Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Marija89_

    Marija89_ Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2021
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Не можам да ги набројам сите бељи што во еден еден ги прави, нервно попуштив мислам. Зборот "не" како да не постои, се упорно си прави
     
  2. brm_brm

    brm_brm Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    5.374
    Допаѓања:
    5.244
    Пол:
    Женски
    Мојата на годинка беше 7.500.
    Сега направи 2 годинки и уште не видов двоцифрена бројка на вага :D
     
    На Rtulka и shz им се допаѓа ова.
  3. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.957
    Допаѓања:
    12.984
    Пол:
    Женски
    Не прочитав колкава е, по однесувањето би рекла година ипол-две ама верувај повеќето се такви. Многу, многу напорен период ми е откако ќе почнат да се исправаат, па до 2 години. И јас попуштив со нервите тогаш, можам да кажам само дека ме спасуваа игрите со вода. Базенчето на тераса, оној садоперот не знам дали го имаш сретнато некаде единствено со него се заигруваше подолго, животни има гумени ги бањаше нив нонстоп и многу шетање надвор. До 12 сум го возела во количка, скоро дехидрирана и жива вода ама само што ќе се приближев до влезот пиштеше. И така некако помина, не знам ни јас како, после 2 години е доста полесно. Барем можеш да се разбереш, да преговараш. И многу зборење си бараат, ако мислиш дека разбираат верувај многу учат.
     
    На Rtulka, nevermet18, Tiny Love и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Marija89_

    Marija89_ Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2021
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    15 ипол месеци. Шетање не можеме пред 19h, навечер шетаме. Го имаме садоперот, интересен и беше кога го земавме, сега и здосадува брзо.

    Многу се каам кога ќе ја искарам за нешто, еве сега ми е премногу криво, она спие а јас седам и си плачам. Си викам дека треба да бидам потолерантна ама тоа е до следен пат кога ќе ми се обеси за нога 30 секунди откако сум станала да направам нешто. Тоа највеќе ме вади од такт. Ако ми се рацете мокри, со храна или било што почнува со кенкањето.
     
  5. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    4.858
    100 пати сум се прашала дали не и се доволно играчки, што да и купам, после ги гледам си викам милион има што уште и фали. Еве сама и да се заигра е пократко од 5 минути, а седнам ли со нејзе 5 саати ќе игра со нешто што не го ни погледнува, битно тука да си и.
    Нема да речам дека треба да си по толерантна, ама може треба да почнеш да премижуваш и да сфатиш дека е нормален тој нивни развој и дека нема да ти се вратат овие денови. Ако морам нешто да средам и она ми се закачила за нога обавезно и давам да прави што сака освен ако не е нешто опасно, за да можам да спремам ручек, да се избања и сл. Тенџериња, фиока со пластични капаци, тоалет да кине, со влажни да брише, нешто што вообичаено не го прави па да се подлаже тој период. И прифати го нередот, не верував дека некогаш ќе го кажам ова, ама уживај во нередот и шлаканиците, така и учат, само една ипол година се на светов, се им е ново и интересно. Ова со вриштењево ако не ти се допаѓа, игнорирај, мене ми успева неколку пати ако прави глупости и ја игнорирам 3-4 дена прекинува.
    Сите сме со турбуленции не се секирај. Само да научиш да ги менаџираш. И смири се, кога сум бесна, стресна, одма ме осеќа и сега периодов е што да кажам, ѓаволче, а е златно дете.
     
    На Rtulka, nevermet18, Speechless и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Mrs.Sofija

    Mrs.Sofija Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2020
    Пораки:
    456
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    Мајки кој период има поголем развој на говорот? Малава до 13 месеци имаше 9/10 зборчиња, од тогаш до сега (скоро 16 месеци) има кажано само едно или две нови зборчиња. Цело време си ги кажува зборчињата што ги знае, но ме става на мисла зошто нема ново зборче
     
  7. Inamya

    Inamya Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    4.284
    Пол:
    Женски
    Денес ни е 13 ден од мрп, едното близначе 8 и 9 ден качи тт 39,5 другото не, други реакции немаа. Да сметам и да се опуштам дека е поминато или уште да сум под стрес?
    Планирам утре да ги носам во градинка, мислење? 14 месеци сме, пишав во соодветна тема но не ми вратија.
     
