Многу не мирно спие. Две недели трае ова. Жива не наспана сум… не знам како функционирам во текот на денот. Цело време се врти, а има период од нокта кога будна си леже и само фрла цуцлата и јас и ја давам некогаш тоа некогаш трае два саата во текот на ноќта.Значи цела ноќ речиси и да не спиеме. Уште малку ќе прави 2 години. Како бебе по убаво спиеше, а сега се почесто има периоди што не спие. Некој совет… спремна сум и некои сирупи, капки да давам стварно не функционирам. Инаку заспива во 21 а во 6 е веќе будна. И спие 2 часа преку ден.
Моето и полошо. А му спомнеш ајде да се бањаме, почнува драмата. Во корито нема шанси да седне, па во туш кабина го бањаме, а претходно заедно со татко му мантраме
Исто и моето а машко е, нема нешто посебно коса..додуше имаше до пред 3-4 дена па го ишишавме и сега побрзо оди капењето ама исто како кај тебе..со мене негодува ама е помирен, ако го капиме заедно со маж драми, пиштење и веќе му велам бегај сама ќе си го искапам и не му попуштам, не ќе оди некапен на 35 степени, целиот потен од цел ден што не застанува..за телото успевам да го залажам, го прскам со вода па се смее ама кога ќе дојдеме до косата драми..а во базен сака да се капи, во море и езеро до лани не сакаше, годинава не сме биле уште на плажа, ќе видиме..ако не на одмор базен ќе си носиме
И ние сме исти а имаме 3 г и 4 месеци.Во станот каде што живеевме вецето беше многу блиску до влезната врата и се се слушаше,па кога го бањав секогаш беше со објаснување "ама ајде мама мора да се бањаме,сите деца се бањаат" и викав што е можно погласно за комшииве да не помислат дека го малтретирам детево.
Здраво мајки. Синко ми е 1г и 7м, имаме проблем со повраќање за време на патување, али тоа е и на кратки релации од само 5км. Го земав Локомотив сирупот, али не ни помага. Му го давам половина саат пред поаѓање и повторно ми повраќа. Дали грешам некаде или? И ве молам за искуства? Дали да пробам со нешто друго?
Што им земате на одмор од играчки? 13 месеци сме, малку да се позанимава пошто цела плажа без песок ќе остане.
Освен кофичка за на плажа и ги носев и пластиките за кули правење пошто дома не ги игра веќе а таму во песок ги растури. А најмногу си играше со пластичните чаши од пиво и шишенца од водичка така да сметај дека тоа ќе и биде поинтересно увек
Лани апсолутен хит ни беа стикери. Одлепував и му лепев по ноџињата, а тој ги одлепуваше од себе и ги лепеше на хартија. Исто ситни животни ги закопувавме во песокта, а тој копаше и ги бараше. Кофички стандард, ги полнеше со песок и ги истураше на глава и ако носите базенче, садчиња за да си претура вода.
Прашање кое ме мачи. Цица два пати преку ден, навечер за заспивање и ноќта уште неколку пати. Вода пие сигурно повеќе од 100 мл. Но овие денови слабо мочка. Ама се поти многу. Ваљда така исфрла остаток течности. Инаку е супер, фит, активен, весел. Има ли други слаби форумо - мочковци?
За 1 мес, 2 години. Луѓе кога се исфрла денска дремка детево пред 10 ипол навечер шанса нема да заспие??!?! Во 8 беше кома, сега тепачки по спална до 10 ипол секоја вечер. А не дека спие многу преку ден саат, саат ипол. Сабајле 6 ипол, 7 макс ококорена.
Изгледа сега... Ист е. Веќе една недела или ќе се разбуди сред ноќ и ќе седе до сабајле, или ќе стане порано и ќе клапне уште во 10-11 сабајле... Ама заспивање пред 10 30 навечер нема шанси. Еве го оваа вечер дури сега заспа.
Се исто, само сабајле до 8 спие. Без дремка не може уште, а и 45 мин да дремне пак 22:30 најрано заспива. А лани ко што викаш едвај до 8 издржуваше и кома. Колку и да бил прошетан истрчан џабе. Како доаѓа 8-9 он си се развеселува си се заигрува како да почнал денот.
Не можам да темпирам, сама заспива. Преку недела жена ја чува и исто и е времето за дремка цело време
И кај мене истото се случува веќе 1-2 недели , никако не заспива порано ( на викенди ич не спие преку ден освен во градинка спие премногу , не го будат )