Мајки дај кажете чаре за дете што не јаде деновиве само на цреши јагоди и краставици е жив ништо не сака да стави во уста. 13 месеци има и не се разјаде и не пукнав од нерви веќе.
Давате ли витамин Д сега и колку? Јас и давам 8 капки пливит Д ама савајле видов дека и во Мултиомега сирупот има вит д и во Киндеримуно прашокот имало. Дали да го скратам пливитот?
Обично мала количина има Д во сируп/прашок пишува позади (100 или 200 единици се) и тие ги пребивам од вкупно колку треба да му дадам. Д витамин само на одмор не давам дополнитело, преку лето си давам цела доза. И онака со фактор го мачкам кога сме надвор, а на најјакото сонце секако е дома. Чат пат и ќе заборавам па таман ќе се порамниме со сонцето
Мене пресметкава не ми иде баш . Ако пие ова на сликиве со таа количина вит д, сирупот една кафена лажичка, а до сега сум давала 8 капки пливит, на колку треба да намалам? Аууу ова равенка со многу непознати ми искочи
Двете заедно од сликата се 366 единици. 8 капки пливит се 1600 единици. Што значи дека покрај витаминиве треба да даваш околу 6-7 капки од пливитот за да стигнеш до 1600 единици. Ваљда добро се прерачунав
@Tea SK и мене вака ми излегоа пресметките, 2 капки помалку. И преку лето ли ти рекоа да даваш толкава доза? Мене на последната контрола ми кажаа да намалам на пола т.е на 1000ие, а кога се на плажа или цел ден надвор да не давам.
Мене последно кога го носев на вакцина ми рекоа до септември да направиме пауза, после сите одндома да почнеме со д3
Па не сме биле на ортопед од зимоска. Заден муабет беше секако не ја изнесуваш на 40 степени на сонце, давај вит д исто.
Денес бевме на контрола за стапала. До сега давав 2 вигантол, тоа е 1000 ие плус молерс. Сега ни рече до средина на септември 1 капка вигантол плус молерс, потоа по старо.
Значи сега ако ја земеме препоракава на @brm_brm во пресметкава треба на пола да се намали до септември и да давам 4 капки....ваљда
Ние кога бевме на ортопед последен пат ми рекоа од 1 јуни до 30 септември да правиме пауза , а од 1 октомври да даваме и омега и вит Д
јас ја носам кај антоније. После проодување рече на секои 4-6 месеци на брз преглед-бесплатен е таму, за стапалата.