  8. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    8.738
    Во Козле прават ли копрокултура?
     
  9. bubabuba

    bubabuba Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2021
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Јас немав кој да ми го чува и на 6та ден од ставена мрп го пуштив во градинка. Прашав баш и во советувалиште ми рекоа пушти слободно
     
    На Rtulka и Inamya им се допаѓа ова.
  10. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    2.618
    Мила веруј сите се бесни во тој период. Еве моето е машко и има 19месеци, хипер е, не застанува, прави бељи, вода ако види одма си прави вирчиња на тепих, од шишето со вода си ја пие и си пљука вода, се е лом, за играчки знае со 2,3 од 1000 да се заигра а надвор на сите деца им ги зима тротинетите и играчките мислиш сирот нема ништо за играње. Пренапорно е, по цел ден го пазиме пошо праи бељи, за.мене е закачен исто цел ден ако сум дома и кога треба да се прави ручек, пуштам цртан што го сака, и 1 саат сум раат. Пробај со цртани, Paw Patrol е ден од поинтересните, пушти да се снимаат кога ги има и ќе си имаш видеотека со цртани на Макс Тв. И јас викам по детето и после ми е криво, ама што да праиме кога не излудуваат со правење глупости. Мора само да издржиме и да си викаме, така треба, тоа е здраво дете што е активно и игра по цел ден, смири се мајка колку можеш кога ќе те фати лудилото, јас почнувам да викам и во мене си викам, за калва банална глупост му се дерам, и се смируваам
    хахаха
     
  11. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    2.618
    Мајки со какви патичиња,сандалчиња или топлинки ги носите машките деца во градинка? Што е најкомотно за нив за овој период?
     
  12. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    Сори морам да прашам, шо има врска машко женско дете во врска со обувките?
     
  13. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    2.618
    Па за девојчиња изборот е поголем секако, затоа потенцирав за машки
     
  14. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.931
    Пол:
    Женски
    Нека не те става во мисла.
    Првата ќерка до 2г кажуваше само мама, тато и ам. И тоа нив многу рано ги научи ама само на нив остана. По втората година точно секој ден нов збор.
    Втората, мама прв пат кажа на 16 месеци, ама потоа многу зборови научи за кратко време, посебно од 18м па до сега (19м има) еден куп зборови кажува, кратенки по нејзино секако, ама се знае кој збор за што е.
    Сакам да кажам секое дете различно во различен период се развива говорно, а конкретно најголем напредок во говорот најчесто по втората година се очекува. Ако го разбира значењето на зборовите, прашање на време е само кога ќе ги изговори.
     
    На Rtulka, DejziSk, Mrs.Sofija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Ане.

    Ане. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2021
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    1.549
    Како да го одвикнам малиот од ноќно пиење млеко? 20 месеци е, секоја ноќ се буди. Што и да вечера обавезно пред спиење бара млеко и плус ноќта се буди ептен ми е мачно веќе
     
  16. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.632
    Допаѓања:
    1.457
    @Tea SK Мами си објавила еднаш линк од патиките Nike runners ама неможам да најдам никаде, ќе можеш ли да ми препратиш ? Незнам каде има за да му земам на син ми
     
  17. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.168
    Допаѓања:
    10.589
    Пол:
    Женски
    Одамна беше тоа, првите патики кога и ги купивме пред година. Не знам каде да го најдам. Знам од Спорд Вижн Кидс ги земавме.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.632
    Допаѓања:
    1.457
    А добри ли се тие аир макс ?
     
  19. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.168
    Допаѓања:
    10.589
    Пол:
    Женски
    Не сме земале аир макс до сега
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WhiteAngell

    WhiteAngell Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Извини што упаѓам ама мислам овие дека ги бараш https://www.sportvision.mk/obuvki/8474160-nike-star-runner-3
    Јас ги имам за малиот, многу се лесни
     
    На sani99 и Matea94 им се допаѓа ова.