила...
Жими се да ве видам негде ќе земам да си поиграм со малата. Мојава не се дере, ама одлепува со рандом луѓе. Прееска му иде на едно детенце и му дава тревки, нели ѓубре, детево сигурно си помисли што и е на оваа и си отиде, а она по него ни две ни три, маж ми вика ко сталкер некој е по луѓево.
Можеш и дома да си ја носиш, тоа барем не е проблем Сталкери не им се рамни на децава Мм вика ќе си најде некое исто такво лабаво другарче некој ден и дома ќе ни го донесе Претпоставувам ќерка ти може да ни дојде
Почнувам да ја спремам детската, сакам за некој месец да ја префрлам сама во соба. Не знам што е попаметно, дали да ја оставам во креветчето бебшко или да и ставам детско креветче ама на земја. Бебешково креветче не го прерипала никогаш иако може, ама од страв не пробува, а ако има низок кревет сигуно ќе станува од него. 20-21 месец би имала тогаш.
И јас би, е стравот ми е ако не ја слушнам да не тргне „доручек“ да почне да спрема или да пие вода од шоља ма да лесна сум на сон.
Ако тој толку звук вади јас нема ни да заспијам Имаме божем камера со звук е исто, ваљда ќе брка работа, не сум ја оставала волку независна до сега .
Ќе стане и ќе дојде директно кај вас во спална, се кладам И јас го имав тој страв ама не направил беља досега. Само ако има врата или прозор во соба осигурај ги, ако треба заклучи ја вратата накај дневна, само кај вас да може да дојде додека се навикне.
Исто мислам, башка она и бељи кога прави ќе дојде пред нас да ја гледаме дека ќе прави глупост, а не па ние да спиеме она будна да остане. Од колку години спие само твоето?
Јас сакав да ја вратам во креветче пред некое време, госпоЖата ги успа сите играчки, излезе од креветче и си легна на кревет. Mission failed successfully
13 месеци сме, синоќа се будеше на секои 10 минути (буквално) плачејќи, вртејќи се цело време. Болна е малку, ама претходно била поболна па некако чудно ми да е тоа причината. Од страв дека ја боли нешто и дадов парацетамол, заспа на 2 саати поцврсто и пак продолжи така. Регресија може да е? Или ноќни терори некои? Сабајлево стана како ништо да не било…
може дена не е баш добра, настинка, нешто ако преживува од текот на денот. @LiquidLuna сесро златна леле ужасии вчера на лулашки, сакаше со ќеса смоки да се шета низ лулашки а тоа значи сите смоки на земја и ќе оди од дете на дете да се фали дека јаде,...и нормално и реков не може, кога почна да вреска, да се џитка на бетон со глава, се испружи, а јас ја гледам само и чекам да помине, па ги истури сите смоки на земја и за 30 секунди се смири сама и како ништо да не било. па почна да собира смоки од земја како кокошка Јас шо попрво да фатам, пропаднав во земја. Па зема пластелин ан едно детенце ај си поигра и викам да го вратиме, кога рече не мое е, и гоз емав и рикаше како магаре во точаче до дома. Леле луѓе каде ли грешам, сите други деца мирни си играат, си ручкаат, си делат играчки, ова хорор
Елате со @LiquidLuna кај нас на фонтана во Карпош 3, изгледа кај нас сите деца се немирни, па фино се уклопува мојава. Кое се испенарило горе на тобоган, кое скока по клупи, секогаш има 3 4 што се шлапаат во фонтаната. Од пропаѓање во земја, ми кидна во фонтана, јас трчанката по нејзе се лизнав се шлапнав на газ пред сите.
@brm_brm , јас одам тука за тебе не знам. Доста ми е кај што гледам сите мирни умни, на едно место седат и си играат. Ова ко у трофазна да бркнала.
Оди на педијатар да го види малото и ушињата да ги провери. Исто и на нас ни се случуваше, испадна воспалени ушињата, може и да не е ама за секој случај.