Ништо од вакцината почна носот да и течи ќе ја одложиме. Колку пати на ден може да и прскам синомарин спрејче во носето?
Не знам колкаво е детенцето, ама па и нема потреба да брзаш. Последно кога бев на вакцини, и кажав на докторката дека сега не сакам да ја прими мрп. Рече одложувај колку сакаш, твоја одлука, но ако се појават случаеви, носи го веднаш. Моето има 17 месеци и ќе ја прими здравје или есенва или на пролет.
Здраво мајки, Дали знаете колку време можат да стојат отворени овие капки, колку им е рокот по отварање ? Ги имам дома отворени не знам дали може да и дадам.
Да ми препорачате детски психолог и дали работат онлајн. Не сум од скопје, а и не сум во можност да одам скоро
Ве молам за препорака за лесни патичиња. 14 месеци е, бос дома супер си оди ама чевлиња не погодивме па сега сакам патичиња да му земам. И како да знам која бројка? Според цм на стапалото?
Здраво кралици. Дали можеби знаете цена на бејби лов формулата за дечиња над една година и грамажа на истото?
Прскај почекај да размекнат мрсулите некоја минута и влечи. Додека има секрет прскај слободно да се чисти носето да не се затнува дополнително. Влошката на сите патики најк/адидас се вади и можеш директно да му измериш на стапалцето. Треба 1 цм да има простор од крајот на прстите до крајот на влошката. Инаку различни се калапите иако ги пишува cm на самите бројчиња. Секако додади 1 цм плус ако мериш стапалце и се ориентираш според тоа за онлајн нарачка. Платнени адидас патичиња користиме. Лесни се на нога и лесно се виткаат. Тие критериуми за патики бирање ни ги даде ортопед. Дури и пред да ги носи рачно да ги превиткаш каде што се прекршува патиката за полесно да оди.
Мислам 3 месеци пишуваше. И јас ги имам. Но во аптека ми кажаа дека и повеќе може да се даваат. Исто и за молерсот. Некни земав за прв пат. 259 денари е 500 грама. Мојата е 2 годинки и ретко пие ама за на одмор и земав, некако ми е попрактично. Да знаев дека е таа цена ќе сум земала порано. Се изнадавав пари за аптамил и нан, напрај фрли беше работава, скоро 2 години
Мајки девојчето од вчера вечер плаче кога ќе и се мочка најверојатно и ми вели боли тука меѓу нозете се држи, утрово ја носам обавезно кај матичната одма еве цел ноќ памперсот е сув, а пие млеко цело време, се плашамна изглед ништо нема, можеби само малку зацрвенето кога ќе и ги отворам срамните усни но можеби и така си е , незнам .. сте имале некој слично искуство ...совет... 22 месеци е.
Мамички совет 18месеци сме веќе два дена не сме покакани си јадиме како и вообичаено си пиеме течности прво секој ден си се какаше потоа почнавме преку еден дали има простор за паника, меше не е потечено ...
Мајки како реагирате на коментари од жени што се провокација и расипување на расположение, мешање во животот....
Како се справувате со деца нејадачи? Мојава порано јадеше колку толку сега настина и денеска ништо не јадеше, ниту една каша не изеде. Све и дадов тоа што треба и што не треба крофна и дадов не бе не сака да помириса. Не знам што да правам со ова дете. Што и да и дадам како да се грози од храната. Јадач нула, почнав се да и давам ништо не и забранувам веќе само да јаде бар малку.
Мајки ќе ве молам за помош доколу некој имал сличен проблем. Повеќе време не сака да кака. И се кака, а не сака да турка, го стиска. И по цел ден се расправаме со тоа. Не може да си игра ни да јаде во тој период кога и се кака и плаче нон стоп. Како да и помогнам веќе психички попуштив цел ден со какањето се расправаме. Што да и зборувам… како да постапам. Речиси 2 години е
Кога кратат дневна дремка, мислам воопшто да нема дремка? Денес стана во 15 за 9 а вчера вечерта заспа во 22ч. Обично кај 13ч на пладне заспива ама денес цело време протест вика не "кака" нанка. И не заспа, цел ден беше активен и сега пред половина час едвај се заспавме. Можно е да исфрли дремка или само се погодил денот. Какво е вашето искуство?
Мојата е 2ипол и почна да протестира за дневно спиење,престана да спие преку ден, цел месец,но еве 2 дена повторно заспива, мислам некои дечиња и на 2 год престануваат да спијат, а добро е барем до 3 год да имаат дневна дремка.
Само што наполнивме 2. Се надевам дека само денот се погодил. Сега од септември треба да почне во градинка, не ни треба таков "луксуз"
Мојата на точно 2 години прекина да спие. Си легнува пред 8 станува кај 7 ипол сабајле. Во градинка ќе тргне од септември и кас се надевам дека ќе се врати на дремките.
Вчера порано заспа, пред 9ипол. Сега пред половина час се разбуди. Ќе видиме денес како ќе се однесува. Ма да вака овие два дена 12 саати има во ноќно спиење а предходно спиел 9,10 ноќно со 2,3 саати дневна дремка. Кога ќе видиш саатите се тие само некако многу рано ми се виде во однос на годините да не преспива ич.