@Tea SK @Skyler @Annath Матичната кажа дека и е најверојатно така развиен черепот, и ја фаќаше главата 15 минути и кажа дека доколку се зголеми макар и минимално, ќе правиме снимка на глава. Овие 2-3 недели да посветиме повеќе внимание на тоа. Не би требало да е нешто страшно
Доколку имате дечиња игротека е најдобриот избор. Ние немаме дечиња ни роднински ни во друштвото а за да ги викам од градинка уште ми се мали а и не верувам дека ќе биде дента некој во Скопје,баш на празник и на шпиц одмори е роден мојов.
Рано и е на ѕверка моја, средина на август е. Јас дома планирам зашто немаме дечиња други ни во фамилија, ни во друштво. Сакав пак кафана како за први ама маж ме предомисли, да не лупаме пак 6-700 евра за ние провод да си правиме. Планираме еден викенд млади, еден стари, зашто во вторник и се паѓа, па така некако замисливме. Балони имам нарачано уште од пред 2 месеци уште да стигнат .
И нас ни е рано, дури во август. Ама планирам во еден ресторан шо е во комбинација со игротека. Само 3-4 дечиња (роднини), и ние околу 5-6 души.
Мами што давате за имунитет? 19 месеци е син ми и на секој месец ипол е болен, во градинка не оди а пак нон стоп е на антибиотик
Само вит Ц му давам. Кога почне да кашла давам Виранто. Избегнувам антибиотици, за среќа и матичната е многу против нив. До сега во повеќето случаи немало потреба од антибиотик, а другиот доктор на секоја кашлица му препишуваше.
Моето иде во градинка, и моментално помалку се разболува ова се му давам Ацидосалус пред градинка Вит Ц Дефендил Молерс и диво оригано после градинка Е сега дали е од оваа комбинација или има веќе имунитет.. ама фала богу не пиеме по 2-3 антибиотици на месец како што беше првите месеци.
Киндеримуно после колку време би требало да има ефект? На мисла сум дали да ја враќам во градинка 2 недели во август
Освен Синопен кажете со која друга маст да го мачкам , ептен го каснаа комарците па и мене исто... Го намачкав со течна пудра синоќа, а таа крема АфтерБит што ја препорача мајката погоре неможам никаде да ја најдам
Mom's ај давајте совет Малава веќе е неподнослива на моментот бањање на глава. Си се бања сеуште со корито, без проблем оди, влага и си игра со тракатанци ама чим осети дека и мокриш глава почнува драмата. На одмор ја бањавме во туш кабина си рековме ај може ќе се поднаучи на течење на вода низ тело ма неее бре. Вчера дури грбот кога и го натопив она се исправи и почна рикањето. И имам купено онакво за на глава да не и тече вода низ фаца ама не сака ни да пробаме да и го ставиме. Моево е нешто аздисано или кај повеќето е така??
Мојот се радува кога му ја мокрам главата и вика пак пак ( 19 месеци е) па почнуваат драми кога треба да излеземе од купатило
Мојата имаше таков период кога два пати шмркна вода и се исповади од памет, додека да заборави драми беше. Ама знам дека има и регулар фаза од кај 2 години чинам, можда ве фатило порано.
Аздисано е ко моево. Јас сум построга и кога јас и мијам глава ќути никому ништо, за мерак. Кога ја бања татко и драма. На одмор два пати дневно и миевме глава дали јас дали татко и не писна , си викаме супер научи, ама дома кога се вративме трагедија невидена ко на колење да е. Не се замарам веќе сакала пиштела сакала не исто и се фаќа мора да се измие главата.
Не знам баш дали е до аздисано или не. И моето прави драми исто. Дури и се тресе од плачење кога ќе види дека спремам вода у туш кабина. И дур го бањам си плаче и вика јадно аде готоно мама. И јас му купив тоа за на глава ама исто немавме шанса ниту еднаш да го искористиме. На одмор малку успеав да го опуштам ама сега пак е исто. Не знам до кога ќе трае ама искрено се надевам нема многу