Не знам дали муабетов е баш за во темава, ама ќе си прашам за идеи. Кажете играчки/игри за 20 месечно тодлерче? Се изнашетав по продавници и играчкине скоро сите се 3+. Дајте конретен пример идеја, а да не е од оние дрвените табли со редење парчиња и слични сложувалки, зошто тие ги имаме најмногу, ги сака, ама и' здосадија иако редовно земаме нови.
Какви мерки се превземаат кај деца од 2 години, што одат навнатре со стапалото? Не многу, ама се приметува, посебно на левото стапало, детето од кога прооде на 14 месеци, не одеше така до 21 месец, нормално беше, ова се случува овие 3,4 месеци Има ли некоја мајка искуство?
И јас бев со иста мисла. Глобусов го гледав подолго време и минатата недела и земав. Освен надвор со вода ова дома го гази. Има звуци од животни, од паревозни средства ( опседната со нив последен период) има музика од сите континенти ама е на грчки. Она ги гледа животните и си ги зема книгите и си ги гледа паралелно. Препознава, интересно и е. И почна многу да со кадифени т.е имаме голем елмо и него го носи низ дома, го рани, го облака итн. И земав и голема каса ама ја чувам таа за понатака кога ќе залади. Летово и земавме и кујничка ама пластична ама и таа ја игра, таму му прави манџи на елмо * Глобусов е од Атлантик околу 1200
Со двете ли нозе одеше детето навнатре или со едната, благо или повеќе беше изразено? Дали му сметаше при одење, дали некогаш знаеше да се засптепне? На која возраст го приметивте, и за колку време го корегиравте? Или сеуште правите вежби? Дали носевте некој специјални обувки? И дали детето соработуваше за вежбите Извини за многуте прашања
Само со левата, благо изразено. Не му смета при одењето, сеуште не ни е корегирано пред еден месец бевме на ортопед. Инаку сме 19 месеци
Мајка и нас ни рекоа само ќе се корегира во тинејџерски години. Само да биде упорен да внимава како оди и да прави вежби од you tube. Ние сме веќе 11год и нерви искинав со тоа искрено. Ако немало подобрување а сметаат дека ќе има предложија да се направи панорамика во Славеј за да се види дали има потреба од влошки, за чевли беа децидни дека нема потреба. Не беше изразено порано како помал дур беше. Ама сега се и двете стапала навнатре. Не му пречи во било какви активности ама мене ми е ептен мака. Кај него има искривување во колкот горе од седење како жаба како помал (иако уста пена ми фати да седи турски или со исправени нозе)
Мајки како се дечињата со хранење периодов? Моето примаше ревакцина пред 1 недела и од тогаш намали со апетит, многу слабо јаде, посебно ручекот. И јајце ако има нејќе да јаде, незнам како да му давам другачие јајце, ич не го сака
Мојата ја јаде само белката ,пробај варено и само белка ,кога и да и правев мешано никогаш не јадеше.(дури сега на 2 ипол години почна да јаде омлет,а јас не се откажав да нудам).
Пред некое време пишав но не добив одговор. 1 месец не спие како што треба. Заспива во 9,30 и во 5-6 станува, и во текот на моќта се буди и седи будна сигурна два саата( оваа вечер беше будна 3 саати), преку ден спие два саата. Како да ја научам да презаспива, и она сака да презаспие ама не може. Дури се плашам некој проблем да не има. Што можам да превземам и јас не можам да функционирам со 3-4 саата спиење. Инаку уште малку ќе прави две години
мојата е така од 4иот месец, сега има полни 2.не може да сврзе сон, се буди и сама не може да презаспие, морам да ја земам, да ја прошетам во раце за да презаспие. Искрено не знам ни јас како функционирам веќе без сон. а инаку како заспива, или презаспива, ја нишкаш?
Мојава почна вака да прави во задно време. Се буди накај 2 и седи до 5. Ние се правиме дека спиеме и не и збориме. Она бара вода, чешкање, вода ќе и дадам, не ја чешкам. Некогаш плаче, ние пак се правиме дека спиеме. Не дека си наспан во тие 3 саати кога она седи, а ти се преправаш ама презаспива. Не сакам да и дадам опиција навечер играње или одење во дневна.
Заспива така што лежам до неа и она ќе си заспие за 15тина минути. И за ноќе кога стане само лежам до неа и се правам дека спијам, ама и треба многу време да презаспие. До 16 месеца немавме никаков проблем со спиењето ама од тогаш наваму ретко имам ноќ што ќе спиеме убаво
Кај мене вака прави пример еднаш неделно и некогаш е мирна бара само млеко пр и презаспива а некогаш знае и драматично да плаче (вришти поточно ) порано беше почесто кога беше 1 г и 4 месеци ее тогаш душата ни ја извади, гледам да не и удоволувам да гледа цртани… освен ако не ескалира ситуацијата па за доброто на сите во зградата да и пуштам.Ептен голем инат е…